329€
  • Божиќен Базар
  • Опис
  • Програма
  • Фотографии

Tour overview

Малта – Малтешкиот архипелаг е место каде историјата, медитеранската светлина и убавините на морето се среќаваат на неверојатно малку простор. Древни храмови постари од египетските пирамиди, средновековни тврдини, барокни катедрали и тесни калдрмисани улички ја прават Малта музеј на отворено. Во декември островот добива посебна магија: Валета и другите градови блескаат во илјадници светилки, а божиќните штандови, музиката и мирисите на сезонски специјалитети создаваат вистинска празнична атмосфера. Со блага зима и без големи толпи туристи, ова е идеално време да се запознае Малта.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 10:30 часот. Полетување за Малта во 12:45 часот. Пристигнување на аеродромот во Малта во 14:35 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Слободно време. Во вечерните часови предлагаме прошетка низ празнично украсената Валета, која во декември добива посебна магија. Главните улици Republic Street и Merchant Street, како и плоштадите во срцето на градот, блескаат во илјадници светилки и божиќни декорации, а празничната атмосфера ја надополнуваат музиката, локалните штандови, мирисите на сезонски специјалитети и бројните божиќни настани. Слободно време за прошетка, уживање во празничната атмосфера и индивидуални активности. Ноќевање.

ВТОР ДЕН: 05.12.2026 (САБОТА) МДИНА И ВАЛЕТА

Појадок во хотел. Во пладневните часови посета на Мдина, стариот средновековен главен град на Малта. Мдина останала центар на малтешкото благородништво и религиозните власти, а поради тишината на нејзините улици ја викаат „Тивкиот град“. Во градот не се дозволени автомобили (освен ограничен број жители, возила за итни случаи, свадбени коли и коњи), а тој прикажува необичен спој на норманска и барокна архитектура, вклучувајќи неколку палати, од кои повеќето денес служат како приватни домови. Во попладневните часови се упатуваме кон Валета, град кој е зачуван во старите ѕидини и во потполност го чува духот на минатите времиња. Денес градот е на листата на светското наследство на УНЕСКО, а најзначајни знаменитости се Ко-катедралата „Свети Јован“, поранешна манастирска црква на Малтешките витези, Палатата Кастиљ (денес седиште на премиерот), утврдувањата што витезите ги изградиле за одбрана на градот, Палатата на Големиот мајстор (денес седиште на малтешкиот парламент) и Националниот музеј на убавите уметности. Враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 06.12.2026 (НЕДЕЛА) МАЛТА – ГОЗО

Појадок во хотел. По појадокот се упатуваме на целодневна посета на Гозо, омилено излетничко место на Малтежаните (Calypso’s Island) и вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Гозо бил важно место за културна еволуција, а во неолитот таму биле изградени храмовите Ѓантија, кои се меѓу најстарите самостојни структури и најстарите религиозни градби во светот. Името на храмот на малтешки значи „припаѓање на гигантите“, бидејќи според легендата во малтешкиот и гозитанскиот фолклор храмовите ги изградиле гиганти. Друг важен археолошки локалитет од неолитот на Гозо е Камениот круг Ксагра. Попладне враќање во хотел. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН: 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) МАЛТА – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Можност за факултативна посета на селото Попај (50 евра по лице, со вклучен трансфер и билет). Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 20:25 часот. Пристигнување во Скопје во 22:10 часот.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 329 евра за уплата до 20.10.2026

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 359 евра

  • Авионски превоз на релација Скопје – Малта – Скопје, со вклучени аеродромски такси;
  • Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm, максимум 8 kg;
  • Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром во Малта;
  • Сместување во хотел, 3 ноќевања со појадок;
  • Организација и водство на аранжманот;
  • Придружник од агенцијата за целото патување;
  • Влезници за културно-историските музеи;
  • Доплата за багаж (информации во агенција);
  • Патничко осигурување;
  • Туристичка такса – 750 денари (се плаќа во агенција);
  • Индивидуални трошоци;
  • Факултативна посета на селото Попај – 50 €;
НАПОМЕНИ:

Калкулацијата за факултативниот излет е направена на минимум 15 лица, а пријавувањето е при резервација во агенција.

  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 20 патници;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За ова патување мора да имате пасош кој важи минимум 6 месеци до денот на враќањето;

ID076

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ