Tour overview

Тиват е дестинација за секого: за младите што сакаат забава, за фамилиите што бараат одмор и релаксација и за сите што сакаат да истражуваат – различни плажи, градови и крстарење по Бока Которска. Аранжманот е со сместување на база појадок и вечера, во хотел со базени, на самата плажа.

Хотелот „Камелија“ 2* се наоѓа на самата плажа, на 20 минути пешачење до Порто Монтенегро и 30 минути до шеталиштето во Тиват. Хотелот има градина, бесплатен приватен паркинг, ресторан со 500 седишта, отворен бар на тераса, два отворени базени со лежалки (за деца и за возрасни), игралишта за кошарка, тенис и одбојка и приватна плажа на која нема лежалки, па можете да поставите свои.

BLACK FRIDAY ПОПУСТ ДО 30.11.2026
70 € ПО ЛИЦЕ ЗА ТЕРМИНОТ 06.07.2027 И 60 € ПО ЛИЦЕ ЗА ОСТАНАТИТЕ ТЕРМИНИ, СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА УПЛАТА ОД 50% ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА И ОСТАТОК НАЈДОЦНА 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ

Во табелата е прикажана редовната цена (прецртана) и цената со Black Friday попуст.

Термин 1/2 соба со брачен кревет 1/2 и 1/3 соба со единечни кревети
06.07 – 13.07.2027 439 € 369 € 409 € 339 €
13.07 – 20.07.2027 459 € 399 € 429 € 369 €
20.07 – 27.07.2027 479 € 419 € 449 € 389 €
27.07 – 03.08.2027 479 € 419 € 449 € 389 €
03.08 – 10.08.2027 479 € 419 € 449 € 389 €
10.08 – 17.08.2027 459 € 399 € 429 € 369 €
17.08 – 24.08.2027 439 € 379 € 409 € 349 €
24.08 – 31.08.2027 429 € 369 € 399 € 339 €

Цените се по лице за 7 ноќевања со појадок и вечера, со вклучен автобуски превоз.

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

ХОТЕЛСКИ СЕРВИС: ПОЛУПАНСИОН (ПОЈАДОК И ВЕЧЕРА)
ПОАЃАЊЕ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ (ОКОЛУ 01:00 ЧАСОТ) НА ДЕНОТ НА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ОДМОРОТ

Сместување:
Хотелот располага со двокреветни соби со брачен кревет или со два единечни кревети (кај поголемиот дел од собите со единечни кревети, креветите не може да се спојат) и трокреветни соби со брачен и единечен кревет или со три единечни кревети. Собите имаат сопствен тоалет, клима уред и фрижидер. Во собите нема мини кујна.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Автобуски превоз (организиран превоз од Кочани, Штип и Велес, доколку има патници, и од Скопје);
  • Сместување во хотел „Камелија“ 2*, 7 ноќевања со појадок и вечера;
  • Туристички придружник за време на патувањето и претставник на агенцијата за време на престојот;
  • Лежалки на базенот (бројот е ограничен и агенцијата не гарантира слободни лежалки во секој момент);
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Факултативни излети;
  • Туристичка такса – 10,50 € по лице за целиот престој, за деца до 11,99 години 5 € (се плаќа во агенција);
  • Лежалки на плажа – 15 € сет;
  • Патничко осигурување;
УСЛОВИ ЗА ДЕЦА

– Дете до 2,99 години – бесплатен превоз и сместување;
– Дете од 3 до 11,99 години на редовно легло во 1/3 соба плаќа 299 €;
– Дете од 3 до 11,99 години на редовно легло, во придружба на еден родител, плаќа 70% од цената (во 1/3 соба);
– Дете од 3 до 11,99 години на редовно легло, во придружба на еден родител, плаќа 50% од цената (во 1/2 соба);

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
  • Посета на плажата „Plavi Horizonti“;
  • Посета на плажата „Jaz“;
  • Посета на Дубровник и разглед на градот со локален водич;
  • Вечерна посета на Будва;
  • Разглед на Котор со водич и крстарење по Бока Которска, до островот Госпа од Шкрпјела и Пераст;
  • Посета на плажата Плоче;

Цените на факултативните излети ќе бидат објавени дополнително.

НАПОМЕНИ

– Цените се дадени по лице, со вклучен автобуски превоз, за 7 ноќевања на база појадок и вечера;
– Цените се изразени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– Поаѓањето е во раните утрински часови (околу 01:00 часот) на денот на започнување на одморот. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање;
– Патникот е должен минимум 48 часа (два дена) пред поаѓање да се информира за потврда на времето и местото на поаѓање;
– За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени;
– Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената;
– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени што се разликуваат од веќе објавените. Лицата што го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест за разликата во цената;
– Попустите НЕ може да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, а попустот за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира;
– Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни;
– Black Friday попустот важи за резервации до 30.11.2026, со задолжителна уплата од 50% од вкупната сума при резервација; остатокот се доплаќа најдоцна 21 ден пред поаѓање;
– За резервации направени со промотивен попуст, уплатените средства (50% од сумата) не подлежат на поврат во случај на откажување од страна на патникот, согласно условите за патување;
– Во собите е дозволено сместување согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, на дополнително барање, може да се смести најмногу едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни;
– Бројот на лица што се сместуваат во собата треба да одговара на лицата наведени во ваучерот;
– Собите се преземаат по 14:00 часот (локално време), а се напуштаат до 09:00 часот;
– По завршување на летувањето собата треба да се остави во чиста состојба. За причинета материјална штета, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место;
– Сопственикот има право да ја скрати услугата за клима уред доколку клима уредот е вклучен додека сте надвор од собата;
– Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој;
– Секој патник е должен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ може да се откаже аранжманот или да се промени терминот на резервацијата;
– За ова патување важат Општите услови за патување;

ID045

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ