219€
  • Божиќен Базар
  • Опис
  • Програма
  • Фотографии

Tour overview

04.12 – 08.12.26

Виена – Зимата носи магични градски плоштади во Виена со светкави божиќни пазари. Греано вино (glühwein), печени закуски, уметничко лизгање и топла атмосфера се вистинска инспирација за подароци. Главна атракција е „Vienna Christmas World“, со над 100 штандови на плоштадот пред Градското собрание, каде се продаваат подароци, украси, занаетчиски производи и зимски пијалоци.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

Поаѓање од Битола во 12:00 часот. Дневно и ноќно патување преку Србија и Унгарија, со паузи за одмор и гранични процедури.

ВТОР ДЕН: 05.12.2026 (САБОТА) ВИЕНА

Пристигнување во Виена во утринските часови. Панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Операта, Парламентот, Ратхаус, катедралата „Свети Стефан“, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Музејот на модерна уметност и Хофбург. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 06.12.2026 (НЕДЕЛА) ВИЕНА – ШЕНБРУН

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Факултативна посета на дворецот Шенбрун (превоз, влез и водич – 60 €), летна резиденција на Хабсбурговци од 1700-тите години, која ја посетуваат над 5 милиони туристи годишно. Враќање во хотел. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН: 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) БРАТИСЛАВА – МАКЕДОНИЈА

Појадок во хотел и одјавување. Факултативна посета на Братислава и Designer Outlet Parndorf (комбинирано, превоз, водич и outlet – 50 €). Разглед на Братислава: средновековниот плоштад, Роландовата фонтана, Градското собрание, Михалската порта, катедралата „Свети Мартин“, театарот и Паулиевата палата. Слободно време за шопинг. Во попладневните часови поаѓање кон Македонија преку Унгарија и Србија.

ПЕТТИ ДЕН: 08.12.2026 (ВТОРНИК) ПРИСТИГНУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Македонија во пладневните часови (во зависност од граничните и сообраќајните услови).

ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 219 евра за резервации до 07.11.2026

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 249 евра

  • Превоз со високотуристички автобус (Битола, Прилеп, Росоман, Велес, Скопје, Куманово);
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Виена или околината;
  • Лиценциран придружник за време на патувањето;
  • Разглед на Виена со локален водич – 20 € (задолжително);
  • Факултативна посета на дворецот Шенбрун (превоз + влез + водич) – 60 €;
  • Факултативен излет Братислава и outlet (превоз, водич, outlet) – 50 €;
  • Доплата за еднокреветна соба – 60 €;
  • Резервирано седиште во автобусот – 10 € по лице (освен првиот ред);
  • Туристичка такса – 5 € (за целиот престој);
  • Патничко осигурување (информации во агенција);
НАПОМЕНИ:

Разгледот на Виена со локален водич (20 €) е задолжителен.

  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници;
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред тргнување;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За ова патување мора да имате пасош кој важи минимум 3 месеци;
  • Со потпишување на договорот патникот го прифаќа местото во автобусот што му го доделува агенцијата, при што се води сметка за постари лица, семејства со мали деца, бремени жени и датумот на уплата;
  • Агенцијата го задржува правото на промена на термините, на корекција на цената и на спојување со друга агенција, како и при виша сила;
  • Патниците сносат одговорност за личните и патните документи;
  • За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес

ID077

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ