Tour overview

Alexandros Palace Hotel & Suites е еден од најубавите хотели во областа Трипити, во близина на Света Гора, изграден на зелена падина што се спушта до златна песочна плажа и бистро сино море. Хотелот располага со вкупно 243 модерно опремени соби, распоредени во ниски згради по падината, а новото крило на два ката има 97 луксузни соби што спојуваат модерна архитектура со ретро детали. Гостите имаат на располагање уредена хотелска плажа на 200 метри, отворен и детски базен, аква-парк и сплеш-парк, СПА центар со внатрешен базен, теретана, тениско и кошаркарско игралиште, мини-клуб за деца од 4 до 12 години, дневна и вечерна анимација, главен ресторан Thalassa со шведска маса и а ла карт ресторан Kritamo. Идеален е за семејства со деца, парови и љубители на природата и добрата храна. Уранополис, портата кон Света Гора, е на 7 км, а аеродромот во Солун на 100 км.
Координати до „Alexandros Palace Hotel & Suites“.

ЦЕНИ И СЛОБОДНИ ТЕРМИНИ ЗА ЛЕТО 2027

За резервација или понуда според вашите датуми и бројот на лица, јавете ни се:
02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004
 НАПОМЕНИ:
  • Типови сместување: Single Room Garden View, Standard Room (Garden/Pool View), Superior Room Garden View, Superior Pool View Room, Standard Family Room (Garden/Sea View), Superior Family Room, Junior Suite Sea View, One Bedroom Family Suite Sea View;
  • Хотелот располага и со соби за 4 возрасни лица (на барање);
  • Попустите за деца и автобускиот превоз ги добивате на телефон;
  • Туристичката такса се плаќа на рецепција.

Важат Општите услови за патување на ТА Балкан експрес травел и СКТМ.

ID063

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:
FacebookInstagram

ФОТОГРАФИИ