Tour overview
| ХОТЕЛ MURSALITSA 3* – ПАМПОРОВО ЗИМА 2026/2027 |
Пампорово, Бугарија – Хотелот „Mursalitsa“ се наоѓа во Пампорово, во мирна шумска средина, а до ски-центарот „Студенец“ ве носи шатл што е вклучен во цената. Хотелот нуди двокреветни соби, студија и апартмани со една или две спални, сите со поглед кон планината.
„Мурсалица“ е хотел насочен кон опуштање: внатрешен базен, финска и инфрацрвена сауна и парна бања се вклучени во цената, а хотелот има ресторан, бар, камин и тераса. Ова е добар избор за семејства, бидејќи првото дете до 12.99 години на дополнително легло престојува бесплатно, а апартманите имаат простор и за пет лица.
| ЗОШТО „MURSALITSA“? |
- Прво дете до 12.99 год. на дополнително легло – бесплатно;
- Внатрешен базен, финска и инфрацрвена сауна и парна бања – вклучено во цената;
- Шатл до ски-центарот „Студенец“;
- Студија и апартмани до 5 лица;
- Туристичката такса и паркингот се вклучени во цената.
| ЦЕНОВНИК ЗИМА 2026/2027 Цените се по лице за 1 ноќевање на база ПОЛУПАНСИОН (двоспалниот апартман и еднокреветната соба се цена по единица) |
| Тип на сместување | 17.12–23.12.2026 07.03–31.03.2027 |
11.01–28.01.2027 | 24.12–29.12.2026 03.01–10.01.2027 29.01–02.03.2027 |
30.12.2026–02.01.2027 |
| Двокреветна соба (2+1) | 67€ | 80€ | 103€ | 141€ |
| Студио (3+1) | 78€ | 92€ | 114€ | 147€ |
| Едноспален апартман (3+2) | 89€ | 103€ | 125€ | 158€ |
| Двоспален апартман – цена за 4 лица (4+1) | 231€ | 276€ | 365€ | 509€ |
| Еднокреветна соба (1+1) | 100€ | 119€ | 153€ | 280€ |
| Минимален престој | – | – | – | 3 ноќевања |
| Попусти за деца и дополнително легло: |
- Прво дете до 12.99 год. на дополнително легло – бесплатно;
- Второ дете од 5 до 12.99 год. на дополнително легло – 50% попуст;
- Дете од 5 до 12.99 год. на редовно легло – 30% попуст;
- Возрасен на дополнително легло – 20% попуст.
| Во цената е вклучено: |
- Ноќевање со појадок и вечера (полупансион);
- Користење на внатрешен базен, финска сауна, инфрацрвена сауна и парна бања;
- Надворешен паркинг и интернет;
- Шатл до ски-центарот „Студенец“;
- Туристичка такса.
| Во цената не е вклучено: |
- Новогодишна вечера (задолжителна) – 167€ за возрасни, 84€ за деца од 4 до 12.99 год.; децата до 4.99 год. имаат резервирано место, а ако сакаат гала мени – 56€;
- Домашни миленици до 7 кг – 17€ на ден;
- Масажи;
- Сè она што не е наведено во „Во цената е вклучено“.
| НАПОМЕНА: |
- Ценовникот не го опфаќа периодот 03.03–06.03.2027 – информации во агенција.
ID004

