Tour overview
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот, во кој живеат повеќе од 3000 жители, има долга песочна плажа, која има „Сино знаме“ за чистота, и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулијани.
Вила „Алитеа“ се наоѓа во мирен дел на почетокот на Јерисос, на самата плажа. Вилата располага со пространи и модерно уредени апартмани на втор кат, сите со директен поглед на море и опремени со нов мебел. Секој апартман има комплетно опремена кујна, клима (вклучена во цената), бесплатен Wi-Fi, сопствена бања со средства за лична хигиена, пешкири и фен за коса, тераса и паркинг. Постелнината и пешкирите се менуваат еднаш во текот на престојот, секоја среда.
| 10% ПОПУСТ НА ВТОРИОТ ТЕРМИН ПРИ УПЛАТА НА ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ТЕРМИНИ (ВАЖИ САМО НА РЕДОВНИТЕ ЦЕНИ) |
| Термин |
1/4 апартман |
1/5 апартман |
| 02.05.2027 |
200 € |
– |
| 09.05.2027 |
250 € |
– |
| 16.05.2027 |
300 € |
– |
| 23.05.2027 |
370 € |
– |
| 30.05.2027 |
390 € |
590 € |
| 06.06.2027 |
490 € |
790 € |
| 13.06.2027 |
590 € |
890 € |
| 20.06.2027 |
690 € |
990 € |
| 27.06.2027 |
790 € |
1090 € |
| 04.07.2027 |
900 € |
1290 € |
| 11.07.2027 |
1000 € |
1390 € |
| 18.07.2027 |
1190 € |
1490 € |
| 25.07.2027 |
1190 € |
1490 € |
| 01.08.2027 |
1190 € |
1490 € |
| 08.08.2027 |
1190 € |
1490 € |
| 15.08.2027 |
1190 € |
1490 € |
| 22.08.2027 |
1090 € |
1490 € |
| 29.08.2027 |
790 € |
1290 € |
| 05.09.2027 |
690 € |
1090 € |
| 12.09.2027 |
590 € |
890 € |
| 19.09.2027 |
490 € |
590 € |
| 26.09.2027 |
300 € |
– |
Цените се за наем на цела сместувачка единица за 7 ноќевања, без превоз.
Ознаката „–“ значи дека апартманот не е достапен во тој термин.
- Наем на сместувачката единица за 7 ноќевања;
- Користење на клима уредот;
- Туристичка такса 20 € по студио/апартман за 7 ноќевања – се плаќа во агенција;
- Патничко осигурување (задолжително);
- Превоз (по желба): за возрасен 60 € повратно / 50 € во еден правец; деца до 12 години 45 € / 35 € во еден правец; деца до 2 години (без седиште) – бесплатно;
1/4 апартман – се наоѓа на втор кат. Дневен престој со аголна гарнитура, која не се расклопува, трпезарија и комплетно опремена кујна со најнов инвентар и кујнски апарати. Посебна просторија со брачен кревет и еден единечен кревет. Две клими (вклучени во цената), тоалет опремен со средства за лична хигиена и голем балкон со директен поглед на море. Може да се сместат максимум 4 лица.
1/5 апартман – се наоѓа на втор кат. Дневен престој со брачен кревет и софа, трпезарија и комплетно опремена кујна со најнов инвентар и кујнски апарати. Посебна просторија со два единечни кревети. Клима (вклучена во цената), тоалет опремен со средства за лична хигиена и балкон со директен поглед на море. Може да се сместат максимум 5 лица.
- Цените во табелата се за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62,00 денари).
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени што се разликуваат од оние што се веќе објавени во ценовникот. Лицата што го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
- Попустите НЕ може да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попустот за рано букирање и попустот за две смени НЕ може да се комбинираат.
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети и капацитетот на сместувачката единица.
- Бројот на лица што се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот, кој го издава организаторот на патувањето.
- Преземањето на собите е по 14 часот – локално време, а напуштањето е до 09:00 часот.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- При промена или отказ на резервацијата се наплатуваат 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови за патување.
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ може да се откаже аранжманот или да се промени терминот на резервацијата.
- Превозот не е вклучен во цената и може да се доплати – цените се наведени во „Цената не вклучува“.
- Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
- Патникот е должен минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
ID 010
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |