Tour overview
Вилата Елени се наоѓа во градот Ипсос, на 250 метри оддалеченост од плажата.
Вилата располага со двокреветни студија и четирикреветни апартмани. Сите соби имаат комплетно опремена мини кујна со решо, основен прибор за соодветниот број на лица, фрижидер, тоалет, ТВ, тераса и интернет конекција. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена се на ваша одговорност.
Базенот е достапен за гостите со бесплатна лежалка. Постои можност за изнајмување клима, која се доплатува на лице место и изнесува 7 евра од ден.
| ТЕРМИНИ | БРОЈ НА НОЌЕВАЊА | ПРОМО ЦЕНА / Редовна цена по лице |
| 30.05 – 06.06.2026 | 7 | 99 € / 159 € |
| 06.06 – 13.06.2026 | 7 | 119 € / 169 € |
| 13.06 – 20.06.2026 | 7 | 139 € / 189 € |
| 20.06 – 27.06.2026 | 7 | 169 € / 209 € |
| 27.06 – 04.07.2026 | 7 | 199 € / 249 € |
| 04.07 – 11.07.2026 | 7 | 219 € / 269 € |
| 11.07 – 18.07.2026 | 7 | 239 € / 299 € |
| 18.07 – 25.07.2026 | 7 | 259 € / 329 € |
| 25.07 – 03.08.2026 | 9 | 349 € / 409 € |
| 03.08 – 12.08.2026 | 9 | 349 € / 409 € |
| 12.08 – 21.08.2026 | 9 | 349 € / 409 € |
| 21.08 – 29.08.2026 | 8 | 279 € / 349 € |
| 29.08 – 05.09.2026 | 7 | 229 € / 279 € |
| 05.09 – 12.09.2026 | 7 | 199 € / 259 € |
| 12.09 – 19.09.2026 | 7 | 169 € / 229 € |
| 19.09 – 26.09.2026 | 7 | 129 € / 209 € |
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: 120 € по лице
| ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА |
- Автобуски превоз Скопје – Крф – Скопје
- 7/8/9 ноќевања во студија/апартмани во Ипсос на база на наем
- Пратител за време на патувањето
- Водич за време на престојот
- Трошоци за организација и реализација на патувањето
| НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА |
- Траект Игуменица – Крф – Игуменица (30 € по лице повратна карта)
- Факултативни излети
- Туристичка такса (1 € од соба од ден)
- Патничко осигурување (задолжително)
- Индивидуални трошоци на патниците
| ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО |
| 0 ДЕН – СКОПЈЕ-КРФ |
Состанок на групата пред Хотел Континентал во договореното време еден ден пред почетокот на аранжманот. Тргнување во вечерните часови. Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности. Во раните утрински часови пауза на Јанина (Stop&Go). Патувањето продолжува до Игуменица од каде што се качуваме на траект и за нешто помалку од 2 часа пристигнуваме на пристаништето во градот Крф. Од таму за 20 минути пристигнуваме во Ипсос. Сместувањето во вилата започнува од 14:00 часот.
| 1.-7./9. ДЕН |
Престој во Вилата со можност за факултативни екскурзии.
| 8./10. ДЕН КРФ-СКОПЈЕ |
За времето на враќање ќе имате координација со водичот, кој цело време ќе биде со вас за организација на екскурзиите. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
| УСЛОВИ ЗА ДЕЦА |
- Деца до 2 години – без доплата
- Деца од 3 до 8 години – 50% попуст
- Деца од 9 до 12 години – 30% попуст
| УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ |
- Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
- При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 21 ден пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
- Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.
| ОПШТИ НАПОМЕНИ |
- За програмата важат Општите Услови за патување на СКТМ.
- Цените се по лице за 7 ноќевања/8 дена односно 9 ноќевања/10 дена.
- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од датумот на завршување на патувањето.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот (тргнувањето е еден ден порано).
- За еднокреветна соба се доплаќа плус 70% од редовната цена.
- За сопствен превоз се одземаат 20 € од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
- Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минимум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
- Сместување во собите е после 14:00 часот, а напуштање на истите е до 09:00 часот по локално време.
- Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Цените објавени во табелите се конечни. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.
Агенцијата организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на Т.А. Балкан експрес травел и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.
ID072
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |

