Tour overview
Вила Центар се наоѓа во центарот на Калитеа, на самото шеталиште. Добрата локација на објектот овозможува брза достапност на гостите до плажа (200 метри) и до голем број супермаркети, продавници и ресторани. Препорачлива е за сместување гости кои уживаат во ноќните забави и живите прошетки во местото. Студијата се комплетно опремени со мини кујна, телевизор, клима уред, тераса и купатило. Вилата поседува и бесплатен безжичен интернет, додека користењето на клима уредот се плаќа на лице место. Калитеа важи за место со прекрасна природна идила, зеленило, плажи со бел песок како и кристално бистра вода.
Локација / Координати: 40.076010, 23.446191
| ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО |
– наем на студио/дуплекс за 7 ноќи
– преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен
| ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО |
– патничко осигурување
– туристичка такса 1.5 € по соба од ден (се плаќа во агенција)
– клима 5 € од ден (се плаќа на лице место)
| ПОПУСТИ |
– деца до 2 години: бесплатно (без седиште)
– деца од 2 до 6 години: само превоз 25 €
– деца од 6 до 14 години: 70% попуст (мин. 35 €)
– трето лице во двокреветна соба : 50% попуст (мин. 35 €)
– преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен.
| САМО ПРЕВОЗ ( ПОВРАТНО ) |
Само превоз (повратно):
– деца до 1,99 години: бесплатно (без седиште)
– деца од 2 до 12 години: 30 €
– возрасни: 45 €
| АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ – ВРЕМЕ И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ |
Термини поаѓањe за Грција:
-Скопје 05:00 Олимписки Базен
-Кочани 04:30 Пред Судот
-Штип 05:00 Нова Пошта
-Радовиш 05:30 Автобуска
-Струмица 06:00 Автобуска
| НАПОМЕНИ: |
– Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
– Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање.
– Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
– Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
– Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
| ЗА НАШИТЕ ПАТНИЦИ ШТО НЕ СЕ ОД СКОПЈЕ: |
Сакате да патувате со нас, а ве загрижува фактот дека нашата агенција се наоѓа во Скопје. Нема никаков проблем околу тоа. Како што работевме досега, така продолжуваме и понатаму. Со патниците коишто не живеат или не се наоѓаат во Скопје ние комуницираме преку фејсбук месенџерот, вајбер или инстаграм. Вашите пасоши коишто ни се потребни за склучување на договорот ни ги праќате во директна порака на фејсбук со еден клик ОВДЕ, а ние во истата порака ви го испраќаме потпишан и скениран договорот и ваучерот. Што се однесува до упатата? Истата можете да ја извршите во најблиската пошта или банка на следнава жиро сметка: (ЕВРОТО СЕ ПРЕСМЕТУВА ПО 62 ДЕНАРИ).
| НАЈДОБРОНАМЕРЕН СОВЕТ: |
НАПОМЕНА: Не чекајте го послединот ден за да го искористите попустот за рана резервација бидејќи истиот може да се прекине и порано поради распродажба на капацитетите и тоа токму за периодот кој што Вас Ве интересира.
ID 012
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |


