Tour overview

ECO RESORT RTANJ – КОПАОНИК
ЗИМА 2026/2027

Копаоник, Србија – „Rtanj Eco Resort & Spa“ се наоѓа на 1.786 метри надморска височина, под врвот Мали Караман, директно до ски-стазата, во срцето на Копаоник. Го спојува вистинскиот планински дух со модерен комфор и е одличен избор за скијачи, семејства и парови.

Хотелот има ресторан, бар и тераса, Wellness & Spa центар (базен, сауни и фитнес), ски-гардероба, рецепција 24 часа, лифт, бесплатен Wi-Fi и паркинг, а на лице место може да се изнајми ски-опрема и да се купи ски-пас. Покрај хотелските соби, на располагање се и луксузни планински брвнари со кујна, дневна соба и приватна тераса. Цената за собите е по лице, на база ноќевање со појадок.

ЗОШТО „RTANJ“?
  • Директно до ски-стазата, под врвот Мали Караман;
  • Wellness & Spa (базен, сауни, фитнес) – вклучено во цената;
  • 30% попуст на вечерата во ресторанот „Оџаклија“ за време на престојот;
  • Деца до 3.99 год. – бесплатно;
  • Луксузни планински брвнари со кујна и приватна тераса.
ЦЕНОВНИК ЗИМА 2026/2027
Цените се по лице за 1 ноќевање на база НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК (минимум 4 ноќевања)
Тип на сместување 01.12–20.12.2026 20.12–27.12.2026 27.12.2026–03.01.2027 03.01–17.01.2027 17.01–31.01.2027 31.01–12.02.2027 12.02–15.02.2027 15.02–21.02.2027 21.02–28.02.2027 28.02–04.03.2027 04.03–14.03.2027 14.03–31.03.2027
Ртањска соба 58€ 71€ 112€ 84€ 68€ 72€ 89€ 82€ 72€ 80€ 65€ 53€
Супериор соба 70€ 103€ 150€ 101€ 80€ 89€ 102€ 95€ 89€ 111€ 76€ 66€
Супериор соба со балкон / Family 79€ 112€ 159€ 110€ 89€ 98€ 110€ 104€ 98€ 120€ 86€ 75€
Попусти за деца:
  • Деца до 3.99 год. – бесплатно;
  • Деца од 4 до 11.99 год. на сопствено легло – 30% попуст;
  • Деца од 4 до 11.99 год. на помошно легло – 50% попуст.
Планински брвнари:
  • Брвнара 2 (за 2 лица) – од 253€ до 337€ за ноќ со појадок, зависно од периодот; точна цена на упит.
Во цената е вклучено:
  • Ноќевање со појадок во хотелска соба – цена по лице;
  • Користење на Wellness & Spa центарот (базен, сауни, фитнес);
  • 30% попуст на храната за вечера во ресторанот „Оџаклија“;
  • Wi-Fi интернет, паркинг (според расположливост) и ски-гардероба.
Во цената не е вклучено:
  • Туристичка такса – 1€ по возрасен на ден, 0,64€ за деца од 7 до 15 год. (деца до 7 год. – бесплатно), се плаќа во хотелот;
  • Свечена новогодишна вечера – според понудата на хотелот;
  • Третмани во Wellness & Spa центарот (масажи и сл.);
  • Изнајмување ски-опрема и ски-пас;
  • Сè она што не е наведено во „Во цената е вклучено“.

ID005

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:


ФОТОГРАФИИ