Tour overview
04.12 – 08.12.26
Темишвар и Сибиу – Два прекрасни европски града и два магични божиќни маркети. Темишвар ве пречекува со светкави улици и празнични украси, а Сибиу со волшебно украсен главен плоштад. Божиќниот маркет во Сибиу се смета за најдобар во Романија.
| ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО |
| ПРВ ДЕН: 04.12.2026 (ПЕТОК) МАКЕДОНИЈА – ТЕМИШВАР |
Состанок на групата во 18:00 часот, планирано поаѓање во 18:30 часот пред спортската сала во Битола. Собирање на патниците од другите градови. Ноќно возење преку Србија.
| ВТОР ДЕН: 05.12.2026 (САБОТА) ТЕМИШВАР |
Пристигнување во Темишвар во утринските часови. Организиран разглед на градот со локален водич, со неговата архитектура и паркови. Сместување во хотел. Слободно време и факултативна вечерна посета на божиќниот маркет (5 €). Ноќевање.
| ТРЕТ ДЕН: 06.12.2026 (НЕДЕЛА) ЗАМОКОТ КОРВИН – СИБИУ |
Појадок во хотел. Факултативен излет (60 €) со прошетка до замокот Корвин, ренесансно-готски замок од 15 век, а потоа до Сибиу. Божиќниот маркет во Сибиу е најдобриот во Романија. Враќање во хотел. Ноќевање.
| ЧЕТВРТ ДЕН: 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) АМАЗОНИА – МАКЕДОНИЈА |
Појадок во хотел и одјавување. Факултативна посета на термалните бањи „Амазониа“ со аквапарк и спа центар (40 €). Враќање кон Македонија.
| ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 149 евра за резервации до 31.10.2026
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169 евра |
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Автобуски превоз на дадената релација;
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*;
- Разглед на градот со локален водич;
- Туристички придружник на патувањето;
| Во цената на аранжманот не е вклучено: |
- Вечерна посета на божиќниот маркет – 5 €;
- Факултативен излет Замок Корвин и Сибиу – 60 €;
- Факултативна посета на термални бањи – 40 €;
- Туристичка такса – 5 €;
- Доплата за еднокреветна соба – 50 €;
- Патничко осигурување;
| НАПОМЕНИ: |
За реализација на факултативните излети потребни се минимум 20 пријавени патници.
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници;
- Откажувањето на аранжманот од страна на организаторот се известува најдоцна 5 дена пред датумот на поаѓање;
- За ова патување мора да имате важечки пасош;
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите;
- За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес
ID077

