Tour overview

Апартман АНАСТАСИЈА е лоциран во центарот на Неа Плагија, во близина на таверната ,,Hriso Pagoni и на околу 60 метри од плажа. Располага со 1/4+2 дуплекс, со две одделни спални соби во едната француски лежај, во другата спална соба два единечни кревети, дневна соба со легла на извлекувања во продолжение е и комплетно опремена кујна, WC и голем балкон.

Користење на клима уредот е вклучено во цената.

Туристичката такса се плаќа во агенцијата – 4 од ноќ.

Координати на апартман „Анастасија“.

10% на термини во мај и јуни за резервација и 50% уплата до 28.02.2026

Попустот НЕ важи за промо цeните!

Цените се за наем на дуплекс

Термини Ноќевања 1/4+2 ДУПЛЕКС
23.05.2026 7 199 *промо
30.05.2026 7 310
06.06.2026 7 380
13.06.2026 7 520
20.06.2026 7 600
27.06.2026 7 650
04.07.2026 7 770
11.07.2026 7 840
18.07.2026 7 840
25.07.2026 7 860
01.08.2026 7 860
08.08.2026 7 860
15.08.2026 7 840
22.08.2026 7 720
29.08.2026 7 620
05.09.2026 7 530
12.09.2026 7 450
19.09.2026 7 220

Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин, попустите не се комбинираат.

НАПОМЕНИ
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот;
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот;
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин;
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер го задржуваат правото да не ги примат лицата што не се наведени во ваучерот или за нив да побараат соодветен финансиски надомест;
  • Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата;
  • Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената;
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за неа од клиентите што се сместени во моментот;
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уредот и интернетот е вклучено во цената;
  • Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда;
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, нивниот недостиг не е одговорност на вработените во агенцијата и на самата агенција.

За овој апартман важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А. „Балкан експрес травел“.

ПРЕВОЗ

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место што е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

Цените за превозот се:

  • 3а возрасни 3.100 мкд. (50 евра) / еден правец 2.480 (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра) / еден правец 2.170 мкд ( 35 евра)

Деца до 2 години бесплатно, без седиште

ID043

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ