Tour overview

29.12.2026 – 02.01.2027

Новогодишен Рим – доживејте ја магијата на Вечниот град во празничниот период и започнете ја 2027 година со прошетки низ најпознатите плоштади, фонтани и историски знаменитости. Од Колосеумот и Римскиот форум, преку Фонтаната ди Треви и Шпанските скали, до Ватикан, Трастевере и гробот на Св. Кирил – Рим нуди незаборавна комбинација од историја, култура, архитектура и италијанска атмосфера.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО – 5 ДЕНА / 4 НОЌЕВАЊА
ПРВ ДЕН: 29.12.2026 (ВТОРНИК) СКОПЈЕ – РИМ

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 13:55 часот. Лет за Рим W6 4757 во 15:55 часот. Пристигнување во Рим во 17:40 часот. Трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Вечерта слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

ВТОР ДЕН: 30.12.2026 (СРЕДА) РИМ – ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД

Појадок. Пешачки панорамски разглед на Рим со јавен превоз. Разгледот започнува кај триумфалната порта на цар Константин, покрај Колосеумот, по улицата Фиори Империали, каде ќе се запознаете со Римскиот форум и историјата на Рим во времето на античкиот и царскиот период. Разгледот продолжува кон плоштадот Кампидољо, каде се наоѓа познатиот музеј во Рим, општината на градот и седиштето на градоначалникот, дизајниран од Микеланџело. Продолжуваме покрај плоштадот Венеција, каде се наоѓа гробницата на Незнајниот јунак во олтарот дела Патриа и споменикот на Виторио Емануеле II. Следува прошетка по познатата Виа Дел Корсо, најпознатата шопинг улица во Рим, и посета на Фонтаната ди Треви. Не заборавајте да фрлите паричка за да го обезбедите вашето враќање во Вечниот град. Покрај познатите Шпански скали, каде се наоѓа фонтаната дела Баркача од Бернини, разгледот завршува на плоштадот Пјаца дел Пополо, кој се наоѓа на северната порта на Аурелијанските ѕидини. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) РИМ – ВАТИКАН – НАВОНА

Појадок. Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот, каде се изложени бројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби и црквата Св. Петар. По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од I век. Познат како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордост на барокот на градот, со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi. Вечерта индивидуален дочек на Новата година на некој од познатите плоштади во Рим. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН: 01.01.2027 (ПЕТОК) РИМ – РИМОКАТОЛИЧКИ БАЗИЛИКИ И ГРОБОТ НА СВ. КИРИЛ

Појадок. Можност за факултативна прошетка низ Рим со јавен превоз и посета на катедралата Сан Џовани Латерано, базиликата Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи и една од најпознатите скулптури на Микеланџело – Мојсеј. Прошетката продолжува покрај Колосеумот, со кратка пауза за фотографирање, до црквата Сан Клементе, каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил. Во долниот дел на црквата се наоѓаат важни археолошки ископини, каде ќе имате можност да видите оригинален пагански олтар од I век пр.н.е. Враќање во хотел. Вечерта препорачуваме прошетка низ познатиот боемски кварт Трастевере, посета на црквата Св. Марија ин Трастевере и единствениот остров на Тибар. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН: 02.01.2027 (САБОТА) РИМ – ТИВОЛИ – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на прекрасната Villa D’Este во Тиволи. Нејзината градина се наоѓа на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите европски градини во маниристички и барокен стил. Враќање во Рим. Трансфер до аеродромот во Рим во 15:00 часот. Лет за Скопје W6 4758 во 18:20 часот. Пристигнување во Скопје во 20:05 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 599€
STANDARD
599 €
ПРОМО: 569 €
SUPERIOR
679 €
ПРОМО: 649 €
PREMIUM
759 €
ПРОМО: 719 €
Панорамски разглед 3 разгледи 4 разгледи

Плаќање во денарска противвредност.

РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ – ШТО ВКЛУЧУВААТ ПАКЕТИТЕ
  • Организиран панорамски разглед на Рим – STANDARD ✓ | SUPERIOR ✓ | PREMIUM ✓
  • Посета на римокатоличките катедрали и гробот на Св. Кирил со вклучена влезница и јавен превоз – STANDARD 25 € | SUPERIOR ✓ | PREMIUM ✓
  • Посета на Ватикан со јавен превоз, резервација, слушалки, локален водич и влезница – STANDARD 70 € | SUPERIOR ✓ | PREMIUM ✓
  • Посета на Тиволи со јавен превоз, резервација, локален водич, слушалки и влезница во Вила Д’Есте – STANDARD 80 € | SUPERIOR 80 € | PREMIUM ✓
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Авионски превоз на релација Скопје – Рим – Скопје со Wizz Air, со вклучени аеродромски такси;
  • Сместување во Хотел San Lorenzo B&B 3★, на база 4 ноќевања со појадок;
  • Панорамски разглед на Рим со локален водич;
  • Рачна торба 20 × 40 × 30 cm, до 8 кг;
  • Организирани трансфери во Рим: аеродром – хотел – аеродром;
  • Организација на аранжманот и туристички придружник.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Патничко и здравствено осигурување – околу 220 денари;
  • Туристичка такса – 6 € по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција;
  • Wizz Priority со голема кабинска торба 55 × 40 × 23 cm до 10 кг;
  • Пријавен багаж до 20 кг – информација во агенција;
  • Пријавен багаж до 32 кг – информација во агенција;
  • Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција;
  • Доплата за еднокреветна соба – 220 €;
  • Билети за превоз со метро – 1,50 € по правец / 8,50 € дневен билет 24h;
  • Влезници за културно-историските споменици кои не се вклучени во избраниот пакет.
НАПОМЕНИ:
  • За реализација на факултативните посети потребен е минимум од 17 патници;
  • Можни се промени во редоследот на програмата во зависност од работното време на објектите за посета;
  • Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот;
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.

ID011

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

 

ФОТОГРАФИИ