Tour overview

Неос Мармарас е едно од најпознатите летувалишта на Ситонија, вториот крак на Халкидики, со марина, живописен центар и многу таверни, кафулиња и продавници.

Вилата „Ina“ („Ina Apartments“) се наоѓа во Неос Мармарас, на околу 50 метри од морскиот брег, околу 100 метри од почетокот на градската плажа и околу 150 метри од центарот. Во непосредна близина има пекара, супермаркети, таверни и кафулиња. Вилата има 13 студија, распоредени во приземјето, во дворниот дел и на катовите. Дел од терасите во дворниот дел се проодни и имаат поглед кон задниот дел на објектот и соседните куќи. Секое студио има сопствена бања со туш и тоалет, мини кујна со фрижидер, решо и основен прибор за подготовка на лесни јадења, телевизор, Wi-Fi, клима уред (вклучен во цената), гардеробер, балкон или тераса, постелнина и пешкири. Вилата нема сопствен паркинг; паркирањето е можно во околината, според расположливоста на слободните места.

Координати на Вилата;

ДО 30% BLACK FRIDAY ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО УПЛАТА ОД 50% ВЕДНАШ И 50% ДО 30.11.2026

Прецртаните цени се редовни, а до нив се цените со Black Friday попуст.

Термин Ноќевање 1/2 Студио 1/3 Студио
15.05.2027 7 179 € 126 € 219 € 154 €
22.05.2027 7 229 € 161 € 269 € 189 €
29.05.2027 7 319 € 224 € 369 € 259 €
05.06.2027 7 419 € 294 € 479 € 336 €
12.06.2027 7 530 € 451 € 629 € 535 €
19.06.2027 7 559 € 476 € 669 € 569 €
26.06.2027 7 559 € 476 € 669 € 569 €
03.07.2027 7 599 € 480 € 719 € 576 €
10.07.2027 7 619 € 496 € 739 € 592 €
17.07.2027 7 668 € 535 € 799 € 640 €
24.07.2027 7 668 € 535 € 799 € 640 €
31.07.2027 7 699 € 560 € 829 € 664 €
07.08.2027 7 699 € 630 € 829 € 747 €
14.08.2027 7 668 € 602 € 789 € 711 €
21.08.2027 7 659 € 594 € 769 € 693 €
28.08.2027 7 529 € 371 € 599 € 420 €
04.09.2027 7 529 € 371 € 479 € 336 €
11.09.2027 7 319 € 224 € 379 € 266 €
18.09.2027 7 319 € 224 € 269 € 189 €

ЦЕНИ ПО СТУДИО ЗА НАЕМ НА 7 НОЌЕВАЊА, БЕЗ ПРЕВОЗ И БЕЗ ОБРОЦИ

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
WI-FI, ПОСТЕЛНИНА И ПЕШКИРИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА
ВИЛАТА НЕМА СОПСТВЕН ПАРКИНГ
СМЕСТУВАЊЕ ПОСЛЕ 15:00, А НАПУШТАЊЕ НА СТУДИЈАТА ДО 10:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ)

Сместувачки капацитети:
1/2 Студио – двокреветно студио со брачен кревет;
1/3 Студио – трикреветно студио во приземје или во дворниот дел, со брачен и дополнителен единечен кревет.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

  • 7 ноќевања во избраната категорија студио;
  • Користење клима уред;
  • Користење на опремата и содржините во студиото, согласно условите на понудата;
  • Постелнина и пешкири;

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА

  • Автобуски превоз (со доплата – види ПРЕВОЗ);
  • Патничко осигурување;
  • Туристичка такса – 2 € по студио на ден, односно 14 € за престој од 7 ноќевања (се плаќа на лице место кај сопствениците на вилата);
  • Оброци;
  • Факултативни излети и влезници;
  • Останати индивидуални трошоци;

НАПОМЕНИ

– Цените се дадени за наем на цело студио за 7 ноќевања, согласно предвидениот капацитет; автобускиот превоз не е вклучен;
– Прецртаните цени се редовни, а другите се со Black Friday попуст; на прикажаната промотивна цена не се пресметува дополнителен попуст;
– За резервација на два последователни термини се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан од редовната цена; овој попуст не се комбинира со Black Friday, Early Booking и други промотивни попусти;
– Датумите во ценовникот го означуваат почетокот на престојот; при резервација се избира категоријата на сместување, според расположливоста;
– Бројот на гости треба да одговара на предвидениот капацитет на студиото;
– Сместувањето е по 15:00 часот, а напуштањето на студијата е до 10:00 часот, по локално време;
– Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуваат гостите; кујните се опремени со основен прибор за подготовка на лесни јадења;
– Фотографиите прикажуваат повеќе студија и служат за општ впечаток за објектот; изгледот, распоредот, катот и погледот може да се разликуваат;
– При резервација на студио во дворниот дел, гостите треба да се информираат за положбата и типот на терасата;
– Паркинг-место не се резервира и не се гарантира со резервацијата;
– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Патниците самостојно го пренесуваат багажот од местото на запирање на автобусот до објектот; секој патник со организиран превоз има право на едно парче багаж до 20 кг и едно парче рачен багаж;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Агенцијата го задржува правото непродадените капацитети да ги понуди по Last Minute цени; подоцнежното намалување на цената не е основа за враќање на разликата за веќе уплатени резервации;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;

ПРЕВОЗ

  • Повратен автобуски превоз за возрасни – 50 € по лице;
  • Деца до 12 години – 40 € по лице;
  • Деца до 2 години – бесплатно, без сопствено седиште;
  • Приклучување на превозот: Скопје / Велес / Неготино / Смоквица / Гевгелија, според распоредот на агенцијата; точните места и часови на поаѓање и враќање се соопштуваат пред патувањето;

ID025

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ