109€
  • НОВА ГОДИНА 2027
  • Опис
  • Програма
  • Фотографии

Tour overview

Будва и Дубровник – Нова Година 2027 – Дочек на Новата година во Будва, една од најстарите населби на Јадранското море, стара повеќе од 2500 години. Дочек на плоштадот пред Стариот град со балкански изведувачи и богата програма, факултативна посета на Дубровник и екскурзија до Тиват и Котор.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

Состанок на групата во 22:00 часот. Поаѓање за Црна Гора во 22:30 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

ВТОР ДЕН: 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) БУДВА

Пристигнување во Будва во утринските часови и разглед на градот. Сместување. Слободно време за индивидуални активности. Дочек на Новата година на плоштадот пред Стариот град. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 01.01.2027 (ПЕТОК) БУДВА – ДУБРОВНИК (ФАКУЛТАТИВНО)

Можност за факултативна посета на Дубровник (45 €), еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи го чува автентичниот изглед од XV и XVI век. Од градските ѕидини се отвора поглед кон островот Локрум и Јадранското море. Слободно време за прошетка низ Дубровник. Враќање во Будва и вечерна прошетка до центарот на градот. Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН: 02.01.2027 (САБОТА) БУДВА – ТИВАТ – КОТОР – МАКЕДОНИЈА

Напуштање на собите. Заминување на факултативна екскурзија (40 €). Првото место е Тиват, најмладиот град во заливот Бока, со шеталиште со палми и јахти. Слободно време за индивидуален разглед. Следува Котор, каде градот се разгледува со локален водич: лавиринт од средновековни цркви, катедрали и венецијански палати, на листата на УНЕСКО. Во Котор може да се видат поморскиот музеј, катедралата Св. Трифун, црквата Св. Лука, Столбот на срамот и црквата Св. Никола. По разгледот слободно време за ручек. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Патниците што нема да одат на излетот имаат слободно време, а на договорено место и време се собираат од Будва и тргнуваат кон Македонија. Пристигнување во Скопје по полноќ, на 03.01.2027 (недела).

ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 109 евра

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 евра

  • Превоз со автобус на дадената релација;
  • 2 ноќевања во приватни вили;
  • Организирана прошетка во Будва;
  • Придружник на групата за времетраење на аранжманот;
  • Организација на патувањето;
  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување;
  • Туристичка такса – 5 € (се плаќа во автобус);
  • Факултативна посета на Котор и Тиват – 40 €;
  • Факултативна посета на Дубровник – 45 €;
  • Индивидуални трошоци;
НАПОМЕНИ:
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници;
  • Превозот ќе биде со автобус или комбе, во зависност од бројот на патници;
  • Резервацијата се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, а комплетната доплата најдоцна 7 дена пред поаѓање;
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместувањето нема поврат на средства;
  • Реализацијата на излетите зависи од временските услови; организаторот го задржува правото да ги откаже излетите или да го промени редоследот;
  • Организаторот го задржува правото на промена на хотелот или апартманот поради технички причини или пребукирање, во објект од иста или повисока категорија, без надомест;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • Патните документи треба да важат најмалку 3 месеци по завршувањето на патувањето;
  • За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес

ID045

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ