Tour overview

Едипсос, во Северна Евија, е еден од најпопуларните и најкосмополитските бањски градови во Грција. Корисните својства на термалните извори, кристално чистите води на Егејското Море, бујното зеленило, прекрасните зајдисонца и гостопримливиот дух на жителите го прават Едипсос идеална дестинација, особено за летниот период. Пошироката област нуди живописни села, манастири, песочни плажи и барови.

Хотелот „Galini“ 2* се наоѓа во мирниот дел Агиос Николаос во Едипсос, без градски содржини. Има прекрасно уреден двор со зеленило и цвеќиња, катче за деца со лулашки, снек бар со поглед кон морето, бесплатен Wi-Fi на јавните површини и топла, пријатна атмосфера. Собите се декорирани во едноставен стил, светли и комотни, и се опремени со приватен балкон, клима уред, ТВ, мини фрижидер и тоалет со туш, со поглед кон морето, градината или планината. Пристаништето на Едипсос е на 800 м, центарот на градот на 1 км, а термалните извори на 1,7 км.

 

Координати на Хотелот;

30% ПОПУСТ НА РЕДОВНИТЕ ЦЕНИ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО 50% УПЛАТА ВЕДНАШ И 50% ДО 30.11.2026

Цените во табелата се редовни, без пресметан попуст.

Термин Ноќевање Двокреветна соба, поглед кон море Семејна соба, поглед кон градина Двокреветна соба, поглед кон планина Двокреветна соба, страничен поглед кон море
22.05.2027 7 / 199 € 169 € 179 €
29.05.2027 7 / 252 € 179 € 191 €
05.06.2027 7 / 252 € 179 € 191 €
12.06.2027 7 253 € 299 € 230 € 241 €
19.06.2027 7 286 € 338 € 260 € 273 €
26.06.2027 7 319 € 377 € 290 € 304 €
03.07.2027 7 330 € 390 € 300 € 315 €
10.07.2027 7 341 € 403 € 310 € 326 €
17.07.2027 7 352 € 416 € 320 € 336 €
24.07.2027 7 363 € 429 € 330 € 347 €
31.07.2027 7 396 € 468 € 360 € 378 €
07.08.2027 7 396 € 468 € 360 € 378 €
14.08.2027 7 396 € 468 € 360 € 378 €
21.08.2027 7 352 € 416 € 320 € 336 €
28.08.2027 7 330 € 390 € 300 € 315 €
04.09.2027 7 308 € 364 € 280 € 294 €
11.09.2027 7 280 € 299 € 240 € 253 €
18.09.2027 7 199 € 252 € 179 € 191 €

ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО ПОЈАДОК И ВЕЧЕРА, БЕЗ ПРЕВОЗ

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

ХОТЕЛСКИ СЕРВИС: ПОЈАДОК И ВЕЧЕРА
БЕСПЛАТЕН WI-FI НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО ХОТЕЛОТ
НА ПЛАЖАТА (ПЕСОЧНО-ШЉУНКАСТА, НА ОДРЕДЕНИ ДЕЛОВИ КАМЕНЕСТА) ЛЕЖАЛКИТЕ И ЧАДОРИТЕ СЕ БЕСПЛАТНИ ДОКОЛКУ СЕ НАРАЧА ПИЈАЛОК ОД БАРОТ

Попусти за деца и трето лице:
Дете од 0 до 8,99 години – БЕСПЛАТНО; второ дете до 8,99 години е бесплатно само во семејната (Family) соба;
Деца од 9 до 15,99 години – попуст од 20 € на ден;
Трето лице – попуст од 30%.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • 7 ноќевања во хотелот Galini 2*, на база појадок и вечера;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Автобуски превоз и траект (65 € за возрасни, 45 € за деца од 2 до 12 години);
  • Задолжително патничко осигурување;
  • Туристичка такса – 2 € по соба од ноќ (се плаќа директно во хотелот);
  • Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци;
НАПОМЕНИ

– Цените се дадени по лице за 7 ноќевања, на база појадок и вечера, без превоз;
– Во основните цени не се пресметани попусти;
– За резервација е потребна уплата од најмалку 30% од вкупната цена, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 15 дена пред почетокот на аранжманските услуги (освен за резервации во ран букинг);
– За резервација по условите за ран букинг е потребна нерефундабилна уплата од 50% од вкупната сума, а целосна доплата најдоцна 15 дена пред датумот на влез во хотелот; попустите за ран букинг не може да се комбинираат со други попусти и промоции;
– Сите резервации направени по датумите за рано букирање се наплаќаат по редовни или ревидирани услови и цени; промени во резервации направени во периодот на рано букирање не се дозволени, а во случај на промена цената се пресметува без попустот за рано букирање;
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови; организаторот не гарантира превоз до самиот објект;
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот; секој патник има право на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж;
– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Туристичката такса од 2 € по соба од ноќ се плаќа директно во хотелот.

ПРЕВОЗ
  • Автобуски превоз и траект – со доплата: 65 € за возрасни;
  • Деца од 2 до 12 години – 45 €;

ID025

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ