Состанок на групата во 22:00 часот. Поаѓање за Црна Гора во 22:30 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
| ВТОР ДЕН: 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) БУДВА |
Пристигнување во Будва во утринските часови и разглед на градот. Сместување. Слободно време за индивидуални активности. Дочек на Новата година на плоштадот пред Стариот град. Ноќевање.
| ТРЕТ ДЕН: 01.01.2027 (ПЕТОК) БУДВА – ДУБРОВНИК (ФАКУЛТАТИВНО) |
Можност за факултативна посета на Дубровник (45 €), еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи го чува автентичниот изглед од XV и XVI век. Од градските ѕидини се отвора поглед кон островот Локрум и Јадранското море. Слободно време за прошетка низ Дубровник. Враќање во Будва и вечерна прошетка до центарот на градот. Ноќевање.
| ПОСЛЕДЕН ДЕН: 02.01.2027 (САБОТА) БУДВА – ТИВАТ – КОТОР – МАКЕДОНИЈА |
Напуштање на собите. Заминување на факултативна екскурзија (40 €). Првото место е Тиват, најмладиот град во заливот Бока, со шеталиште со палми и јахти. Слободно време за индивидуален разглед. Следува Котор, каде градот се разгледува со локален водич: лавиринт од средновековни цркви, катедрали и венецијански палати, на листата на УНЕСКО. Во Котор може да се видат поморскиот музеј, катедралата Св. Трифун, црквата Св. Лука, Столбот на срамот и црквата Св. Никола. По разгледот слободно време за ручек. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Патниците што нема да одат на излетот имаат слободно време, а на договорено место и време се собираат од Будва и тргнуваат кон Македонија. Пристигнување во Скопје по полноќ, на 03.01.2027 (недела).
| ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 109 евра
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 евра |
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Превоз со автобус на дадената релација;
- 2 ноќевања во приватни вили;
- Организирана прошетка во Будва;
- Придружник на групата за времетраење на аранжманот;
- Организација на патувањето;
| Во цената на аранжманот не е вклучено: |
- Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување;
- Туристичка такса – 5 € (се плаќа во автобус);
- Факултативна посета на Котор и Тиват – 40 €;
- Факултативна посета на Дубровник – 45 €;
- Индивидуални трошоци;
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници;
- Превозот ќе биде со автобус или комбе, во зависност од бројот на патници;
- Резервацијата се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, а комплетната доплата најдоцна 7 дена пред поаѓање;
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместувањето нема поврат на средства;
- Реализацијата на излетите зависи од временските услови; организаторот го задржува правото да ги откаже излетите или да го промени редоследот;
- Организаторот го задржува правото на промена на хотелот или апартманот поради технички причини или пребукирање, во објект од иста или повисока категорија, без надомест;
- Цените на аранжманот се дадени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- Патните документи треба да важат најмалку 3 месеци по завршувањето на патувањето;
- За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес
ID045
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |