Tour overview

Неа Рода е мало, но живописно место на североисточниот брег на Халкидики. Се наоѓа на полуостровот Атос, во близина на морето, и е познато по својата природна убавина и мирна атмосфера. Неа Рода има пристап до прекрасни плажи, со кристално чисто и мирно море, идеално за одмор и рекреација.

Вила „M&B Boutique“ се наоѓа во централниот дел на градот, на само 70 метри од градската плажа. Вилата располага со четирикреветни студија и четирикреветни апартмани, модерно уредени и опремени со нов инвентар. Кујната е опремена со кујнски прибор, апарат за кафе/нескафе, тостер, електричен бокал за вода и фрижидер; во кујните нема шпорет. Има клима (вклучена во цената), бања со средства за лична хигиена, пешкири и фен, тераса, Wi-Fi и паркинг. Во цената е вклучено неограничено користење на вода, кафе, двопек, путер, џем, мед и млеко за кафе. Чистењето на собите и менувањето на постелнината и пешкирите е еднаш во текот на престојот, секоја среда.

Координати на вилата „M&B Boutique“.

BLACK FRIDAY – 10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 27.11.2026, СО 50% АВАНС И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА ДО 05.03.2027 (ЗА СИТЕ ТЕРМИНИ)
10% ПОПУСТ НА ВТОРИОТ ТЕРМИН ПРИ УПЛАТА НА ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ТЕРМИНИ (ВАЖИ САМО НА РЕДОВНИТЕ ЦЕНИ)
Термин 1/4 студио 1/4 апартман
23.05.2027 250 € 300 €
30.05.2027 300 € 350 €
06.06.2027 350 € 450 €
13.06.2027 390 € 590 €
20.06.2027 590 € 790 €
27.06.2027 690 € 890 €
04.07.2027 790 € 990 €
11.07.2027 890 € 1190 €
18.07.2027 990 € 1290 €
25.07.2027 990 € 1290 €
01.08.2027 990 € 1290 €
08.08.2027 990 € 1290 €
15.08.2027 990 € 1290 €
22.08.2027 990 € 1290 €
29.08.2027 890 € 1090 €
05.09.2027 690 € 890 €
12.09.2027 490 € 690 €
19.09.2027 300 € 390 €
26.09.2027 200 € 300 €

Цените во табелата се редовни, без Black Friday попустот од 10%.

Цените се за наем на цела сместувачка единица за 7 ноќевања, без превоз.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Наем на сместувачката единица за 7 ноќевања;
  • Користење на клима уредот;
  • Вода, кафе, двопек, путер, џем, мед и млеко за кафе;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Туристичка такса 20 € по студио/апартман за 7 ноќевања – се плаќа во агенција;
  • Патничко осигурување (задолжително);
  • Превоз (по желба): за возрасен 60 € повратно / 50 € во еден правец; деца до 12 години 45 € / 35 € во еден правец; деца до 2 години (без седиште) – бесплатно;
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО

1/4 студио – бр. 101 – се наоѓа на приземје и излегува во самиот двор. Студиото располага со голем брачен кревет, софа и фотелја на расклопување. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 1 дете до 12 години.

1/4 студио – бр. 205 – се наоѓа на прв кат. Студиото располага со голем брачен кревет, софа и фотелја на расклопување. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 1 дете до 12 години.

1/4 студио – бр. 305 – се наоѓа на втор кат, со поглед на море. Студиото располага со голем брачен кревет, софа и фотелја на расклопување. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 1 дете до 12 години.

1/4 апартман – бр. 204 – се наоѓа на прв кат. Апартманот располага со две големи простории: во првата има голем брачен кревет, а во втората два големи единечни споени кревети, кујна, тоалет и балкон, кој излегува од двете простории. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години.

1/4 апартман – бр. 304 – се наоѓа на втор кат. Апартманот располага со две големи простории: во првата има голем брачен кревет, а во втората два големи единечни споени кревети, кујна, тоалет и балкон, кој излегува од двете простории. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години.

НАПОМЕНИ
  • Цените во табелата се за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62,00 денари).
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени што се разликуваат од оние што се веќе објавени во ценовникот. Лицата што го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
  • Попустите НЕ може да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попустот за рано букирање и попустот за две смени НЕ може да се комбинираат.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Black Friday попустот од 10% важи за резервации направени до 27.11.2026, со аванс од 50% при резервација и целосна доплата до 05.03.2027, за сите термини. Попустот не се комбинира со другите попусти.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети и капацитетот на сместувачката единица.
  • Бројот на лица што се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот, кој го издава организаторот на патувањето.
  • Преземањето на собите е по 14 часот – локално време, а напуштањето е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • При промена или отказ на резервацијата се наплатуваат 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови за патување.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ може да се откаже аранжманот или да се промени терминот на резервацијата.
ПРЕВОЗ
  • Превозот не е вклучен во цената и може да се доплати – цените се наведени во „Цената не вклучува“.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
  • Патникот е должен минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

ID 010

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ