Tour overview

Лептокарија е туристичко место на брегот на Егејско Море. Се наоѓа на околу 80 км од Солун, во подножјето на планината Олимп. Плажата е долга и песочна, а по нејзината должина се протега преубаво шеталиште.

Шеталиштето, чистото море и прекрасната песочна плажа се само дел од привлечностите на Лептокарија. Местото е идеално за семеен одмор. Има многу продавници, таверни, кафулиња, ресторани, бутици, како и игралишта и забавни паркови со детски активности и лулашки за најмладите.

Цените се многу пониски и поволни во таверните каде што се нудат грчки специјалитети. Лептокарија е едно од ретките одморалишта каде што можете да консумирате вода од чешма. Градската плажа е долга околу 5 км и има сино знаме, со што се докажува чистотата и квалитетот на водата.

Хотел „Moyses“ се наоѓа на приближно 80 м од плажа.

Хотелот располага со соби за 2, 3, 4 и 5 лица. Во секоја од собите има единечни кревети. Хотелот располага и со апартмани од две соби, за 5 лица.

Сите соби се на 1 и 2 спрат и имаат своја тераса каде што има маса и столчиња. Во кујната има рингли за подготовка на храна и прибор за онолку лица колку што ќе престојуваат.

Клима уред: се доплаќа 7 € од ден по соба.

Хотелот располага со базен, кој патниците може бесплатно да го користат.

Термини секој петок и недела – цени по лице за 7 ноќевања со превоз.

Петок Недела Студио 1/2 редовна Студио 1/2 ПРОМО Студио 1/3 редовна Студио 1/3 ПРОМО Студио 1/4 редовна Студио 1/4 ПРОМО
22.05–29.05.2026 24.05–31.05.2026 69 € 69 € 69 € 69 € 69 € 69 €
29.05–05.06.2026 31.05–07.06.2026 79 € 79 € 79 € 79 € 79 € 79 €
05.06–12.06.2026 07.06–14.06.2026 99 € 99 € 99 € 99 € 89 € 89 €
12.06–19.06.2026 14.06–21.06.2026 120 € 105 € 109 € 105 € 103 € 95 €
19.06–26.06.2026 21.06–28.06.2026 142 € 119 € 131 € 109 € 120 € 100 €
26.06–03.07.2026 28.06–05.07.2026 164 € 137 € 153 € 128 € 142 € 119 €
03.07–10.07.2026 05.07–12.07.2026 186 € 155 € 175 € 146 € 164 € 137 €
10.07–17.07.2026 12.07–19.07.2026 197 € 165 € 186 € 155 € 175 € 146 €
17.07–24.07.2026 19.07–26.07.2026 208 € 174 € 197 € 165 € 182 € 152 €
24.07–31.07.2026 26.07–02.08.2026 219 € 183 € 208 € 174 € 182 € 152 €
31.07–07.08.2026 02.08–09.08.2026 219 € 183 € 208 € 174 € 182 € 152 €
07.08–14.08.2026 09.08–16.08.2026 219 € 183 € 208 € 174 € 182 € 152 €
14.08–21.08.2026 16.08–23.08.2026 219 € 183 € 208 € 174 € 182 € 152 €
21.08–28.08.2026 23.08–30.08.2026 197 € 175 € 186 € 165 € 182 € 152 €
28.08–04.09.2026 30.08–06.09.2026 175 € 146 € 164 € 137 € 143 € 120 €
04.09–11.09.2026 06.09–13.09.2026 142 € 119 € 131 € 109 € 110 € 92 €
11.09–18.09.2026 13.09–20.09.2026 120 € 100 € 109 € 91 € 98 € 82 €
18.09–25.09.2026 20.09–27.09.2026 79 € 79 € 79 € 79 € 79 € 79 €
25.09–02.10.2026 27.09–04.10.2026 69 € 69 € 69 € 69 € 69 € 69 €

Цените се изразени во евра. Уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 € = 62 мкд.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
  • 7 ноќевања во хотел „Moyses“ (цени по лице, без појадок);
  • Автобуски превоз од Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија;
  • Користење на базенот во хотелот;
  • Користење Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот);
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО
  • Туристичка такса од 14€ по соба – се плаќа на рецепција;
  • Патничко осигурување – задолжително, не е вклучено во цената;
  • Користење клима уред – се доплаќa 7 евра по соба;
  • Други лични трошоци.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
  • Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно бројот на кревети;
  • Над дозволениот број може, на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5,99 години;
  • Кога цените се ПРОМО, за уплата на два последователни термини се сметаат две ПРОМО цени;
  • За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст;
  • Попустите не се комбинираат;
  • Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цената;
  • Сместување во собите е по 14:00 часот (локално време), а напуштање до 09:00 часот;
  • По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба;
  • Доколку настане штета за време на престојот се надоместува на лице место кај сопственикот;
  • Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи; поради тоа не може да се направи промена на термин;
  • За време на патувањето ќе бидат испочитувани сите пропишани протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last Minute понуда да објави и продаде слободни капацитети по цени различни од оние во ценовникот.

ID001

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ