Tour overview

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот, во кој живеат повеќе од 3000 жители, има долга песочна плажа, која има „Сино знаме“ за чистота, и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулијани.

Вила „M&B Suites“ се наоѓа во мирен дел на градот, на само 50 метри од градската плажа. Вилата располага со четирикреветни и трикреветни студија, модерно уредени и опремени со нов инвентар: комплетно опремена кујна, фрижидер, клима (вклучена во цената), сопствено купатило, пешкири и фен за коса, тераса, Wi-Fi и сопствен паркинг. Чистењето на студијата и менувањето на постелнината и пешкирите е еднаш во текот на престојот, секоја среда.

Координати на вилата „M&B Suites“.

10% ПОПУСТ НА ВТОРИОТ ТЕРМИН ПРИ УПЛАТА НА ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ТЕРМИНИ (ВАЖИ САМО НА РЕДОВНИТЕ ЦЕНИ)
Термин 1/3 студио 1/4 студио
23.05.2027 250 € 300 €
30.05.2027 300 € 350 €
06.06.2027 340 € 390 €
13.06.2027 440 € 490 €
20.06.2027 540 € 590 €
27.06.2027 640 € 690 €
04.07.2027 670 € 730 €
11.07.2027 780 € 830 €
18.07.2027 1000 € 1050 €
25.07.2027 1000 € 1050 €
01.08.2027 1000 € 1050 €
08.08.2027 1000 € 1050 €
15.08.2027 1000 € 1050 €
22.08.2027 1000 € 1050 €
29.08.2027 840 € 890 €
05.09.2027 640 € 690 €
12.09.2027 440 € 490 €
19.09.2027 250 € 300 €
26.09.2027 200 € 250 €

Цените се за наем на цела сместувачка единица за 7 ноќевања, без превоз.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Наем на сместувачката единица за 7 ноќевања;
  • Користење на клима уредот;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Туристичка такса 20 € по студио/апартман за 7 ноќевања – се плаќа во агенција;
  • Патничко осигурување (задолжително);
  • Превоз (по желба): за возрасен 60 € повратно / 50 € во еден правец; деца до 12 години 45 € / 35 € во еден правец; деца до 2 години (без седиште) – бесплатно;
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО

Студио бр. 1 – голем брачен кревет и софа што не се расклопува. Во ова студио може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 10 години или 3 возрасни лица.

Студио бр. 2, бр. 3 и бр. 4 – голем брачен кревет и двојна софа на расклопување. Во секое од овие студија може да се сместат максимум 4 возрасни лица.

НАПОМЕНИ
  • Цените во табелата се за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62,00 денари).
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени што се разликуваат од оние што се веќе објавени во ценовникот. Лицата што го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
  • Попустите НЕ може да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попустот за рано букирање и попустот за две смени НЕ може да се комбинираат.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети и капацитетот на сместувачката единица.
  • Бројот на лица што се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот, кој го издава организаторот на патувањето.
  • Преземањето на собите е по 14 часот – локално време, а напуштањето е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • При промена или отказ на резервацијата се наплатуваат 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови за патување.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ може да се откаже аранжманот или да се промени терминот на резервацијата.
ПРЕВОЗ
  • Превозот не е вклучен во цената и може да се доплати – цените се наведени во „Цената не вклучува“.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
  • Патникот е должен минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

ID 010

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ