319€
  • 11-ти Октомври
  • Опис

Tour overview

09.10 – 12.10.26

ПРВ ДЕН: 09.10.2026 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопјe во 09:55 часот. Полетување за Будимпешта во 11:55 часот. Слетување во Будимпешта во 13:20 часот. Следува организиран разглед на градот со локален водич – Црквата Св.Стефан, улиците Андраши, Ракоци, Ваци…Сместување во хотел.Слободно време. Ноќевање.

ВТОР ДЕН: 10.10.2026 (САБОТА) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА / КРСТАРЕЊЕ

Појадок. По појадокот слободно време  или предлог за полудневна прошетка до живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од агенцијата…Слободно време за индивидуални прошетки и кафе . Во договорено време враќање назад во Будимпешта. Во вечерните часови можност за едночасовно крстарење.Враќање назад во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 11.10.2026 (НЕДЕЛА) БУДИМПЕШТА – ВИЕНА

Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални прошетки низ Будимпешта или можност за целодневна посета на Виена (со доплата). Прошетка низ Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург…. Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Виена. Во договорено време враќање кон  Будимпешта. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН: 12.10.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите и во договорено време следи трансфер кон аеродромот.Полетување за Скопје во 13.55 часот. Слетување во Скопје во 15.20 часот.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 319 евра за првите 8 места
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 369 евра
  • Директен лет на релација Скопје – Будимпешта – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Мала кабинска торба до 8 килограми со димензии 40 x 30 x 25 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел – 3 ноќевања со појадок;
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Пешачки разглед со локален водич;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;
  • Посета на Сент Андреа – 35 €;
  • Посета на Виена – 45 €;
  • Крстарење со брод по Дунав – 25 €;
  • Туристичка такса 12 € по лице, за цел престој (се плаќа во агенција)
  • Влезници за музеите и културно – историските споменици;
  • Задолжително патничко – здравствено осигурување;
  • Доплата за еднокреветна соба – 96€;

ЗАДОЛЖИТЕЛНА  ЕДНА ДОПОЛНИТЕЛНА ЕКСКУРЗИЈА!

ВАЖНА НАПОМЕНА : ПОРАДИ ПОТРЕБА ЗА НАВРЕМЕНО РЕЗЕРВИРАЊЕ НА ТРАНСФЕРИ И ВЛЕЗНИЦИ ЗА НАВЕДЕНИТЕ ЕКСКУРЗИИ, КЛИЕНТИТЕ МОРА ДА СЕ ИЗЈАСНАТ ЗА ИСТИТЕ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАТУВАЊЕТО. РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ИСТИТЕ ЗАВИСИ ОД БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ (МИНИМУМ 16) И ДОСТАПНОСТ НА ВЛЕЗНИЦИ ВО МОМЕНТОТ НА РЕЗРВАЦИЈА. НЕ ГАРАНТИРАМЕ РЕАЛИЗАЦИЈА ДОКОЛКУ КЛИЕНТОТ СЕ ОДЛУЧИ ЗА ПОСЕТА НА ЛИЦЕ МЕСТО.
РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОГРАМАТА НЕ ЗАВИСИ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ ЕКСКУРЗИИ!

НАПОМЕНИ:

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. Балкан Експрес;
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес

ID001

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ: