Tour overview

Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море, со бујни борови шуми, кристално чисти лазурни води и повеќе од 60 прекрасни плажи. И покрај брзиот развој на туризмот во последните децении, островот е сè уште живописен и недопрен. Тука ќе најдете песочни плажи, уникатни кафулиња и барови и таверни со свежа морска храна.

Најголем дел од брегот, долг 44 километри, е прекриен со раскошни плажи, а плажата Лаларија треба да биде прва на листата места што мора да ги посетите. Бродските тури околу Скијатос и до соседниот остров Скопелос ќе ви овозможат да го доживеете островот во целост.

Вилата „Elegant“ се наоѓа во центарот на островот и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти, на 10-15 минути пешачење од градската плажа Megali Ammos. Располага со 11 студија за 2, 3 или 4 лица и еден апартман за 4 лица.

Координати на Вилата;

Термин Ноќевање 1/2 Студио 1/3 Студио 1/4 Студио / Апартман
20.05.2027 7 180 € 126 € 180 € 126 € 162 € 113 €
27.05.2027 7 220 € 154 € 220 € 154 € 198 € 139 €
03.06.2027 7 270 € 189 € 270 € 189 € 243 € 170 €
10.06.2027 7 310 € 273 € 310 € 273 € 279 € 246 €
17.06.2027 7 365 € 321 € 365 € 321 € 329 € 290 €
24.06.2027 7 425 € 374 € 425 € 374 € 383 € 337 €
01.07.2027 7 455 € 400 € 455 € 400 € 410 € 361 €
08.07.2027 7 455 € 400 € 455 € 400 € 410 € 361 €
15.07.2027 7 455 € 400 € 455 € 400 € 410 € 361 €
22.07.2027 7 455 € 400 € 455 € 400 € 410 € 361 €
29.07.2027 7 455 € 400 € 455 € 400 € 410 € 361 €
05.08.2027 7 455 € 400 € 455 € 400 € 410 € 361 €
12.08.2027 7 455 € 400 € 455 € 400 € 410 € 361 €
19.08.2027 7 455 € 400 € 400 € 352 € 410 € 361 €
26.08.2027 7 330 € 290 € 330 € 290 € 297 € 261 €
02.09.2027 7 260 € 229 € 260 € 229 € 234 € 206 €
09.09.2027 7 200 € 176 € 200 € 176 € 180 € 158 €
16.09.2027 7 190 € 133 € 190 € 133 € 171 € 128 €
23.09.2027 7 190 € 114 € 190 € 114 € 171 € 120 €

ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА (8 ДЕНА), СО АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ДО ВОЛОС И НАЗАД

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕН ПОЈАДОК
КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ СЕ ДОПЛАЌА 7 € ДНЕВНО ПО СОБА (АКО СЕ КОРИСТИ)
СМЕСТУВАЊЕ ПОСЛЕ 14:00, А НАПУШТАЊЕ НА СОБИТЕ ДО 09:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ)

ПРИЗЕМЈЕ:
Студио бр. 1 – за 2 лица
Студио бр. 2 – за 2 лица, со два единечни кревети
Студио бр. 3 – за 2 лица, со два единечни кревети (без тераса)
Студио бр. 4 – за 3 лица, со брачен кревет и кревет на извлекување

ПРВ кат:
Студио бр. 5 – за 4 лица, со брачен кревет и кревет на извлекување (4 возрасни или 2 возрасни и 2 деца)
Студио бр. 6 – за 2 лица, со брачен кревет
Студио бр. 7 – за 2 лица, со брачен кревет
Студио бр. 8 – за 2 лица, со брачен кревет

ТРЕТ кат:
Апартман бр. 9 – за 4 лица, со одвоена спална соба со брачен кревет и кревет на извлекување во кујната (4 возрасни или 2 возрасни и 2 деца)
Студио бр. 10 – за 2 лица, со брачен кревет
Студио бр. 11 – за 2 лица, со брачен кревет
Студио бр. 12 – за 4 лица, со брачен кревет и кревет на извлекување (4 возрасни или 2 возрасни и 2 деца)

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • 7 ноќевања (8 дена) во вилата Elegant;
  • Појадок;
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје;
  • Туристички придружник за време на патувањето;
  • Претставник на агенцијата за време на престојот;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Траект на релација Волос – Скијатос – Волос (се плаќа во автобусот);
  • Користење на клима уредот – 7 € дневно по соба (ако се користи);
  • Туристичка такса – 14 € по студио или апартман за 7 ноќевања (се плаќа во вилата);
  • Патничко осигурување;
  • Факултативни излети;
НАПОМЕНИ

– Термините се од четврток до четврток, со поаѓање секоја среда навечер; часот на поаѓање се дефинира според распоредот на траектот;
– Прецртаните цени се редовни, а другите се промотивни;
– Доплата за еднокреветна соба: +50% од редовната цена;
– Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 70% од редовната цена;
– За споен термин: 15 € помалку за превоз и 10% попуст на вториот термин по редовни цени (не важи за промо цените);
– Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат;
– Кај промо цените не се одбива за превоз доколку патникот патува со сопствен превоз;
– Кујните во студијата се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења;
– Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуваат самите гости;
– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот; депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патникот;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на легла);
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;

ПРЕВОЗ
  • Автобускиот превоз до Волос и назад е вклучен во цената;
  • Траект Волос – Скијатос – Волос – се плаќа дополнително во автобусот;
  • Организиран трансфер од Прилеп и Битола – 20 € по лице во еден правец;

ID019

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ