249€
  • НОВА ГОДИНА 2027
  • Опис

Tour overview

30.12.2026 – 03.01.2027

Дочек на Новата 2027 година во Котор – Стариот град Котор е најубавиот дел од овој медитерански град. Кога ќе зачекорите во него, ќе имате впечаток дека се наоѓате во голем музеј на отворено. Богат со тесни премини, старински куќи, палати, музеи и осветлени поплочени плоштади, Котор создава неповторлива атмосфера и претставува вистински времеплов низ историјата. Уживајте во прекрасниот амбиент на Стариот град, во музиката на уличните свирачи, традиционалната кујна и новогодишната атмосфера. Во рамките на патувањето е предвидена и посета на Дубровник – еден од најпознатите и најубавите градови на Јадранското Море. Доживејте ја магијата на Котор и започнете ја 2027 година со незаборавно патување.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

Заминување на групата од Кавадарци во 22:30 часот, а од Скопје во 00:15 часот, пред туристичките агенции. Патувањето продолжува кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија, со попатни паузи за одмор.

ВТОР ДЕН: 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) КОТОР – ДОЧЕК НА НОВАТА 2027 ГОДИНА

Пристигнување во Котор во претпладневните часови. Следува организиран разглед на градот, кој се наоѓа на листата на УНЕСКО како светско културно наследство, пред сè поради својата историска архитектура и прекрасниот природен амбиент. Во текот на разгледот ќе ги видиме Катедралата „Свети Трифун“, црквата „Свети Лука“, како и старите градски плоштади и улици. Потоа следува сместување во хотелот „Marija“ 3★, сместен во рамките на Стариот град Котор. Слободно време за одмор, индивидуални прошетки и уживање во новогодишната атмосфера. Во вечерните часови следува организиран дочек на Новата 2027 година со богата музичка програма и настап на регионалната музичка ѕвезда Здравко Чолиќ. Враќање во хотелот. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 01.01.2027 (ПЕТОК) КОТОР – ДУБРОВНИК

Појадок во хотел. Организирано заминување кон Дубровник, еден од најатрактивните и најпознатите градови на Средоземјето, кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Стариот град е опкружен со познатите дубровнички ѕидини и поделен со главната улица Страдун. Следува разглед на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време враќање кон Котор. Во вечерните часови следува забава на отворено. Враќање во хотелот. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН: 02.01.2027 (САБОТА) КОТОР – СЛОБОДЕН ДЕН

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ Котор. Уживајте во Стариот град, продавниците и малите ресторани во кои можете да ги пробате медитеранските специјалитети. Во вечерните часови следува богата музичка програма со настап на групата Забрањено Пушење и популарниот Сејо Сексон, рок-музичар и композитор. Враќање во хотелот. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН: 03.01.2027 (НЕДЕЛА) КОТОР – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Во договорено време одјавување од хотелот и заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 249 евра

15.440 денари – плаќање во денарска противвредност

  • Превоз со туристички автобус;
  • Три ноќевања со појадок во хотелот „Marija“ 3★ во Котор;
  • Организиран разглед на Котор со локален туристички водич;
  • Организиран излет до Дубровник и разглед со локален туристички водич;
  • Организација на патувањето и туристички придружник.
  • Туристичка такса – 1 евро по лице на ноќ (се плаќа во агенцијата);
  • Патничко осигурување.
НАПОМЕНИ:
  • За потврда на резервацијата е потребна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосната доплата на аранжманот се врши најдоцна до 25.11.2026 година;
  • Секоја резервација без извршена уплата е валидна 48 часа;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 пријавени патници;
  • За оваа програма важат Општите услови за патување на СКТМ.

ID047

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ: