Tour overview

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот, во кој живеат повеќе од 3000 жители, има долга песочна плажа, која има „Сино знаме“ за чистота, и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулијани.

Вила „Armenos Elegance Apartments“ се наоѓа во мирен дел на Јерисос, на 80 метри од градската плажа. Вилата располага со четирикреветен мезонет апартман, петкреветен мезонет апартман и шесткреветен апартман. Собите се модерно опремени со нов мебел и во секоја од нив има комплетно опремена кујна, клима (вклучена во цената), Wi-Fi, сопствено купатило опремено со средства за лична хигиена, пешкири, фен и тераса. Паркинг има на 20 метри од вилата.

Координати на вилата „Armenos Elegance Apartments“.

10% ПОПУСТ НА ВТОРИОТ ТЕРМИН ПРИ УПЛАТА НА ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ТЕРМИНИ (ВАЖИ САМО НА РЕДОВНИТЕ ЦЕНИ)
Термин 1/4 мезонет 1/5 мезонет 1/6 апартман
30.05.2027 250 € 350 € 400 €
06.06.2027 390 € 450 € 500 €
13.06.2027 490 € 550 € 590 €
20.06.2027 690 € 750 € 790 €
27.06.2027 790 € 850 € 890 €
04.07.2027 850 € 990 € 1090 €
11.07.2027 950 € 1090 € 1290 €
18.07.2027 1090 € 1290 € 1390 €
25.07.2027 1090 € 1290 € 1390 €
01.08.2027 1090 € 1290 € 1390 €
08.08.2027 1090 € 1290 € 1390 €
15.08.2027 1090 € 1290 € 1390 €
22.08.2027 1090 € 1290 € 1390 €
29.08.2027 990 € 1090 € 1290 €
05.09.2027 790 € 890 € 990 €
12.09.2027 490 € 590 € 690 €
19.09.2027 250 € 350 € 400 €

Цените се за наем на цела сместувачка единица за 7 ноќевања, без превоз.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Наем на сместувачката единица за 7 ноќевања;
  • Користење на клима уредот;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Туристичка такса 20 € по студио/апартман за 7 ноќевања – се плаќа во агенција;
  • Патничко осигурување (задолжително);
  • Превоз (по желба): за возрасен 60 € повратно / 50 € во еден правец; деца до 12 години 45 € / 35 € во еден правец; деца до 2 години (без седиште) – бесплатно;
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО

1/4 мезонет – број 2 – се наоѓа на втор кат, со страничен поглед на море (дневна со црвена боја и спална со тиркизна боја на сликите). Дневен престој со аголна гарнитура на расклопување, трпезарија, кујна, тоалет и балкон. Скалите водат до спална со два големи единечни споени кревети. Во овој мезонет може да се сместат максимум 2 возрасни и 2 деца до 12 години или 3 возрасни лица.

1/5 мезонет апартман – број 1 – се наоѓа на втор кат, со директен поглед на море (дневна со црвена боја и спална со тиркизна боја на сликите). Дневен престој со аголна гарнитура на расклопување, трпезарија, кујна, тоалет, балкон и посебна просторија со брачен кревет. Скалите водат до спална со два големи единечни споени кревети. Во овој мезонет може да се сместат максимум 5 возрасни лица и 1 дете до 12 години.

1/6 апартман – број 3 – се наоѓа на прв кат, со страничен поглед на улица (дневна со сина и тиркизна боја и спална со зелена боја на сликите). Дневен престој со кујна и трпезарија, во која има софа на расклопување за 2 возрасни лица и 2 кревети на кат. Апартманот располага со уште една посебна соба со брачен кревет. Во овој апартман може да се сместат максимум 6 лица (возрасни/деца).

НАПОМЕНИ
  • Цените во табелата се за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62,00 денари).
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени што се разликуваат од оние што се веќе објавени во ценовникот. Лицата што го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
  • Попустите НЕ може да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попустот за рано букирање и попустот за две смени НЕ може да се комбинираат.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети и капацитетот на сместувачката единица.
  • Бројот на лица што се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот, кој го издава организаторот на патувањето.
  • Преземањето на собите е по 14 часот – локално време, а напуштањето е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • При промена или отказ на резервацијата се наплатуваат 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови за патување.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ може да се откаже аранжманот или да се промени терминот на резервацијата.
ПРЕВОЗ
  • Превозот не е вклучен во цената и може да се доплати – цените се наведени во „Цената не вклучува“.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
  • Патникот е должен минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

ID 010

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ