Tour overview

Вилата Елени се наоѓа во градот Ипсос, на 250 метри оддалеченост од плажата.

Вилата располага со двокреветни студија и четирикреветни апартмани. Сите соби имаат комплетно опремена мини кујна со решо, основен прибор за соодветниот број на лица, фрижидер, тоалет, ТВ, тераса и интернет конекција. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена се на ваша одговорност.

Базенот е достапен за гостите со бесплатна лежалка. Постои можност за изнајмување клима, која се доплатува на лице место и изнесува 7 евра од ден.

ТЕРМИНИ БРОЈ НА НОЌЕВАЊА ПРОМО ЦЕНА / Редовна цена по лице
30.05 – 06.06.2026 7 99 € / 159 €
06.06 – 13.06.2026 7 119 € / 169 €
13.06 – 20.06.2026 7 139 € / 189 €
20.06 – 27.06.2026 7 169 € / 209 €
27.06 – 04.07.2026 7 199 € / 249 €
04.07 – 11.07.2026 7 219 € / 269 €
11.07 – 18.07.2026 7 239 € / 299 €
18.07 – 25.07.2026 7 259 € / 329 €
25.07 – 03.08.2026 9 349 € / 409 €
03.08 – 12.08.2026 9 349 € / 409 €
12.08 – 21.08.2026 9 349 € / 409 €
21.08 – 29.08.2026 8 279 € / 349 €
29.08 – 05.09.2026 7 229 € / 279 €
05.09 – 12.09.2026 7 199 € / 259 €
12.09 – 19.09.2026 7 169 € / 229 €
19.09 – 26.09.2026 7 129 € / 209 €

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: 120 € по лице

ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
  • Автобуски превоз Скопје – Крф – Скопје
  • 7/8/9 ноќевања во студија/апартмани во Ипсос на база на наем
  • Пратител за време на патувањето
  • Водич за време на престојот
  • Трошоци за организација и реализација на патувањето
НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
  • Траект Игуменица – Крф – Игуменица (30 € по лице повратна карта)
  • Факултативни излети
  • Туристичка такса (1 € од соба од ден)
  • Патничко осигурување (задолжително)
  • Индивидуални трошоци на патниците
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
0 ДЕН – СКОПЈЕ-КРФ

Состанок на групата пред Хотел Континентал во договореното време еден ден пред почетокот на аранжманот. Тргнување во вечерните часови. Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности. Во раните утрински часови пауза на Јанина (Stop&Go). Патувањето продолжува до Игуменица од каде што се качуваме на траект и за нешто помалку од 2 часа пристигнуваме на пристаништето во градот Крф. Од таму за 20 минути пристигнуваме во Ипсос. Сместувањето во вилата започнува од 14:00 часот.

1.-7./9. ДЕН

Престој во Вилата со можност за факултативни екскурзии.

8./10. ДЕН КРФ-СКОПЈЕ

За времето на враќање ќе имате координација со водичот, кој цело време ќе биде со вас за организација на екскурзиите. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

УСЛОВИ ЗА ДЕЦА
  • Деца до 2 години – без доплата
  • Деца од 3 до 8 години – 50% попуст
  • Деца од 9 до 12 години – 30% попуст
УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ
  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 21 ден пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.
ОПШТИ НАПОМЕНИ
  • За програмата важат Општите Услови за патување на СКТМ.
  • Цените се по лице за 7 ноќевања/8 дена односно 9 ноќевања/10 дена.
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од датумот на завршување на патувањето.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот (тргнувањето е еден ден порано).
  • За еднокреветна соба се доплаќа плус 70% од редовната цена.
  • За сопствен превоз се одземаат 20 € од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минимум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Сместување во собите е после 14:00 часот, а напуштање на истите е до 09:00 часот по локално време.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Цените објавени во табелите се конечни. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.

Агенцијата организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

 

Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на Т.А. Балкан експрес травел и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.

ID072

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

 

ФОТОГРАФИИ