399€
  • НОВА ГОДИНА 2027
  • Опис

Tour overview

30.12.2026 – 03.01.2027

Дочек на Новата 2027 година во Херцег Нови – Херцег Нови е еден од најубавите градови на црногорското приморје, познат по својата медитеранска атмосфера, тесните улички, камените скали, старите тврдини и прекрасниот поглед кон Бока Которска. Градот е познат и како град на сонцето и цвеќето, а неговата посебна атмосфера го прави идеална дестинација за празнично патување. Во рамките на аранжманот е предвидена богата новогодишна музичка програма со настапи на познати регионални музички имиња – Саша Матиќ, Џенан Лончаревиќ, Наташа Беквалац, Ади Шоше и оркестарот на Александар Софронијевиќ. Во програмата е вклучена и посета на Дубровник, еден од најпознатите градови на Јадранското Море. Започнете ја 2027 година со незаборавна атмосфера во Херцег Нови!

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

Заминување на групата од Кавадарци во 21:30 часот, а од Скопје во 23:15 часот, пред туристичките агенции. Патувањето продолжува кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија, со попатни паузи за одмор.

ВТОР ДЕН: 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) ХЕРЦЕГ НОВИ – ДОЧЕК НА НОВАТА 2027 ГОДИНА

Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Следува организиран разглед со локален туристички водич. Херцег Нови е познат како град на сонцето и град на цвеќето, со тесни улички, калдрмисани шеталишта, бројни скали и тврдини од кои се протега прекрасен поглед кон Бока Которска. По разгледот продолжуваме кон Игало, кое претставува една целина со Херцег Нови. Сместување во хотелот „Palmon Bay Hotel & Spa“ 4★. Слободно време за одмор и уживање во содржините на хотелот, кој располага со внатрешен базен и Wellness & Spa центар. Во вечерните часови следува организиран дочек на Новата 2027 година на плоштадот во Игало со богата музичка програма и настап на Саша Матиќ и Џенан Лончаревиќ. Свечен дочек на Новата година се организира и во ресторанот на хотелот, факултативно и со претходна резервација. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 01.01.2027 (ПЕТОК) ХЕРЦЕГ НОВИ – ДУБРОВНИК

Појадок во хотел. Организирано заминување кон Дубровник, еден од најатрактивните и најпознатите градови на Средоземјето, кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Стариот град е опкружен со познатите дубровнички ѕидини и поделен со главната улица Страдун. Следува разглед на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време враќање кон Херцег Нови. Во вечерните часови следува музичка програма со настап на Наташа Беквалац и Ади Шоше. Во ресторанот на хотелот се организира и новогодишна забава со вечера, факултативно и со претходна резервација. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН: 02.01.2027 (САБОТА) ХЕРЦЕГ НОВИ – СЛОБОДЕН ДЕН

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Во текот на денот на повеќе локации на отворено ќе бидат организирани дневни музички забави со настапи на популарни музичари. Можност за уживање во внатрешниот базен и Spa центарот на хотелот. Во вечерните часови гостите во Херцег Нови ќе ги забавува оркестарот на Александар Софронијевиќ. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН: 03.01.2027 (НЕДЕЛА) ХЕРЦЕГ НОВИ – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Во договорено време одјавување од хотелот и заминување кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 евра

24.740 денари – плаќање во денарска противвредност

  • Превоз со туристички автобус;
  • Три ноќевања со појадок во хотелот „Palmon Bay Hotel & Spa“ 4★ во Игало;
  • Користење на Spa центарот во хотелот;
  • Организиран разглед на Херцег Нови со локален туристички водич;
  • Организиран излет до Дубровник и разглед со локален туристички водич;
  • Организација на патувањето и туристички придружник.
  • Доплата за еднокреветна соба – 255 евра за трите ноќевања;
  • Туристичка такса – 1,50 евра по лице на ноќ (се плаќа во агенцијата);
  • Доплата за свечена новогодишна вечера со музика во хотелот – 75 евра по лице – не е задолжителна;
  • Доплата за свечена вечера со музика во хотелот на 01.01.2027 – 65 евра по лице – не е задолжителна;
  • Доплата за соба со балкон – 5 евра по лице на ноќ;
  • Патничко осигурување.
НАПОМЕНИ:
  • За потврда на резервацијата е потребна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосната доплата на аранжманот се врши најдоцна до 25.11.2026 година;
  • Секоја резервација без извршена уплата е валидна 48 часа;
  • Распоредот на собите и погледот од собите не можат однапред да се гарантираат, бидејќи распределбата на собите е во надлежност на хотелот;
  • За сместување во соба со балкон се доплаќаат 5 евра по лице од ноќ;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 пријавени патници;
  • Организаторот го задржува правото да го промени редоследот на реализација на програмата согласно објективните околности;
  • Во случај на непредвидени околности, организаторот го задржува правото да изврши соодветни промени во програмата;
  • За оваа програма важат Општите услови за патување на СКТМ.

ID047

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ: