Tour overview
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулијани.
Вила „Алитеа“ се наоѓа во Јерисос лоцирана на самата плажа. Вилата располага со нов четирикреветен модерно опремен апартман на втор кат. Дневен престој со аголна гарнитура која не се пушта, трпезарија, комплетно опремена кујна со најнов инвентар и кујнски апарати. Посебна просторија со брачен кревет и еден единечен кревет. Две клими и wifi (вклучени во цена), тоалет опремен со сите средства за лична хигиена, голем балкон со директен поглед на море и паркинг. Чистење на апартманот, менување на постелнина и пешкири е секоја среда. Максимум може да се сместат 4 лица.
| Термин | Ноќевања | 1/4 апп |
| 24.05 | 7 ноќи | 370 € |
| 31.05 | 7 ноќи | 400 € |
| 07.06 | 7 ноќи | 470 € |
| 14.06 | 7 ноќи | 550 € |
| 21.06 | 7 ноќи | 650 € |
| 28.06 | 7 ноќи | 750 € |
| 05.07 | 7 ноќи | 900 € |
| 12.07 | 7 ноќи | 1000 € |
| 19.07 | 7 ноќи | 1140 € |
| 26.07 | 7 ноќи | 1140 € |
| 02.08 | 7 ноќи | 1140 € |
| 09.08 | 7 ноќи | 1140 € |
| 16.08 | 7 ноќи | 1140 € |
| 23.08 | 7 ноќи | 1000 € |
| 30.08 | 7 ноќи | 780 € |
| 06.09 | 7 ноќи | 680 € |
| 13.09 | 7 ноќи | 550 € |
| 20.09 | 7 ноќи | 460 € |
| НАПОМЕНИ |
- СОПСТВЕН ПРЕВОЗ
- ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
- Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени што се разликуваат од оние штосе веќе објавени во ценовникот. Лицата што го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
- Бројот на лица што се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот, кој го издава организаторот на патувањето.
- Преземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на собите е до 09:00 часот.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
ID 010
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |

