Tour overview

Неа Скиони Апартманите се наоѓаат на самата плажа во Неа Скиони односно со директен поглед на море. Опкружена е со прекрасен голем двор, кој е опремен со сопствени лежалки и маси за гостите.

Вилата располага со два апартмани на приземје за 4 лица. Располагаат со спална соба одделена од дневниот престој каде што се наоѓа комплетно опремена кујна. Сите апартмани се со  бања, ТВ, клима уред чие користење е вклучено во цената, WI-FI, балкони со поглед на море

Дуплекс апартмани со 2 спални соби. Во сите дуплекси спалните соби се физички одделени од дневниот престој каде што се наоѓа комплетно опремена кујна. Сите апартмани се бања, ТВ, клима уред чие користење е вклучено во цената, WI-FI, балкони со поглед на море.

Пред самата Вила се наоѓа и еден од најубавите „beach“ барови во Неа Скиони како и многу познати таверни, кои се наоѓаат веднаш до Вилата.

 

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ОД ДЕН ВО ЕВРА

Период Број на ноќи 1/4 АПАРТМАН 1/8  ДУПЛЕКС
01.05 – 10.06 1 55 85
10.06 – 06.07 1 85 135
06.07 – 22.07 1 115 175
22.07 – 01.09 1 145 205
01.09 –10.09 1 105 135
10.09 – 30.09 1 75 105

 

ПРЕВОЗ

Превозот се доплаќа:

  • Возрасен: 50 € повратен билет / 40 € еден правец
  • Деца од 02-12г.: 40 € повратен / 30 € еден правец
  • Деца до 2 г.: бесплатно (без седиште)

Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус и патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до објектот каде се сместуваат.

 

НАПОМЕНИ
  • Туристичка такса во износ од 2 евра дневно за студио/апартман, се плаќа на лице место
  • Во  апартманите  е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години со одобрение од агенција
  • Сместувањето во апартманите е во 14:00 (по локално време);
  • Напуштање на апартманите е во 09:00 (по локално време);
  • Секоја направена штета се плаќа на лице место;
  • За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите;
  • Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
  • Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани, одобруваме 7% попуст.
  • За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка;
  • Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Цените се изразени во EUR во денарска противвредност  1€ = 62,оо ден.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овој програм. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Организаторот не ја цени исправност на патни документи.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните институции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
  • Цените може да се коригираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
  • Цените може да се коригираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување. Важат општите услови за патувањe на Т.А. Балкан експрес травел.

ID036

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

 

 

ФОТОГРАФИИ