Tour overview

Вила „Фарос“ во својот состав располага со повеќе типови на студија и апартмани за одмор. Сместен на растојание од околу шеесетина метри од шеталиштето и центарот на градот, а од познатата плажа со термални извори не повеќе од 800 метри, овој објект претставува одличен избор за сместување во Едипсос. Покрај лифт, рецепција и мало лоби, објектот во својот состав вбројува и студија и апартмани од кои дел се наоѓаат на високото приземје, а другите на првиот и вториот кат од неговата зграда. Во зависност од ориентацијата, од балконите се пружаат погледи кон улицата, дворот или морето. Сите студија и апартмани се опремени со соодветен мебел, мини кујна, ТВ и клима уред (со доплата 3 евра по ден), како и WI-FI интернет за потребите на нивните гости.

Координати на Вилата;

10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 28.02.2026, СО 50% УПЛАТА!
ТЕРМИН НОЌЕВАЊЕ 1/2 Студио 1/2+1 Студио со поглед на море
23.05.2026 7 179€ 196€
30.05.2026 7 200€ 217€
06.06.2026 7 214€ 231€
13.06.2026 7 270€ 291€
20.06.2026 7 270€ 291€
27.06.2026 7 284€ 308€
04.07.2026 7 305€ 329€
11.07.2026 7 322€ 347€
18.07.2026 7 336€ 364€
25.07.2026 7 336€ 364€
01.08.2026 7 336€ 364€
08.08.2026 7 336€ 364€
15.08.2026 7 322€ 347€
22.08.2026 7 305€ 329€
29.08.2026 7 284€ 308€
05.09.2026 7 284€ 308€
12.09.2026 7 249€ 270€
19.09.2026 7 200€ 214€

Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете)

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ

Приземје:

  • Aпартман бр.3 и 4 тип 2 Bedroom 1/2+1/1 (еден единечен со ширина 90 и два единечени со ширина 80 cm

Втор кат:

  • Студио бр.13 1/2 (брачен кревет со ширина 150 cm)
  • Студио бр.14 тип 1/2 (два единечени кревети со ширина 90 cm)
  • Студио бр.15 тип 1/2 (два единечени кревети со ширина 90 cm)
  • Студио бр.16 тип 1/2 (два единечени кревети со ширина 90 cm)
  • Студио бр.17 1/2 SV (брачен кревет со ширина 150 cm)
  • Студио бр.18 1/2 SV (брачен кревет со ширина 150 cm)
  • Студио бр.19 тип 1/2 SV (два единечени кревети со ширина 90 cm)

Сите соби се опремени со кујна опремена со мини фрижидер сo комора, решо со две рингли, висечки елемент над кујна и под кујна и се опремени со LCD TV, клима и маса и столчиња, (соодветен број на кревети). Прозорите имаат шибер ролетна и завеси, но немаат комарник. Тоалетот е со туш када дирекно на плочки со вентилација или прозор.

Околина: Во близина на вилата се наоѓаат фурна, ресторани по главната улица покрај море за шетање, паркинг на улица покрај вилата.
Чистење: студио еднаш за време на престој, промена на постелина еднаш за време на престој.
Забелешка: Има Wi Fi Internet.
* Апартман бр. 3 и 4 имаат заедничка кујна.
* Достапна е посебна просторија за куфери за последниот ден од патувањето,тоалет и кујна кој ќе може да го користат гостите.

НАПОМЕНИ
  • Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор
  • Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
  • Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
  • Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
  • Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
  • Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите. Секоја промена на резервација се наплатува 15 € .
  • ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.
  • При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
  • Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
  • За овој аранжман важат Општите услови на патување на ТА БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ Скопје кои се составен дел од Договорот за патување.
ПРЕВОЗ
Цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од
Скопје до 20 jуни (Автобус+Траект) Време на поаѓање Цена
Скопје – паркинг, СРЦ “Борис Трајковски” 00:30 70€
Велес – бензиска пумпа, мотел Македонија 01:00 70€
Неготино – бензиска пумпа “Макпетрол” 01:30 70€
Смоквица – бензиска пумпа “Shell” 02:00 70€
Гевгелија – бензиска пумпа, граничен премин 02:30 70€
Цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од
Скопје од 27 jуни (Автобус+Траект) Време на поаѓање Цена
Скопје – паркинг, СРЦ “Борис Трајковски” 23:30 70€
Велес – бензиска пумпа, мотел Македонија 00:00 70€
Неготино – бензиска пумпа “Макпетрол” 00:30 70€
Смоквица – бензиска пумпа “Shell” 01:00 70€
Гевгелија – бензиска пумпа, граничен премин 01:30 70€
  • Цена на повратен автобуски превоз: 70 EUR (50 EUR за дете 02 до 12 год.)
  • Цена на автобуски превоз во правец: 50 EUR
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

ID 011

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ