Tour overview

Во областа Епир постои магичниот дел на Јонското Море, местото каде што се спојуваат две спротивставени природни убавини: планината и морето. Оваа убавина го освојува секој турист што ја посетил Парга, овозможувајќи му да ужива во мирот, автентичноста и интимноста на оваа светска туристичка дестинација. Кога ќе прошетате во стариот град, се чувствувате како да патувате во времето, опкружени со сегашноста. Плажите Крионери, Писо Крионери во центарот на градот и плажата Валтос под Венецијанскиот замок се вистинско уживање во Парга на Јонското Море.

Вилата „NASOS“ лоцирана е во самиот центар на градот во Парга. Лоцирана е на 2 минути од плоштадот. Од плажата Крионери е оддалечена 200 метри. Прекрасна местоположба. Дуплекс-апартманот има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер со комора и електричен шпорет, микробранова печка, клима-уред, ТВ и тераса со поглед кон море во далечина. Дуплекс-апартманот има убаво опремено купатило и WC. Вилата има и безжичен интернет. На располагање имате и платен паркинг.

Координати на Вилата;

Цените во табелата се однесуваат за наем на дуплекс-апартман за 7 ноќевања без превоз.

Термин 1/2+1/2+1 Дуплекс-апартман
29.05.2027 299 €
05.06.2027 459 €
12.06.2027 599 €
19.06.2027 659 €
26.06.2027 699 €
03.07.2027 729 €
10.07.2027 759 €
17.07.2027 799 €
24.07.2027 799 €
31.07.2027 799 €
07.08.2027 799 €
14.08.2027 739 €
21.08.2027 659 €
28.08.2027 629 €
04.09.2027 529 €
11.09.2027 459 €
18.09.2027 369 €

Сите патници, вклучувајќи ги децата и бебињата, се бројат во максималниот капацитет на собата. Децата може да користат кревет за возрасни во рамките на тој капацитет.

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI Е БЕСПЛАТНО
ДУПЛЕКС-АПАРТМАНОТ: Имаат крпи; Имаат тоалетна хартија и сапун

Сместувачки капацитети:
Прв кат:
Дуплекс-апартман бр. 2 1/2+1/2+1 (5 лица) – Дуплекс-апартманот се наоѓа на прв кат. Располага со две спални соби, кујна, купатило и тераса. Првата спална соба има еден дупол кревет, комотен за спиење на 2 лица, а овде може да се додаде кревет на спуштање за дете до 14 год. Втората спална соба има еден дупол кревет, комотен за спиење на 2 лица. Има плакар за алишта, ТВ и клима-уред. Кујната е во посебна просторија, одвоена со ѕид, комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер со комора, електричен шпорет и микробранова печка. Има сопствено купатило и WC. Апартманот излегува на тераса со поглед на море во далечина.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Наем на дуплекс-апартман за 7 ноќевања;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз;
  • Туристичка такса – 2 € од ноќ (се плаќа во агенција);
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Во случај на направена поголема штета во ДУПЛЕКС-АПАРТМАНОТ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2 € од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).

ПРЕВОЗ
  • 80 € за возрасни – повратна карта;
  • 55 € за деца до 12 години – повратна карта;
  • 45 € за возрасни или дете – карта во еден правец;
  • 20 € за прв ред на седиште;
  • 10 € за бирање на седиште во превозно средство, освен прв ред на седишта;
  • Доплата за трансфер: 25 € по лице од Прилеп и 30 € по лице од Битола;
МЕСТО И ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ

Деновите дадени во табелата се денови на поаѓање од:

Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 00:15 часот наутро
Скопје Спроти Хотел Бристол (паркинг) 01:30 часот наутро
Велес Мотел Македонија (бензинска пумпа Мак Оил) 02:00 часот наутро
Кочани Основен суд 00:30 часот наутро
Штип Нова Пошта 01:00 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 02:30 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 03:00 часот наутро
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 01:30 часот наутро
Битола Спортска сала 00:30 часот наутро

ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР 25 € ПО ЛИЦЕ ОД ПРИЛЕП И 30 € ПО ЛИЦЕ ОД БИТОЛА

ID 031

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ