Tour overview

Неа Плагија е мало и мирно летувалиште на западниот брег на Халкидики, во близина на Неа Мудања и пред почетокот на Касандра, на околу 60 км од Солун. Низ целото место се протега убава песочна плажа долга околу 4 км, со постепен влез во морето, а со соседната Неа Флогита е поврзана со пешачка патека покрај морето. Во местото има таверни, кафулиња, маркети и пекари, а зајдисонцата се особено убави.

Вилата „Stelios“ е постар објект во центарот на Неа Плагија, на околу 80 метри од морето. Има апартмани на високо приземје, студија на приземје, кои ќе бидат комплетно реновирани за претстојната сезона, и студија на првиот кат со голема аголна тераса и страничен поглед на морето. Вилата е од Б категорија, нема пешкири, а паркирањето е можно на улицата покрај вилата.

Цените на термините означени со ѕвездичка се промотивни, односно не подлежат на попуст.

ЦЕНОВНИК – 10 НОЌЕВАЊА
Термин 1/2 Студио прв кат 1/3 Студио приземје 1/3+1 Студио приземје 1/3+2 Студио приземје 1/4 Апартман 1/4 Студио прв кат
20.05.2027* 170 € 140 € 125 € 120 € 130 € 130 €
30.05.2027 185 € 140 € 120 € 110 € 130 € 125 €
09.06.2027 255 € 195 € 160 € 145 € 175 € 165 €
19.06.2027 315 € 235 € 195 € 175 € 215 € 200 €
29.06.2027 380 € 280 € 235 € 205 € 255 € 240 €
09.07.2027 425 € 315 € 260 € 230 € 285 € 265 €
19.07.2027 510 € 375 € 305 € 270 € 335 € 315 €
29.07.2027 510 € 375 € 305 € 270 € 335 € 315 €
08.08.2027 510 € 375 € 305 € 270 € 335 € 315 €
18.08.2027 455 € 340 € 275 € 240 € 300 € 285 €
28.08.2027 340 € 255 € 210 € 185 € 230 € 215 €
07.09.2027 265 € 200 € 170 € 150 € 180 € 175 €
17.09.2027 205 € 160 € 135 € 120 € 145 € 140 €

Цената е по лице за 10 ноќевања, без превоз.

ЦЕНОВНИК – 7 НОЌЕВАЊА
Термин 1/2 Студио 1/3 Студио 1/4 Апартман 1/4 Студио
30.05.2027 145 € 115 € 110 € 105 €
06.06.2027 170 € 135 € 125 € 120 €
13.06.2027 210 € 160 € 145 € 140 €
20.06.2027 235 € 180 € 165 € 155 €
27.06.2027 280 € 210 € 190 € 180 €
04.07.2027 315 € 235 € 215 € 200 €
11.07.2027 360 € 270 € 240 € 225 €
18.07.2027 405 € 300 € 270 € 255 €
25.07.2027 405 € 300 € 270 € 255 €
01.08.2027 405 € 300 € 270 € 255 €
08.08.2027 405 € 300 € 270 € 255 €
15.08.2027 350 € 260 € 235 € 225 €
22.08.2027 305 € 230 € 205 € 195 €
29.08.2027 260 € 195 € 180 € 170 €
05.09.2027 215 € 170 € 150 € 145 €
12.09.2027 170 € 130 € 120 € 115 €
19.09.2027 130 € 105 € 100 € 95 €

Цената е по лице за 7 ноќевања, без превоз.

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
СМЕСТУВАЊЕ ОД 16:00, А НАПУШТАЊЕ НА ЕДИНИЦИТЕ ДО 09:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ)
ПОСТЕЛНИНАТА СЕ МЕНУВА ЕДНАШ ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕСТОЈОТ
ВИЛАТА НЕМА ПЕШКИРИ

Сместувачки капацитети:
Апартман на високо приземје (1/2, 1/3, 1/4) – околу 25 м² + тераса: кујна со трпезариска маса и еден стандарден лежај, спална соба со француски и стандарден лежај, бања со туш-када и голема покриена тераса со гарнитура за седење и поглед кон дворот. Има Wi-Fi, TV, комарници и клима уред во спалната соба.
Студио на прв кат (1/2, 1/4) – околу 24 м² + тераса: кујнски дел, француски лежај и два стандардни лежаја на кат, бања со туш-када и голема покриена аголна тераса (околу 15 м²) со гарнитура за седење и страничен поглед на морето. Има Wi-Fi, TV, комарници и клима уред.
Студио на приземје (1/3, 1/3+1, 1/3+2) – трокреветно студио, со можност за еден или два помошни лежаја. Цената за 1/3+1 и 1/3+2 е по лице кога во студиото се 4, односно 5 лица.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • 10 или 7 ноќевања (според ценовникот) во студио или апартман во вилата Stelios;
  • Услуги на претставник на агенцијата во местото на престој;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз;
  • Меѓународно патничко здравствено осигурување;
  • Климатска такса (Climate resilience fee) – 2 € по единица од ноќ, се плаќа на лице место;
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
УСЛОВИ ЗА ДЕЦА

– Дете до 7 години без посебен лежај не плаќа сместување;
– Сите лица што користат лежај плаќаат цена по лице од табелата, според бројот на лица во единицата;

ДОПЛАТИ

– Доплата за едно возрасно лице во единица (1/1) е 80% од цената во табелата;

НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства ) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Хигиената во единиците за време на престојот ја одржуваат самите гости;
– Организаторот не гарантира кат, поглед и број на единица, освен ако тоа не е наведено во ценовникот;
– Можна е промена на распоредот на лежаите; организаторот гарантира само договорениот број лежаи;
– Креветите во Грција се потесни од нашите: стандарден кревет е широк 75–90 cm, а француски 110–140 cm;

ПРЕВОЗ
  • Превозот не е вклучен во цената – информации за цената на превозот во агенција;

ID081

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ