Tour overview
29.12.2026 – 01.01.2027
Дочек на Новата 2027 година во Истанбул – магичниот град на два континента, каде Европа и Азија се спојуваат преку Босфорот. Истанбул е град со илјада лица, богата историја, величествени палати, прекрасни џамии, живописни населби, традиционални чаршии и неповторлива ориентална атмосфера. Доживејте го Истанбул во најпразничниот период од годината, прошетајте низ Фенер и Балат, уживајте во погледите кон Босфорот и дочекајте ја Новата 2027 година во еден од највозбудливите градови во светот.
| ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО |
| ПРВ ДЕН: 29.12.2026 (ВТОРНИК) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ |
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06:30 часот. Полетување кон Истанбул во 08:45 часот и слетување во 12:25 часот по локално време. По пристигнувањето следува организиран трансфер со автобус од аеродромот до хотелот. Сместување во хотел „Prestige“ 3★ во Лалели, во централниот дел на Истанбул, област богата со локална архитектура и историско наследство. Хотелот е оддалечен околу 900 метри од Капали Чаршија, една од најпознатите и најголеми покриени чаршии во градот.
Слободно време за одмор и индивидуални активности. Можност за посета на Капали Чаршија и прошетка низ околината. Во вечерните часови организирано заминување кон плоштадот Таксим, срцето на модерниот Истанбул и едно од омилените места за прошетка, шопинг и уживање во празничната атмосфера. Слободно време за прошетки, вечера и шопинг. Во договореното време враќање во хотелот. Ноќевање.
| ВТОР ДЕН: 30.12.2026 (СРЕДА) ИСТАНБУЛ – РАЗГЛЕД НА ГРАДОТ |
Појадок во хотел. Заминување на групата со локален туристички водич на организиран разглед на Истанбул. Ќе ги посетиме најзначајните знаменитости на историскиот дел од градот. Пешачката тура започнува на плоштадот Султан Ахмед, каде се наоѓа Сината Џамија, а продолжува кон Аја Софија, еден од најмонументалните верски споменици во Истанбул. Продолжуваме кон Топ Капи, палатата која повеќе од 400 години била дом на османлиските султани. Од дворот на палатата ќе уживаме во импресивниот поглед кон Босфорот и Златниот Рог.
Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Во вечерните часови можност за факултативна предновогодишна забава во Гар ресторан со вечера и музика. Враќање во хотелот. Ноќевање.
| ТРЕТ ДЕН: 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) ФЕНЕР – БАЛАТ – БОСФОР – ДОЧЕК НА НОВАТА 2027 ГОДИНА |
Појадок во хотел. Денот е предвиден за прошетка низ живописните историски населби Фенер и Балат, области со богато мултикултурно наследство и препознатлива архитектура. Со локалниот туристички водич ќе прошетаме низ калдрмисаните улици, покрај шарените куќи, кафулињата и антикварниците и ќе ги откриеме скриените места и архитектонските богатства на овој дел од Истанбул.
Ќе ја посетиме и Бугарската железна црква „Свети Стефан“, впечатлив храм изграден од префабрикувани делови од леано железо. По разгледот, во договореното време продолжуваме кон Босфорот, каде што е предвидена можност за факултативно крстарење. За време на крстарењето ќе уживаме во погледите кон Истанбул од водите што ги разделуваат Европа и Азија, со прекрасни глетки кон палатите, замоците и крајбрежните резиденции.
По завршувањето на крстарењето враќање во хотелот. Вечерта можност за дочек на Новата 2027 година во индивидуална режија или факултативно организирано во ресторан со вечера и музика. Ноќевање.
| ЧЕТВРТИ ДЕН: 01.01.2027 (ПЕТОК) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ |
Појадок во хотел. Првиот ден од Новата 2027 година ќе го започнеме со слободно време за релаксација, индивидуални прошетки и шопинг. Можност за уживање во празничната атмосфера на Истанбул и посета на најблискиот трговски центар. Во договореното време организиран трансфер од хотелот до аеродромот. Полетување од Истанбул во 20:30 часот. Слетување во Скопје во 19:55 часот по локално време.
| ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 539 евра
33.420 денари – плаќање во денарска противвредност |
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Авионски билет на релација Скопје – Истанбул – Скопје со авиокомпанијата Turkish Airlines, со вклучени аеродромски такси;
- Рачен багаж до 8 кг и чекиран багаж до 20 кг по лице;
- Сите трансфери предвидени во програмата;
- Три ноќевања со појадок во хотел „Prestige“ 3★ во Истанбул;
- Организиран разглед на градот со лиценциран туристички водич;
- Посета на сите предвидени места и области во програмата;
- Лиценциран туристички придружник.
| Во цената на аранжманот не е вклучено: |
- Доплата за еднокреветна соба – 90 евра;
- Факултативно крстарење по Босфор – 20 евра;
- Предновогодишна забава во Гар ресторан со вечера и музика – 40 евра;
- Дочек на Новата 2027 година во Гар ресторан со вечера и музика – 95 евра;
- Влезница за Аја Софија – 30 евра;
- Влезница за Топ Капи – 50 евра;
- Влезница за Долмабахче – 40 евра;
- Патничко осигурување.
| НАПОМЕНИ: |
- За потврда на резервацијата е потребна задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот;
- Целосната доплата на аранжманот се врши најдоцна до 25.11.2026 година;
- Секоја резервација без извршена уплата е валидна 48 часа;
- За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 пријавени патници;
- Плаќањето се врши во денарска противвредност по курсот на агенцијата.
- За оваа програма важат Општите услови за патување на СКТМ.
ID047

