379€
  • 11-ТИ ОКТОМВРИ
  • Опис
  • Програма
  • Фотографии

Tour overview

Малта – Малтешкиот архипелаг, составен од Малта и нејзините сестрински острови Гозо и Комино, лежи во срцето на Медитеранот, со блага клима, многу сончеви часови и кристално сини води. Историското наследство на островите сведочи за цивилизација стара 7000 години, а различните народи што ги освојувале оставиле свои траги, кои најубаво се гледаат во времето на познатите витези од редот на Свети Јован. Оваа необична мешавина на култури, мноштвото историски споменици и туристички атракции придонесуваат Малта да зрачи со посебен шарм.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

Состанок на групата на скопскиот аеродром 2 часа пред времето на полетување. Полетување за Малта во 06:45 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Малта во 08:30 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Слободно време. Ноќевање.

ВТОР ДЕН: 12.10.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) МАЛТА – МДИНА – ВАЛЕТА

Појадок во хотел. Предлог: факултативен полудневен излет до централна Малта и Валета (трансфер и локален водич – 55 €). Најпрво се упатуваме кон Мдина, стариот главен град на островот, познат и како „Тивкиот град“. Додека шетате низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за Малта, а од градските ѕидини ќе уживате во прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“, изградена во 19 – ти век по примерот на римскиот Пантеон. Црквата е позната и по тоа што за време на Втората светска војна низ нејзиниот кров паднала бомба тешка 200 kg која не експлодирала, а нејзина реплика и денес се чува во црквата. Следува занаетчиското село Ta’Qali (поранешен воен аеродром), каде можете да ги видите изработката на стакло, филигран, дрво и чипка, како и разни сувенири од островот. Во договорено време тргнуваме кон Валета на организиран разглед со локален водич, во градот што го изградиле витезите на Свети Јован. Прошетката води кон градините Upper Barrakka Gardens, со неверојатен поглед на Големото пристаниште (Grand Harbour), и кон Ко – катедралата „Свети Јован“, дом на ремек – делото на Караваџо „Обезглавувањето на Свети Јован“. Слободно време за индивидуални активности во Валета. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 13.10.2026 (ВТОРНИК) МАЛТА – ГОЗО

Појадок во хотел. Можност за факултативен целодневен излет на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг (трансфер и локален водич – 60 €). Поаѓање наутро со климатизиран автобус кон градот Victoria, главен и најнаселен град на островот, во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата, од која се отвора панорамски поглед од 360˚ на целиот град. Првите остатоци од градот потекнуваат од неолитот, тврдината ја започнале Феникијците, ја продолжиле Римјаните, а денешниот изглед го добила околу 17 – ти век од витезите на Малтешкиот ред. Бидејќи била неколкупати уништувана, само мал дел од неа е во оригиналната градба. На местото каде некогаш стоеле три цркви денес се издигнува импресивна катедрала, а покрај неа е археолошкиот музеј. Продолжуваме кон предисторискиот комплекс Ggantija Temples, постар и од египетските пирамиди и Стоунхенџ, кон областа со огромни карпи Dwejra и кон познатото селце Xlendi. Слободно време за индивидуални активности и ручек во организација на агенцијата. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН: 14.10.2026 (СРЕДА) МАЛТА – MARSAXLOKK – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Последниот ден предлагаме факултативен излет до Popeye Village и Marsaxlokk (трансфер и придружник од агенцијата – 35 €). Marsaxlokk (се изговара „марса-шлок“) значи „јужно пристаниште“ и е најголемото рибарско село на Малта, сместено на југоисточниот дел на островот. Неговиот шарм не е само во одличната риба, туку и во сцената на живописно обоени чамци што се лулкаат на благите бранови. Препорачуваме и тура со брод до познатите пештери Blue Grotto, една од локациите на Малта што вредат да се посетат. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 23:10 часот. Слетување во Скопје во 00:50 часот.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 379 евра

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 евра

  • Директен лет на релација Скопје – Малта – Скопје;
  • Аеродромски такси;
  • Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром на Малта;
  • Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
  • Сместување во хотел со 3*, 3 ноќевања со појадок;
  • Туристички придружник од агенцијата за време на целото патување;
  • Професионална организација на аранжманот;
  • Доплата за 20 kg багаж (куфер) – цената се објавува 2-3 дена пред тргнување;
  • Доплата за еднокреветна соба – 120 €;
  • Туристичка такса – 2 € по лице на ден (се плаќа на рецепција);
  • Факултативен полудневен излет до Валета и централна Малта (трансфер + локален водич) – 55 €;
  • Факултативен целодневен излет на островот Гозо (трансфер + локален водич) – 60 €;
  • Факултативен излет Popeye Village и Marsaxlokk (трансфер + придружник од агенцијата) – 35 € (задолжителна факултатива). Не е вклучена влезницата за Popeye Village (од 15 до 20 €, се плаќа на лице место);
  • Во цената на факултативните излети не се вклучени ручек и влезници во објекти и локации;
  • Индивидуални трошоци;
  • Патничко – здравствено осигурување;
НАПОМЕНИ:

Факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција при уплата на аранжманот. За нивна реализација потребни се минимум 14 пријавени патници.

  • Резервација се прави со авансна уплата од 30 % од цената на аранжманот и копија од пасош;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред поаѓањето;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 30 патници;
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред тргнување;
  • Патните документи мора да важат минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето;
  • Хотелот се објавува 2 дена пред поаѓање;
  • Деца до 11,99 години, доколку се придружувани од 2 возрасни лица, плаќаат 40 евра помалку од промотивната цена;
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместувањето нема поврат на средства;
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотелот во случај на технички причини или overbooking, при што патникот се сместува во објект од иста или повисока категорија без надомест;
  • Реализацијата на излетите зависи од временските услови. Организаторот го задржува правото во случај на неповолно време да ги откаже излетите, при што следува рефундација.
  • За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес

ID019

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ