Tour overview
31.12.2026 – 02.01.2027
Дочек на Новата 2027 година во Кавала – градот распослан покрај морето, познат по својата прекрасна архитектура, живописните улички, старото градско јадро и прекрасниот поглед кон Егејското Море. За време на божиќните и новогодишните празници, Кавала добива посебна празнична атмосфера. Еден од традиционалните симболи на Грција во овој период е малиот дрвен брод украсен со светилки, кој го симболизира поморскиот идентитет на земјата. Традицијата на украсување на бродот сè уште се одржува и во Кавала, каде секоја година е поставен на централното пристаниште. Доживејте ја новогодишната атмосфера на Кавала, уживајте во празничниот амбиент и започнете ја 2027 година со прекрасни спомени.
| ПРВ ДЕН: 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ – КАВАЛА |
Заминување на групата од Скопје во 02:00 часот, а од Кавадарци во 04:00 часот, пред туристичките агенции. Патувањето продолжува кон Грција со туристички автобус и попатни застанувања за одмор. Околу пладне пристигнување во Кавала, еден од најубавите грчки градови, кој се протега амфитеатрално покрај морето. Следува организиран разглед на градот со локален туристички водич. По разгледот сместување во хотел „Oceanis“ 3★, лоциран во центарот на Кавала. Слободно време за одмор од патувањето, индивидуални активности и прошетки низ градот кој живее во празнична атмосфера. Во вечерните часови организирано заминување во ресторан во Кавала, каде ќе ја дочекаме Новата 2027 година во весела атмосфера со вечера и музика во живо. По полноќ враќање во хотелот. Ноќевање.
| ВТОР ДЕН: 01.01.2027 (ПЕТОК) КАВАЛА – СЛОБОДЕН ДЕН |
Појадок во хотел. Слободен ден за уживање во Кавала и празничната атмосфера покрај море. Плоштадите и улиците се украсени со илјадници светилки, а на различни локации се организираат музички претстави и концерти. Можност за индивидуални прошетки низ градот, уживање во прекрасните слаткарници и традиционалните грчки божиќни слатки „kourabiedes“ и „melomakarono“. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
| ТРЕТ ДЕН: 02.01.2027 (САБОТА) КАВАЛА – СОЛУН – СКОПЈЕ |
Појадок во хотел. Во договореното време одјавување од хотелот и заминување на групата кон Солун. Слободно време за индивидуални прошетки долж пристаништето и во центарот на градот. Во договореното време заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
| ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 евра
12.960 денари – плаќање во денарска противвредност |
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Превоз со туристички автобус на наведената релација;
- Две ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 3★ во Кавала;
- Организиран дочек на Новата 2027 година во ресторан во Кавала со вечера и музика во живо;
- Организиран разглед на Кавала со локален туристички водич;
- Посета на Солун;
- Организација на патувањето и туристички придружник.
| Во цената на аранжманот не е вклучено: |
- Доплата за еднокреветна соба – 50 евра за двете ноќевања;
- Пијалоци за време на новогодишната вечера во ресторанот;
- Туристичка такса во Кавала – 2,50 евра по лице на ноќ;
- Патничко осигурување.
- За потврда на резервацијата е потребна задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот;
- Целосната доплата на аранжманот се врши најдоцна до 30.11.2026 година;
- Секоја резервација без извршена уплата е валидна 48 часа;
- Не може да се гарантира спратноста и погледот од собите, бидејќи распоредот и сместувањето се во надлежност на хотелот;
- Еднокреветните соби немаат балкон;
- За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 пријавени патници;
- За оваа програма важат Општите услови за патување на СКТМ.
ID047
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |