Tour overview
18.12 – 21.12.26
Малта – Малтешкиот архипелаг, составен од Малта и нејзините сестрински острови Гозо и Комино, лежи во срцето на Медитеранот. Историското наследство на островите сведочи за цивилизација стара 7000 години, а различните народи што ги освојувале оставиле свои траги, кои најубаво се гледаат во времето на познатите витези од редот на Свети Јован. Во декември Валета и другите градови блескаат во празнични светилки и божиќни декорации, а божиќните пазари, музиката и мирисите на сезонски специјалитети создаваат вистинска празнична атмосфера.
| ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО |
| ПРВ ДЕН: 18.12.2026 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – МАЛТА |
Состанок на групата на скопскиот аеродром 2 часа пред времето на полетување. Полетување за Малта во 12:45 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Малта во 14:35 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за посета на божиќните пазари. Ноќевање.
| ВТОР ДЕН: 19.12.2026 (САБОТА) МАЛТА – МДИНА – ВАЛЕТА |
Појадок во хотел. Предлог: факултативен полудневен излет до централна Малта и Валета (трансфер и локален водич – 55 €). Најпрво посета на Мдина, стариот главен град на островот, познат како „Тивкиот град“, потоа Моста со кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“ и занаетчиското село Ta’Qali. Во договорено време тргнуваме кон Валета на организиран разглед со локален водич: градините Upper Barrakka Gardens со поглед на Големото пристаниште (Grand Harbour) и Ко – катедралата „Свети Јован“, дом на ремек – делото на Караваџо „Обезглавувањето на Свети Јован“. Слободно време за индивидуални активности во Валета. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
| ТРЕТ ДЕН: 20.12.2026 (НЕДЕЛА) МАЛТА – ГОЗО |
Појадок во хотел. Можност за факултативен целодневен излет на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг (трансфер и локален водич – 60 €). Посета на градот Victoria (Rabat) и цитаделата, предисторискиот комплекс Ggantija Temples, постар и од египетските пирамиди, областа со огромни карпи Dwejra и селцето Xlendi. Ручек во организација на агенцијата. Враќање во хотел. Ноќевање.
| ЧЕТВРТ ДЕН: 21.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) МАЛТА – MARSAXLOKK – СКОПЈЕ |
Појадок во хотел. Последниот ден предлагаме факултативен излет до Popeye Village и Marsaxlokk (трансфер и придружник од агенцијата – 35 €), најголемото рибарско село на Малта, и тура со брод до пештерите Blue Grotto. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 20:25 часот. Слетување во Скопје во 22:05 часот.
| ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 329 евра
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 евра |
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Директен лет на релација Скопје – Малта – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
- Аеродромски такси;
- Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром на Малта;
- Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
- Сместување во хотел со 3*, 3 ноќевања со појадок;
- Туристички придружник од агенцијата за време на целото патување;
- Професионална организација на аранжманот;
| Во цената на аранжманот не е вклучено: |
- Доплата за 20 kg багаж (куфер) – цената се објавува 2-3 дена пред тргнување;
- Доплата за еднокреветна соба – 120 €;
- Туристичка такса – 2 € на ден (се плаќа на рецепција);
- Факултативен полудневен излет до Валета и централна Малта (трансфер + локален водич) – 55 €;
- Факултативен целодневен излет на островот Гозо (трансфер + локален водич) – 60 €;
- Факултативен излет Popeye Village и Marsaxlokk (трансфер + придружник од агенцијата) – 35 € (задолжителна факултатива, се пријавува однапред). Не е вклучена влезницата за Popeye Village (од 15 до 20 €, се плаќа на лице место);
- Ручеци и влезници во објекти и локации;
- Индивидуални трошоци;
- Патничко осигурување;
| НАПОМЕНИ: |
Факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција при уплата на аранжманот. За нивна реализација потребни се минимум 14 пријавени патници.
- Резервација се прави со авансна уплата од 30 % од цената на аранжманот и копија од пасош;
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред поаѓањето;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 16 патници;
- Патните документи мора да важат минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето;
- Агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред тргнување;
- Хотелот се објавува 2 дена пред поаѓање;
- Деца до 11,99 години, доколку се придружувани од 2 возрасни лица, плаќаат 40 евра помалку од промотивната цена;
- Реализацијата на излетите зависи од временските услови. Организаторот го задржува правото во случај на неповолно време да ги откаже излетите, при што следува рефундација;
- За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес
ID019
ФОТОГРАФИИ

