Tour overview

Паралија се наоѓа во подножјето на Олимп, највисоката планина во Грција, и е едно од најпознатите летувалишта во регионот Пиерија. Оддалечена е околу 60 км од Солун, околу 30 км од познатите летувалишта Лептокарија и Неи Пори, и само 6 км од Катерини, најпознатиот трговски центар во северна Грција.

Апартхотелот „St. Giorgio“ се наоѓа во Паралија, едно од најпосетуваните летувалишта во Грција, на 200 метри од 10 километри долгата песочна плажа со прекрасно, чисто море. Од центарот, каде што гостите имаат на располагање бројни кафулиња, барови, ресторани, таверни, бутици, дискотеки, како и паркови и игралишта за најмладите, апартманите се оддалечени 150 метри, а најблискиот ресторан е на 150 метри. Објектот се наоѓа преку пат од супермаркетот Lidl, на само 10 метри, каде што гостите можат да се снабдуваат по многу поволни цени. Располага со 53 двокреветни, трокреветни и четирикреветни апартмани на прв, втор и трет кат, со вкупно 142 лежаи. Сите апартмани имаат комплетно опремена кујна со целиот потребен инвентар, решо со две рингли, фрижидер, TV, бања со туш-кабина, како и тераса со гарнитура за седење. Објектот има лифт и убаво уреден двор со базен, чадори и лежалки, кои им се на располагање на сите гости. Постелнината се менува на секои 5 дена. St. Giorgio е вистински избор за сите генерации – убаво уредениот двор, удобните апартмани и исклучително љубезниот персонал ќе го направат вашиот одмор извонреден и незаборавен. За гостите што доаѓаат со сопствен превоз, можност за паркирање има во околината на објектот.

Координати на Вилата;

15% ПОПУСТ ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУЛИ И АВГУСТ, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА
10% ПОПУСТ
ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУЛИ И АВГУСТ, СО УПЛАТА ОД 30% ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА И ОСТАТОК ДО 01.03.2027
5% ПОПУСТ
ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУЛИ И АВГУСТ, СО УПЛАТА ОД 30% ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА И ОСТАТОК НАЈДОЦНА 10 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ
10% ПОПУСТ
ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУНИ И СЕПТЕМВРИ, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА

Цените на термините означени со ѕвездичка се промотивни, односно не подлежат на попуст.

За 2 споени термини одобруваме намалување од 25 € по лице (не важи за промо термините).

Термин 1/2 Студио 1/2+1 Студио 1/4 Студио
24.05.2027* 140 € 130 € 110 €
03.06.2027* 190 € 160 € 145 €
13.06.2027* 230 € 200 € 165 €
23.06.2027 225 € 195 € 155 €
03.07.2027 260 € 205 € 195 €
13.07.2027 290 € 240 € 205 €
23.07.2027 304 € 255 € 245 €
02.08.2027 304 € 255 € 245 €
12.08.2027 304 € 255 € 245 €
22.08.2027 265 € 205 € 195 €
01.09.2027 225 € 185 € 160 €
11.09.2027* 220 € 190 € 160 €
21.09.2027* 140 € 120 € 100 €

Цената е по лице за 10 ноќевања, без превоз.

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА И ИЗНЕСУВА 5-7 € ДНЕВНО

Сместувачки капацитети:
1/2 студио – двокреветно студио;
1/2+1 студио – трокреветно студио (два лежаи + помошен лежај);
1/4 студио – четирикреветно студио.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • 10 ноќевања во студио или апартман во апартхотелот St. Giorgio;
  • Услуги на претставник на агенцијата во местото на престој;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз;
  • Меѓународно патничко здравствено осигурување;
  • Користење на клима уредот – 5-7 € дневно (не е задолжително);
  • Туристичка такса – 2 € од ноќ за студијата и апартманите (се плаќа во агенција);
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
УСЛОВИ ЗА ДЕЦА

– Едно дете до 12 години во заеднички кревет, со минимум две лица што плаќаат цела цена во студио – БЕСПЛАТНО;
– Дете од 2 до 12 години во придружба на две возрасни лица, на посебен лежај, плаќа 70% од цената;
– Две деца до 12 години што користат заеднички лежај – првото дете плаќа 100%, а второто е бесплатно;

ДОПЛАТИ

– Доплата за еднокреветна соба (1/1) е 70% од цената за 1/2 студио во табелата – НА БАРАЊЕ;

НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства ) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;

ПРЕВОЗ
  • Превозот не е вклучен во цената – информации за цената на превозот во агенција;

ID079

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ