Tour overview
31.12.2026 – 03.01.2027
Новогодишна Богутовачка Бања – Поминете ја Новата година во прекрасната природна околина на Богутовачка Бања, сместена на падините на планината Троглав, на неполни 25 километри од Краљево. Позната по својата лековита минерална вода, чистиот планински воздух и долгогодишната бањска традиција, Богутовачка Бања е идеално место за празничен одмор, релаксација и дружење. Очекуваат ве новогодишни празници, добра атмосфера и незаборавно дружење!
ПРЕВОЗ | ПОЛУПАНСИОН | 2 СВЕЧЕНИ ВЕЧЕРИ СО НЕОГРАНИЧЕНИ ПИЈАЛОЦИ | БАЗЕН | ЛЕКОВИТА МИНЕРАЛНА ВОДА
| ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО |
| ПРВ ДЕН: 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) БИТОЛА – СКОПЈЕ – БОГУТОВАЧКА БАЊА |
Состанок на групата во Битола во 02:45 часот и поаѓање кон Скопје во 03:00 часот. Патувањето продолжува преку Велес, со организиран прием на патници од наведените градови. Поаѓање од Скопје во 05:00 часот со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце. Пристигнување во Богутовачка Бања околу пладне и сместување во хотелот. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на велнес содржините на хотелот. Во 20:00 часот започнува свечената вечера – прослава за дочек на Новата 2027 година, со музика и неограничени домашни пијалоци. Ноќевање.
| ВТОР ДЕН: 01.01.2027 (ПЕТОК) БОГУТОВАЧКА БАЊА – МАНАСТИР ЖИЧА |
Појадок во хотел. Организирана посета на манастирот Жича, манастир од првата половина на XIII век, познат по своето значајно место во српската историја. Враќање во хотелот. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, како и можност за користење на содржините на хотелот вклучени во цената. Во 20:00 часот свечена вечера – реприза, со музика и неограничени домашни пијалоци. Ноќевање.
| ТРЕТ ДЕН: 02.01.2027 (САБОТА) БОГУТОВАЧКА БАЊА – КРАЉЕВО |
Појадок во хотел. По појадокот можност за факултативна посета на градот Краљево, град со богата историја и култура. Предвиден е разглед на градот со посета на Трг српских ратника, Господар Васин Конак, Аџиќа куќа, Музејот на градот Краљево, Соборната црква Света Тројица и други знаменитости. Слободно време за освежување и индивидуални активности. Во договореното време враќање во хотелот. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на велнес содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.
| ЧЕТВРТИ ДЕН: 03.01.2027 (НЕДЕЛА) БОГУТОВАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ – БИТОЛА |
Појадок во хотел. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
| ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 379 евра Плаќање во денарска противвредност |
|
| ПРОМО ЦЕНА ДО 01.11.2026: 349 евра |
ПРОМО ЦЕНА ДО 01.12.2026: 359 евра |
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Автобуски превоз на наведената релација;
- Сместување во хотел „Минерал“ 3★, 3 ноќевања;
- 2 ноќевања со појадок и 2 свечени вечери (новогодишна и реприза) со неограничени домашни пијалоци и музика и 1 полупансион;
- Сместување во двокреветни соби;
- Посета на манастирот Жича;
- Туристички придружник за време на целото патување;
- Организиран превоз и прием на патници од Велес, Прилеп, Штип и Охрид;
- Организација на патувањето.
| Во цената на аранжманот не е вклучено: |
- Факултативна посета на градот Краљево – 10 € (доплата на лице место);
- Патничко и здравствено осигурување.
| НАПОМЕНИ: |
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99 години, детето плаќа 100% од цената;
- За single соба се доплаќа 45 евра;
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже патувањето 7 дена пред поаѓање согласно Општите услови за патување;
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, а целосната доплата се врши најдоцна 10 дена пред поаѓањето;
- Патниците се должни за време на патувањето да ги почитуваат упатствата на туристичкиот придружник;
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување;
- За овој аранжман важат Општите услови за патување.
ID018
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |

