419€
  • Божиќен Базар
  • Опис

Tour overview

04.12 – 07.12.2026

ПРАГА – сместена во срцето на Европа, плени со својата архитектура и традиција. Главниот град на Чешка, познат како „златниот град“ и „градот на стотици кули“, е значајна раскрсница на уметноста и науката. Прага лежи на брегот на реката Влтава, која градот го дели на четири историски дела: Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Бедржих Сметана, Антонин Дворжак, Франц Кафка и многу други.

За сето ова да го доловите и доживеете на магичен начин, Ве носиме во Прага на Божиќен базар.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

Средба на патниците на скопскиот аеродром во договореното време, два часа пред полетувањето на авионот. Полетување кон Прага во 18:40 часот. По пристигнувањето на аеродромот во Прага, по завршувањето на царинските формалности, следува трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

ВТОР ДЕН: 05.12.2026 (САБОТА) ПРАГА

Појадок. По појадокот, заминување со јавен превоз и пеш за обиколка на чешката престолнина. Разглед на Храдчани со најголемиот средновековен замок во светот – Прашкиот замок, Белведере, Претседателската палата, Катедралата Свети Вит, Базиликата Свети Ѓорѓи, Новата кралска палата и Розенберговата палата, со можност за самостојна посета на Златната уличка. Преминување на Карловиот мост – една од најголемите знаменитости на Прага и идеално место за фотографирање.

Прошетка низ центарот на градот до Староместскиот плоштад – најпознатиот и најубавиот плоштад во Прага, опкружен со историски градби, меѓу кои познатиот Астрономски часовник, кој повеќе од 600 години претставува едно од најголемите богатства на Прага, и црквата Тин, една од најимпресивните готски цркви во светот, која доминира во околината со своите две кули високи 80 метри.

Слободно време за одмор и ручек во центарот на Прага. Во попладневните часови препорачуваме крстарење по Влтава со разглед од бродот. Додека бродот плови во близина на Еврејската четврт, можност за прошетка покрај Старата Нова синагога – една од најстарите готски градби во Прага, како и Еврејските гробишта – едно од најважните историски места во градот, исполнето со бројни легенди. Заминување кон хотелот и слободно време за релаксација.

Во вечерните часови препорачуваме вечера во еден од типичните прашки пабови и уживање во специјалитетите на чешката кујна. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 06.12.2026 (НЕДЕЛА) КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. По појадокот заминуваме за Карлови Вари, бањски центар и познато туристичко место, колоритно гратче исполнето со историја и легенди. Посета на трите колонади. Термалниот извор, односно гејзерот Вржидло, е природен феномен кој исфрла термална вода до 12 метри височина и 2.000 литри во минута.

Овој извор денес се користи за термални бањи и се наоѓа во внатрешноста на Колонадата на топлите извори, која првично била изградена во 1975 година, а подоцна била претворена во модерна зграда од стакло и бетон.

Посета на православната црква „Свети Петар и Павле“, величествена градба изградена во византиски црковен стил. Нејзината надворешност е импресивна поради петте позлатени куполи, додека внатрешноста е богато украсена со декоративни фигури и ѕидни слики. Особено внимание привлекува дрвениот иконостас со слики во масло на светци, изработен за Светската изложба во Париз во 1900 година.

Слободно време за ручек. Во договорено време со водичот се упатуваме кон Прага. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН: 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) ПРАГА – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот, прошетка низ Прага. Можност да го пробате слаткиот специјалитет trdelník – вкусно печиво наполнето со крем или сладолед, или да се напиете од познатото чешко пиво. Слободно време до преземањето на трансферот од хотелот до аеродромот.

Полетување кон Скопје во 21:200 часот.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 419 ЕВРА

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 469 ЕВРА

  • 3 ноќевања со појадок;
  • Авионски билет на релација Скопје – Прага – Скопје;
  • Рачен багаж – 1 торба до 10 кг, со димензии 40 x 30 x 20 см;
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром;
  • Лиценциран туристички придружник за време на патувањето;
  • Патничко осигурување;
  • Туристичка такса – 5 € по соба за ноќ, се плаќа на рецепција;
  • Разглед на Прага и посета на Карлови Вари – 50 € за пакет-екскурзија, со плаќање на лице место – задолжителна факултатива;
НАПОМЕНИ:
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 пријавени патници;
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош. Целосната доплата се врши 15 дена пред поаѓањето;
  • Цените се дадени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари;
  • Патните документи треба да имаат важност од минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето;
  • Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓањето;
  • Во случај на отказ од страна на еден од патниците, за сместувањето нема поврат на средства;
  • Организаторот го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Патниците кои го уплатиле аранжманот по претходно објавена цена немаат право на надомест на евентуалната разлика во цената;
  • Организаторот го задржува правото да изврши промена на хотелот или апартманот во случај на технички причини или overbooking. Патникот ќе биде сместен, согласно можностите во дадениот момент, во објект од иста или повисока категорија без дополнителен надомест;
  • Реализацијата на излетите зависи од временските услови. Во случај на неповолни временски услови, организаторот го задржува правото да ги откаже излетите, при што за истите следува рефундација;
  • Доплатата за еднокреветна соба изнесува 120 € дополнително од цената на аранжманот;
  • Деца до 11,99 години, доколку се придружувани од 2 возрасни лица, плаќаат 40 € помалку од промотивната цена;
  • За оваа програма важат Општите услови за патување на СКТМ.

ID019

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НÈ: