Tour overview

Неос Мармарас е едно од најпознатите летувалишта на Ситонија, вториот крак на Халкидики, со марина, живописен центар и многу таверни, кафулиња и продавници.

Вилата „Ridos House“ е современо уреден објект во Неос Мармарас, во непосредна близина на морскиот брег и на околу 100–130 метри од градската плажа. Во околината има супермаркет, пекара, таверни, ресторани и кафулиња, а центарот е на кратка пешачка оддалеченост. Вилата има 10 сместувачки единици: двокреветно студио Еко, студија до четири лица и мезонети на две нивоа до пет лица. Студијата 1/2+2 имаат брачен кревет и дополнителни места за спиење на кауч на развлекување. Секоја единица има сопствена бања со туш и тоалет, кујнски дел со фрижидер, плоча за готвење, аспиратор и основен прибор за подготовка на лесни јадења, Smart телевизор, Wi-Fi, клима уред (вклучен во цената), гардеробер, балкон или тераса, постелнина и пешкири. Во близина има јавни места за паркирање; паркинг-место не се резервира и зависи од расположливоста.

Координати на Вилата;

ДО 30% BLACK FRIDAY ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО УПЛАТА ОД 50% ВЕДНАШ И 50% ДО 30.11.2026

Прецртаните цени се редовни, а до нив се цените со Black Friday попуст. Од 04.09.2027 цените се редовни, без Black Friday попуст.

Термин Ноќевање 1/2 Студио Еко 1/2+2 Студио (приземје) 1/2+2 Студио 1/2+3 Мезонета
15.05.2027 7 239 € 168 € 304 € 213 € 327 € 229 € 363 € 255 €
22.05.2027 7 300 € 210 € 383 € 269 € 411 € 288 € 456 € 320 €
29.05.2027 7 419 € 294 € 534 € 374 € 574 € 402 € 637 € 446 €
05.06.2027 7 536 € 376 € 534 € 374 € 735 € 515 € 816 € 572 €
12.06.2027 7 719 € 612 € 916 € 779 € 985 € 838 € 1094 € 930 €
19.06.2027 7 767 € 652 € 978 € 832 € 1051 € 894 € 1167 € 992 €
26.06.2027 7 743 € 632 € 947 € 805 € 1018 € 866 € 1130 € 961 €
03.07.2027 7 799 € 640 € 1019 € 816 € 1095 € 876 € 1216 € 973 €
10.07.2027 7 826 € 661 € 1053 € 843 € 1132 € 906 € 1256 € 1005 €
17.07.2027 7 887 € 710 € 1131 € 905 € 1215 € 972 € 1349 € 1080 €
24.07.2027 7 887 € 710 € 1131 € 905 € 1215 € 972 € 1349 € 1080 €
31.07.2027 7 887 € 710 € 1192 € 954 € 1281 € 1025 € 1422 € 1138 €
07.08.2027 7 935 € 842 € 1192 € 1073 € 1281 € 1153 € 1422 € 1280 €
14.08.2027 7 935 € 842 € 1192 € 1073 € 1281 € 1153 € 1422 € 1280 €
21.08.2027 7 935 € 842 € 1131 € 1018 € 1215 € 1094 € 1349 € 1215 €
28.08.2027 7 887 € 799 € 901 € 811 € 969 € 873 € 1075 € 968 €
04.09.2027 7 707 € 684 € 735 € 816 €
11.09.2027 7 536 € 488 € 525 € 582 €
18.09.2027 7 383 € 350 € 377 € 418 €
25.09.2027 7 275 € / / /

ЦЕНИ ПО СТУДИО / МЕЗОНЕТА ЗА НАЕМ НА 7 НОЌЕВАЊА, БЕЗ ПРЕВОЗ И БЕЗ ОБРОЦИ

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
WI-FI, ПОСТЕЛНИНА И ПЕШКИРИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА
СМЕНИТЕ СЕ ОД САБОТА ДО САБОТА
СМЕСТУВАЊЕ ПОСЛЕ 15:00, А НАПУШТАЊЕ НА СМЕСТУВАЧКИТЕ ЕДИНИЦИ ДО 10:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ)

Сместувачки капацитети:
1/2 Студио Еко – едно двокреветно студио на прв кат (101);
1/2+2 Студио (приземје) – две студија во приземје (Д1 и Д2), со капацитет до четири лица; гостите на овие две студија го користат заедничкиот двор со простор за седење, пергола и скара;
1/2+2 Студио – пет студија на прв и втор кат (102, 103, 104, 202, 204), со капацитет до четири лица; студијата 102, 104, 202 и 204 се ориентирани кон задниот дел на објектот и немаат пристап до дворот на Д1 и Д2;
1/2+3 Мезонета – две мезонети (201, 203) со влез од вториот кат, на две нивоа поврзани со внатрешни скали: дневен и кујнски простор на долното ниво и спален простор на горното ниво; капацитет до пет лица.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • 7 ноќевања во избраната категорија студио или мезонета;
  • Користење клима уред;
  • Користење на опремата и содржините во избраната сместувачка единица;
  • Постелнина и пешкири;
  • За гостите сместени во Д1 и Д2 – користење на заедничкиот двор и скарата, согласно куќниот ред;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Автобуски превоз (со доплата – види ПРЕВОЗ);
  • Патничко осигурување;
  • Туристичка такса – 2 € по сместувачка единица на ден, односно 14 € за престој од 7 ноќевања (се плаќа на лице место кај сопствениците на вилата);
  • Оброци;
  • Факултативни излети и влезници;
  • Останати индивидуални трошоци;
НАПОМЕНИ

– Цените се дадени за наем на цело студио или мезонета за 7 ноќевања, согласно предвидениот капацитет; автобускиот превоз не е вклучен;
– Прецртаните цени се редовни, а другите се со Black Friday попуст; термините од 04.09.2027 се без попуст; на прикажаната промотивна цена не се пресметува дополнителен попуст;
– За резервација на два последователни термини се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан од редовната цена; овој попуст не се комбинира со Black Friday, Early Booking и други промотивни попусти;
– Датумите во ценовникот го означуваат почетокот на престојот; при резервација се избира категоријата на сместување, според расположливоста;
– Бројот на гости треба да одговара на предвидениот капацитет на студиото или мезонетата;
– Сместувањето е по 15:00 часот, а напуштањето на сместувачките единици е до 10:00 часот, по локално време;
– Хигиената во сместувачката единица за време на престојот ја одржуваат гостите; кујните се опремени со основен прибор за подготовка на лесни јадења;
– Фотографиите прикажуваат повеќе сместувачки единици и служат за општ впечаток за објектот; изгледот, распоредот, катот и погледот може да се разликуваат;
– Мезонетите се распоредени на две нивоа, поврзани со внатрешни скали; дополнителните места за спиење може да бидат на кауч на развлекување;
– Дворот и скарата ги користат само гостите на студијата Д1 и Д2;
– Паркинг-место не се резервира и не се гарантира со резервацијата;
– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Патниците самостојно го пренесуваат багажот од местото на запирање на автобусот до објектот; секој патник со организиран превоз има право на едно парче багаж до 20 кг и едно парче рачен багаж;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Агенцијата го задржува правото непродадените капацитети да ги понуди по Last Minute цени; подоцнежното намалување на цената не е основа за враќање на разликата за веќе уплатени резервации;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;

ПРЕВОЗ
  • Повратен автобуски превоз за возрасни – 50 € по лице;
  • Деца до 12 години – 40 € по лице;
  • Деца до 2 години – бесплатно, без сопствено седиште;
  • Приклучување на превозот: Скопје / Велес / Неготино / Смоквица / Гевгелија, според распоредот на агенцијата; точните места и часови на поаѓање и враќање се соопштуваат пред патувањето;

ID025

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ