Tour overview
Xenios Anastasia Resort & SPA се наоѓа на самиот брег на Егејското море, на 3 км од рибарското село Неа Скиони и подалеку од другите хотели, со директен излез на плажата. Хотелот располага со 115 пространи и удобни соби и апартмани во повеќе категории, со поглед кон бескрајното сино море или кон зелените ридови обраснати со борови шуми. Ресторанот со шведска маса има тераса со поглед кон морето, а на располагање се и а ла карт ресторан, барови и бар покрај базенот. Гостите можат да уживаат на уредената плажа, во отворениот, внатрешниот и детскиот базен, СПА центарот (само за возрасни), теретаната, на тенискиот и кошаркарскиот терен, одбојката на песок и водените спортови. За децата има мини-клуб за возраст од 4 до 12 години, детско игралиште и анимација, а за целото семејство дневна и вечерна анимација. До Неа Скиони вози бесплатен хотелски шатл. Аеродромот во Солун е на околу 100 км.
Координати до „Xenios Anastasia Resort & SPA“.
| ЦЕНИ И СЛОБОДНИ ТЕРМИНИ ЗА ЛЕТО 2027 |
- Типови сместување: Standard Room (Limited/Mount/Sea View), Superior Room (Mount/Sea View), Junior Suite Sea View, Deluxe Suite Sea View;
- Хотелот располага и со соби за 4 возрасни лица (на барање);
- Попустите за деца и автобускиот превоз ги добивате на телефон;
- Туристичката такса се плаќа на рецепција.
Важат Општите услови за патување на ТА Балкан експрес травел и СКТМ.
ID063
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |