Tour overview

Паралија се наоѓа во подножјето на Олимп, највисоката планина во Грција, и е едно од најпознатите летувалишта во регионот Пиерија. Оддалечена е околу 60 км од Солун, околу 30 км од познатите летувалишта Лептокарија и Неи Пори, и само 6 км од Катерини, најпознатиот трговски центар во северна Грција.

Вилата „Haris“ се наоѓа на одлична локација – на една минута пешачење од плажата и преку пат од паркот, и располага со чисти и убави сместувачки единици со добри тераси. Од плажата, која во овој дел од Паралија е најширока, вилата е оддалечена околу 60 метри, а од центарот на летувалиштето околу шест минути пешачење. Супермаркет и пекара има во непосредна близина. Вилата има бесплатен WiFi интернет на сите катови и простор за оставање багаж при смена. Располага со четирикреветни и петкреветни апартмани. Секоја сместувачка единица има комплетно опремена чајна кујна, бања (туш/WC), TV и балкон, како и клима уред чие користење се доплаќа на лице место (доплатата не е задолжителна). Вилата нема пешкири. Апартманите се наоѓаат на приземје и на прв кат. Постои можност за паркирање на улица пред вилата.

Координати на Вилата;

15% ПОПУСТ ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУЛИ И АВГУСТ, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА
10% ПОПУСТ
ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУЛИ И АВГУСТ, СО УПЛАТА ОД 30% ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА И ОСТАТОК ДО 01.03.2027
5% ПОПУСТ
ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУЛИ И АВГУСТ, СО УПЛАТА ОД 30% ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА И ОСТАТОК НАЈДОЦНА 10 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ
10% ПОПУСТ
ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУНИ И СЕПТЕМВРИ, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА

Цените на термините означени со ѕвездичка се промотивни, односно не подлежат на попуст.

За 2 споени термини одобруваме намалување од 25 € по лице (не важи за промо термините).

Термин 1/2 Приземје 1/2 Прв кат 1/3 Приземје 1/3 Прв кат 1/4 Приземје 1/4 Прв кат
22.05.2027* 100 € 120 € 80 € 90 € 80 € 80 €
29.05.2027* 130 € 150 € 90 € 110 € 100 € 100 €
05.06.2027* 150 € 170 € 110 € 130 € 110 € 120 €
12.06.2027* 180 € 200 € 120 € 140 € 120 € 130 €
19.06.2027 175 € 195 € 115 € 135 € 105 € 115 €
26.06.2027 195 € 215 € 125 € 145 € 115 € 125 €
03.07.2027 215 € 235 € 145 € 165 € 135 € 155 €
10.07.2027 225 € 245 € 155 € 175 € 145 € 155 €
17.07.2027 235 € 255 € 165 € 185 € 145 € 155 €
24.07.2027 245 € 265 € 185 € 205 € 155 € 165 €
31.07.2027 245 € 265 € 185 € 205 € 155 € 175 €
07.08.2027 245 € 265 € 185 € 205 € 155 € 175 €
14.08.2027 245 € 265 € 185 € 205 € 155 € 175 €
21.08.2027 195 € 215 € 135 € 145 € 115 € 135 €
28.08.2027 185 € 205 € 125 € 135 € 105 € 125 €
04.09.2027* 180 € 200 € 120 € 140 € 110 € 140 €
11.09.2027* 155 € 175 € 120 € 130 € 100 € 120 €
18.09.2027* 125 € 145 € 100 € 110 € 90 € 100 €
25.09.2027* 100 € 120 € 90 € 90 € 80 € 90 €

Цената е по лице за 7 ноќевања, без превоз.

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА И ИЗНЕСУВА 5-7 € ДНЕВНО

Сместувачки капацитети:
1/4 апартман – четирикреветен апартман – во едната соба има француски лежај, во другата соба чајна кујна (основно опремена со прибор) и кревет на расклопување, клима уред и TV, тераса;
1/5 апартман – петкреветен апартман – во едната соба има два сингл лежаи, во другата кревет на расклопување + помошен лежај и чајна кујна (основно опремена со прибор), клима уред и TV, тераса.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • 7 ноќевања во апартман во вилата Haris;
  • Услуги на претставник на агенцијата во местото на престој;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз;
  • Меѓународно патничко здравствено осигурување;
  • Користење на клима уредот – 5-7 € дневно (не е задолжително);
  • Туристичка такса – 2 € од ноќ за студијата и апартманите (се плаќа во агенција);
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
УСЛОВИ ЗА ДЕЦА

– Едно дете до 12 години во заеднички кревет, со минимум две лица што плаќаат цела цена во студио – БЕСПЛАТНО;
– Дете од 2 до 12 години во придружба на две возрасни лица, на посебен лежај, плаќа 70% од цената;
– Две деца до 12 години што користат заеднички лежај – првото дете плаќа 100%, а второто е бесплатно;

ДОПЛАТИ

– Доплата за еднокреветна соба (1/1) е 70% од цената за 1/2 студио во табелата – НА БАРАЊЕ;

НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства ) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;

ПРЕВОЗ
  • Превозот не е вклучен во цената – информации за цената на превозот во агенција;

ID079

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ