Tour overview

Вила „Мерсимис“ се наоѓа на само 3 км пред влезот во Неос Мармарас – Ситонија, во непосредна близина на кампот „Castello“, на 150 метри од плажа и на 2 км од плажата „Lagomandra“. Вилата располага со шест апартмани на приземје, прв и втор кат, кои имаат големи тераси со поглед кон дворот или улицата.

Координати на вилата „Мерсимис“.

BLACK FRIDAY – 20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 27.11.2026, СО 50% АВАНС И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА ДО 05.03.2027 (ЗА СИТЕ ТЕРМИНИ)
10% ПОПУСТ НА ВТОРИОТ ТЕРМИН ПРИ УПЛАТА НА ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ТЕРМИНИ (ВАЖИ САМО НА РЕДОВНИТЕ ЦЕНИ)
Термин 1/4 апартман 1/5 апартман
23.05.2027* 109 € 139 €
30.05.2027* 129 € 159 €
06.06.2027* 149 € 179 €
13.06.2027* 189 € 209 €
20.06.2027* 239 € 269 €
27.06.2027 660 € 710 €
04.07.2027 740 € 790 €
11.07.2027 820 € 860 €
18.07.2027 840 € 890 €
25.07.2027 840 € 890 €
01.08.2027 840 € 890 €
08.08.2027 840 € 890 €
15.08.2027 820 € 860 €
22.08.2027 740 € 790 €
29.08.2027* 239 € 269 €
05.09.2027* 169 € 199 €
12.09.2027* 149 € 179 €
19.09.2027* 129 € 159 €

Цените во табелата се редовни, без Black Friday попустот од 20%.

Цените означени со ѕвездичка (*) се по лице, со вклучен автобуски превоз. Другите цени се за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, без превоз.

Во термините со ѕвездичка (*) плаќаат најмалку две лица по цената од табелата, а трето и четврто лице плаќаат само превоз, доколку го користат. На цените по лице (*), со сопствен превоз цената не се намалува.

1/4 апартман = апартманите 1/3+1 (бр. 1, бр. 3 и бр. 5); 1/5 апартман = апартманите 1/4+1 (бр. 2, бр. 4 и бр. 6).

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Наем на студио или апартман за 7 ноќевања;
  • Автобуски превоз – само за термините означени со ѕвездичка (*);
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Туристичка такса 2 € на ден по студио/апартман – се плаќа во агенција;
  • Патничко осигурување (задолжително);
  • Превоз за термините за наем: за возрасен 60 € повратно / 50 € во еден правец; деца до 12 години 45 € / 35 € во еден правец; деца до 2 години (без седиште) – бесплатно;
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО

Апартман бр. 1 (1/3+1, приземје) – четирикреветен апартман. Во првата соба има брачен кревет и од неа се излегува на пространа тераса со поглед кон дворот на вилата, опремена со маса и столчиња. Во втората просторија има кауч, на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години, комплетно опремена кујна, купатило и клима.

Апартман бр. 2 (1/4+1, приземје) – четирикреветен апартман. Во првата просторија има кауч, на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години, како и помошен кревет за едно лице, комплетно опремена кујна и клима. Во втората соба има брачен кревет, тераса, купатило и клима.

Апартман бр. 3 (1/3+1, прв кат) – четирикреветен апартман. Во првата соба има брачен кревет и од неа се излегува на пространа тераса со поглед кон дворот на вилата, опремена со маса и столчиња. Во втората просторија има кауч, на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години, комплетно опремена кујна, купатило и клима.

Апартман бр. 4 (1/4+1, прв кат) – четирикреветен апартман. Во првата просторија има кауч, на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години, како и помошен кревет за едно лице, комплетно опремена кујна и клима. Во втората соба има брачен кревет, тераса, купатило и клима.

Апартман бр. 5 (1/3+1, втор кат) – четирикреветен апартман. Во првата соба има брачен кревет и од неа се излегува на пространа тераса со поглед кон дворот на вилата, опремена со маса и столчиња. Во втората просторија има кауч, на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години, комплетно опремена кујна, купатило и клима.

Апартман бр. 6 (1/4+1, втор кат) – четирикреветен апартман. Во првата просторија има кауч, на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години, како и помошен кревет за едно лице, комплетно опремена кујна и клима. Во втората соба има брачен кревет, тераса, купатило и клима.

НАПОМЕНИ
  • Цените во табелата се однесуваат на пакет аранжман (*) и на наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62,00 денари).
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени што се разликуваат од оние што се веќе објавени во ценовникот. Лицата што го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
  • Попустите НЕ може да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попустот за рано букирање и попустот за две смени НЕ може да се комбинираат.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Black Friday попустот од 20% важи за резервации направени до 27.11.2026, со аванс од 50% при резервација и целосна доплата до 05.03.2027, за сите термини. Попустот не се комбинира со другите попусти.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, на дополнително барање, може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица што се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот, кој го издава организаторот на патувањето.
  • Преземањето на собите е по 14 часот – локално време, а напуштањето е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • При промена или отказ на резервацијата се наплатуваат 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови за патување.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ може да се откаже аранжманот или да се промени терминот на резервацијата.
ПРЕВОЗ
  • Термините во табелата се денови на поаѓање. Состанокот на групата е половина час пред наведеното време.
  • Скопје, ул. Македонија – хотел „Бристол“, во 04:00 часот;
  • Велес, бензинска станица кај мотел „Македонија“, во 04:30 часот;
  • Неготино, бензинска станица „Макпетрол“, во 05:00 часот;
  • Гевгелија, бензинска станица кај граничниот премин, во 06:00 часот.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
  • Патникот е должен минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

ID 010

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ