Tour overview

Торони е гратче во Ситонија, Халкидики, кое е прекрасно за мирен и опуштен одмор. Неговата закривена плажа со густ жолт песок долга 2,5 километри се смета за една од најдобрите во Ситонија, и го прави едно од најпопуларните летни одморалишта на Ситонија.

Торони е место со фантастични зајдисонца, па ќе можете да уживате на плажа додека не зајде сонцето.

Координати на вилата „Akantus“.

Вила Акантус – Торони

Вилата Acanthus е модерен и пријатен објект сместен во мирниот дел на Торони, на само 150 метри од прекрасната песочна плажа. Со уреден двор, бесплатен паркинг и домашна атмосфера, оваа вила е одличен избор за семејства и парови кои бараат комфор, чистота и близина до морето.

Вилата се наоѓа на околу 150 метри од плажата во Торони, на 1 км од центарот на местото и околу 130 км од аеродромот во Солун. Во непосредна близина има таверни, пекари, маркети и кафулиња. Познатите плажи Tristinika, Akti Aretes и Destenika се на само неколку минути возење.

Координати: 39.985536, 23.905078

Сместување и содржини

Објектот располага со двокреветни, трокреветни студија и четирикреветни апартмани, сите комплетно опремени и уредени со вкус. Секое сместување вклучува:

  •  клима-уред (вклучен во цената)
  •  телевизор со рамен екран
  •  бесплатен Wi-Fi интернет
  •  сеф
  • приватен тоалет со туш
  •  комплетно опремена кујна со фрижидер, решо и прибор
  •  балкон со поглед кон планина или двор

Двор и удобности

Во рамките на вилата гостите имаат на располагање градина, скара (BBQ), како и заеднички салон за одмор. На располагање е и бесплатен приватен паркинг во состав на објектот.

Услуга и хигиена

Сместувањето е чисто и редовно одржувано, со менување на постелнина и пешкири. Гостите во рецензии ја истакнуваат мирната атмосфера, љубезниот персонал и практичноста на сместувањето.

Предности

  •  Одлична локација – само 150 м од плажа
  •  Пространи студија и апартмани со кујна
  •  Бесплатна клима и Wi-Fi интернет
  •  Сопствен паркинг и двор со скара
  •  Мирна и пријатна атмосфера- Идеално за семеен и паровски одмор

– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

– Цените се дадени за наем на студио без превоз за 7 ноќи/8 дена

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

* Сместување во Студио за 7 ноќи

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

* Превоз до избраниот објект во Грција.

* Задолжително патничко осигурување.

* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….

Датуми 1/2 Студио (наем) 1/2+1 Студио (наем) 1/4 Апартман (наем)
17.05.2026 – 24.05.2026 180 199 269
24.05.2026 – 31.05.2026 225 249 299
31.05.2026 – 07.06.2026 306 339 361
07.06.2026 – 14.06.2026 369 409 543
14.06.2026 – 21.06.2026 483 535 670
21.06.2026 – 28.06.2026 492 545 724
28.06.2026 – 05.07.2026 492 545 724
05.07.2026 – 12.07.2026 540 599 797
12.07.2026 – 19.07.2026 549 609 835
19.07.2026 – 26.07.2026 595 659 869
26.07.2026 – 02.08.2026 595 659 869
02.08.2026 – 09.08.2026 631 699 906
09.08.2026 – 16.08.2026 631 699 906
16.08.2026 – 23.08.2026 595 659 869
23.08.2026 – 30.08.2026 540 599 833
30.08.2026 – 06.09.2026 369 409 579
06.09.2026 – 13.09.2026 306 339 488
13.09.2026 – 20.09.2026 225 249 470
20.09.2026 – 27.09.2026 185 209 249

 

ВАЖНО

НАПОМЕНИ:

– Доплата за туристичка такса 14 € по соба  (доплата во објектот)

– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни

– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);

– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;

– Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.

– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.

– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.

– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

– Превоз од  Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;

– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување и Правните Напомени на Балкан Експрес Травел.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;

– Доплата за превоз:

– Метаморфози, Ормос Панагиас: возрасен 45 евра, дете до 12 години 35 евра

– Неос Мармарас: возрасен 50 евра, дете до 12 години 40 евра

– Торони, Сикија: возрасен 55 евра, дете до 12 години 45 евра

*Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште)

ID025
ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ