Tour overview

Полихроно се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98 км југоисточно од Солун. Опкружено е со бујна медитеранска вегетација и има долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца. Уживајте заедно со целото семејство на убавото осветлено шеталиште покрај морето, кое има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, пици и друга брза храна.

Вила „Христос“ се наоѓа на 250 метри од плажа, во мирно опкружување. Вилата располага со трикреветни апартмани и четирикреветни дуплекс апартмани, сите со балкон, опремена кујна, бања, ТВ, Wi-Fi и клима (користењето се доплаќа).

Координати на вилата „Христос“.

BLACK FRIDAY – 25% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 27.11.2026, СО 50% АВАНС И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА ДО 05.03.2027 (ЗА СИТЕ ТЕРМИНИ)
10% ПОПУСТ НА ВТОРИОТ ТЕРМИН ПРИ УПЛАТА НА ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ТЕРМИНИ (ВАЖИ САМО НА РЕДОВНИТЕ ЦЕНИ)
Термин 1/3 апартман 1/4 дуплекс
23.05.2027* 109 € 149 €
30.05.2027* 129 € 169 €
06.06.2027* 149 € 189 €
13.06.2027* 189 € 229 €
20.06.2027* 239 € 279 €
27.06.2027 470 € 620 €
04.07.2027 490 € 670 €
11.07.2027 570 € 720 €
18.07.2027 570 € 790 €
25.07.2027 570 € 790 €
01.08.2027 570 € 790 €
08.08.2027 570 € 790 €
15.08.2027 570 € 790 €
22.08.2027 530 € 720 €
29.08.2027* 239 € 279 €
05.09.2027* 189 € 229 €
12.09.2027* 149 € 189 €
19.09.2027* 129 € 169 €

Цените во табелата се редовни, без Black Friday попустот од 25%.

Цените означени со ѕвездичка (*) се по лице, со вклучен автобуски превоз. Другите цени се за наем на цел апартман или дуплекс за 7 ноќевања, без превоз.

Во термините со ѕвездичка (*) плаќаат најмалку две лица по цената од табелата, а трето и четврто лице плаќаат само превоз, доколку го користат. На цените по лице (*), со сопствен превоз цената не се намалува.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Наем на апартман или дуплекс за 7 ноќевања;
  • Автобуски превоз – само за термините означени со ѕвездичка (*);
  • Wi-Fi интернет;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Туристичка такса 2 € на ден по апартман – се плаќа во објектот;
  • Патничко осигурување (задолжително);
  • Користење на клима уредот – се доплаќа;
  • Превоз за термините за наем: за возрасен 60 € повратно / 50 € во еден правец; деца до 12 години 45 € / 35 € во еден правец; деца до 2 години (без седиште) – бесплатно;
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО

Апартман бр. 1 и бр. 4 – дуплекс апартман со 3 соби: две спални соби со по два единечни кревети и дневен престој со единечен кревет, кујна, трпезарија и 2 балкони; бр. 1 е на 1. кат, а бр. 4 на 2. кат.

Апартман бр. 2 и бр. 5 – апартман со две соби, кујна и спална со брачен и единечен кревет, на 1. кат.

Апартман бр. 3 и бр. 6 – апартман со две соби, кујна и спална со 3 единечни кревети, на 1. кат.

Апартман бр. 7 и бр. 9 – апартман со две соби, кујна и спална со брачен и единечен кревет, на 2. кат.

Апартман бр. 8 – апартман со две соби, кујна и спална со 3 единечни кревети, на 2. кат.

НАПОМЕНИ
  • Цените во табелата се однесуваат на пакет аранжман (*) и на наем на апартман за 7 ноќевања.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62,00 денари).
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени што се разликуваат од оние што се веќе објавени во ценовникот. Лицата што го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
  • Попустите НЕ може да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попустот за рано букирање и попустот за две смени НЕ може да се комбинираат.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Black Friday попустот од 25% важи за резервации направени до 27.11.2026, со аванс од 50% при резервација и целосна доплата до 05.03.2027, за сите термини. Попустот не се комбинира со другите попусти.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, на дополнително барање, може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица што се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот, кој го издава организаторот на патувањето.
  • Преземањето на собите е по 14 часот – локално време, а напуштањето е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • При промена или отказ на резервацијата се наплатуваат 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови за патување.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ може да се откаже аранжманот или да се промени терминот на резервацијата.
ПРЕВОЗ
  • Термините во табелата се денови на поаѓање. Состанокот на групата е половина час пред наведеното време.
  • Скопје, ул. Македонија – хотел „Бристол“, во 04:00 часот;
  • Велес, бензинска станица кај мотел „Македонија“, во 04:30 часот;
  • Неготино, бензинска станица „Макпетрол“, во 05:00 часот;
  • Гевгелија, бензинска станица кај граничниот премин, во 06:00 часот.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
  • Патникот е должен минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

ID 010

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ