Tour overview

Неа Врасна се наоѓа во Стримонскиот залив, карактеристична е по долгата песочна плажа, убавото море, многубројните таверни, ресторани и забавни паркови за најмалите. Мирниот одмор и долгите прошетки до Асправалта или Ставрос се главна карактеристика на ова место за луѓе што ја сакаат прошетката со долги разговори. На оддалеченост од 60 км од Солун, Неа Врасна е дестинација за фамилијарен опуштен одмор, каде што на само неколку стотици метри имате Lidl и Masoutis.

Вилата „Александра“ е нова вила во нашата понуда, на оддалеченост од само 50 метри од море. Располага со четирикреветни студија. Сите соби се опремени со кујни, купатило со WC, клима уред и тераси.

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (05.09; 12.09 и 19.09.2027) ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ. ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ.

Термин 1/4 Студио
06.06.2027 389 €
13.06.2027 429 €
20.06.2027 459 €
27.06.2027 489 €
04.07.2027 549 €
11.07.2027 579 €
18.07.2027 579 €
25.07.2027 579 €
01.08.2027 579 €
08.08.2027 579 €
15.08.2027 579 €
22.08.2027 489 €
29.08.2027 459 €
05.09.2027* 199 €
12.09.2027* 179 €
19.09.2027* 159 €

За пакет аранжманот во студио потребни се минимум 2 лица, а трето и четврто лице доплаќаат по 60 €.

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕ НА КЛИМА УРЕД СЕ ДОПЛАЌА 5 € ОД НОЌ ЗА СТУДИО
КОРИСТЕЊЕТО НА ПАРКИНГ (2 МЕСТА, НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО) И WI-FI Е БЕСПЛАТНО
ВО СТУДИЈАТА НЕМА КРПИ

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Пакет аранжман (термини со *): 7 ноќевања во студио или апартман и автобуски превоз;
  • Наем (термини без *): 7 ноќевања во студио или апартман;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз за термините за наем;
  • Користење на клима уред – 5 € од ноќ;
  • Туристичка такса – 2 € од ноќ (се плаќа во агенција);
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
УСЛОВИ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАНИТЕ

– За пакет аранжманот во СТУДИО потребни се минимум 2 лица;
– Трето и четврто лице доплаќаат по 60 €;
– Дете до 2 години не плаќа (бесплатно), не користи седиште во автобус;
– За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10 € по лице.

НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– Кога има акциски попуст, НЕ важи за смените со ѕвездичка;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2 € од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета);
– Промена на веќе постоечка резервација, како имиња и презимиња на патници, изнесува 930 денари (15 €), додека промена на термин подразбира отказ на истата и се наплаќа според табелата од Општите услови за патување.

ПРЕВОЗ
  • 60 € за возрасни – повратна карта;
  • 50 € за деца до 12 години – повратна карта;
  • 50 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • 10 € за бирање на седиште во превозното средство, освен прв ред на седишта;
  • Деца до 2 години бесплатно – не користат седиште;
  • Патници што користат само превоз без аранжман – 60 € повратен билет.

ID013

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ