Tour overview
Лутра Едипсос е познато бањско место во Северна Евија, вториот по големина остров во Грција, познато по своите термални извори.
Хотелот „Oreoi“ е пријатен и функционален хотел со 27 соби, на одлична локација во Лутра Едипсос: на околу 150 метри од плажата, 100-180 метри од центарот и околу 300 метри од термалните извори. Во близина има маркети, ресторани, таверни и кафулиња. Хотелот има рецепција, лифт, бесплатен Wi-Fi, тераса за одмор и паркинг. Близината до морето и термалните извори го прави погоден избор за одмор, прошетки и релаксација, со вклучени појадок и вечера.
Координати на Хотелот;
| 30% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО 50% УПЛАТА ВЕДНАШ И 50% ДО 30.11.2026 |
| Термин |
Ноќевање |
Стандардна соба, полупансион |
| 20.05.2027 |
7 |
169 € |
| 27.05.2027 |
7 |
229 € |
| 03.06.2027 |
7 |
259 € |
| 10.06.2027 |
7 |
299 € |
| 17.06.2027 |
7 |
319 € |
| 24.06.2027 |
7 |
329 € |
| 01.07.2027 |
7 |
339 € |
| 08.07.2027 |
7 |
349 € |
| 15.07.2027 |
7 |
369 € |
| 22.07.2027 |
7 |
369 € |
| 29.07.2027 |
7 |
379 € |
| 05.08.2027 |
7 |
379 € |
| 12.08.2027 |
7 |
369 € |
| 19.08.2027 |
7 |
349 € |
| 26.08.2027 |
7 |
309 € |
| 02.09.2027 |
7 |
279 € |
| 09.09.2027 |
7 |
259 € |
| 16.09.2027 |
7 |
229 € |
ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО ПОЈАДОК И ВЕЧЕРА, АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ И ТРАЕКТ
ХОТЕЛСКИ СЕРВИС: ПОЛУПАНСИОН – ПОЈАДОК НА ШВЕДСКА МАСА И СЕРВИРАНА ВЕЧЕРА
БЕСПЛАТЕН WI-FI ИНТЕРНЕТ
СМЕСТУВАЊЕ ПОСЛЕ 14:00, А НАПУШТАЊЕ НА СОБИТЕ ДО 08:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ)
ПОАЃАЊЕ ВЕЧЕРТА ПРЕД ДАТУМОТ ВО ЦЕНОВНИКОТ: СОСТАНОК ВО 22:30, ПОАЃАЊЕ ВО 23:00 ЧАСОТ
Сместување:
Хотелот располага со 27 соби, функционално опремени, со клима уред, ТВ, фрижидер, телефон, сопствена бања, балкон и бесплатен Wi-Fi.
- Повратен автобуски превоз на релација Скопје – Едипсос – Скопје;
- Повратна траектна карта на релација Глифа – Агиос Кампос – Глифа;
- 7 ноќевања во хотелот Oreoi, на база полупансион – појадок и вечера;
- Туристички придружник за време на патувањето;
- Задолжително патничко осигурување;
- Туристичка такса – 2 € по соба од ноќ, односно 14 € по соба за 7 ноќевања (се плаќа во објектот);
- Дополнителни оброци;
- Факултативни екскурзии (Атина, островот Скиатос, Лихадонисија) и влезници;
- Останати индивидуални трошоци;
– Цените се дадени по лице за 7 ноќевања со појадок и вечера, со вклучени автобуски превоз и траект;
– За користење сопствен превоз се одобрува намалување од 20 € по лице од цената на аранжманот;
– Датумот во ценовникот е датум на пристигнување и почеток на сместувањето; автобуското поаѓање е претходната вечер;
– Во собите се сместуваат лица согласно предвидениот капацитет; дополнително може да се смести најмногу едно дете до 6 години, без посебно легло, во кревет со двајца возрасни;
– Сместувањето е по 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 08:00 часот, по локално време, поради подготовка и чистење за следната смена;
– За резервација на два последователни термини се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан од редовната цена; Black Friday и Early Booking попустите не се комбинираат со други попусти, вклучувајќи го попустот за два последователни термини;
– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Патниците самостојно го пренесуваат багажот од местото на запирање на автобусот до објектот; секој патник има право на едно парче багаж до 20 кг и едно парче рачен багаж;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– За евентуална штета причинета од гостите, сопственикот може да побара надомест;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичката такса од 2 € по соба од ноќ, односно 14 € по соба за 7 ноќевања, се плаќа во објектот.
- Автобускиот превоз и траектот Глифа – Агиос Кампос – Глифа се вклучени во цената;
- Поаѓање вечерта пред датумот во ценовникот: состанок на групата во 22:30 часот и поаѓање кон Едипсос во 23:00 часот;
- Кај Глифа качување на траект; за околу 30 минути пристигнување на Евија кај Агиос Кампос, на 17 км од Едипсос;
- На последниот ден напуштање на собите до 08:00 часот, траект од Агиос Кампос до Глифа и продолжување кон Македонија;
- Сопствен превоз: намалување од 20 € по лице од цената на аранжманот;
- Приклучување на превозот: Скопје / Велес / Неготино / Смоквица / Гевгелија;
ID025
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |