Tour overview
Неа Флогита е мало и живописно семејно летувалиште на западниот брег на Касандра, првиот крак на Халкидики, на околу 50 км од Солун. Има долга песочна плажа (околу 1,5 км) со постепен влез во морето, која е одлична за семејства со деца. Покрај морето има шеталиште со поглед кон Олимп, а во местото има кафулиња, таверни, маркети, пекари и пазар.
Дуплекс апартманот „МИА 1“ се наоѓа на 20 метри од песочната плажа на Неа Флогита. Апартманот се наоѓа на првиот кат и во својот состав има 2 спални соби, посебна дневна соба, посебна кујна, заедничко купатило, ходник и 2 балкони. Во спалните соби има по еден брачен и еден единечен кревет и по еден плакар. Во дневната соба има голема трпезариска маса со столици, гарнитура за седење, телевизор и клима уред, кој е бесплатен. Кујната е опремена со основен прибор за приготвување на храна, плотна со рерна и голем фрижидер со комора за замрзнување. Од едната спална соба се излегува на помал балкон (со поглед кон дворот), а од дневната соба и од кујната се излегува на другиот балкон, кој има страничен поглед кон морето. Клима уредот и wi-fi се вклучени во цената. Агенцијата не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Координати на Апартманот;
| Термин |
Ноќевање |
1/6 Дуплекс апартман |
| 16.05.2027 |
7 |
495 € |
| 23.05.2027 |
7 |
535 € |
| 30.05.2027 |
7 |
565 € |
| 06.06.2027 |
7 |
665 € |
| 13.06.2027 |
7 |
715 € |
| 20.06.2027 |
7 |
785 € |
| 27.06.2027 |
7 |
855 € |
| 04.07.2027 |
7 |
935 € |
| 11.07.2027 |
7 |
935 € |
| 18.07.2027 |
7 |
935 € |
| 25.07.2027 |
7 |
935 € |
| 01.08.2027 |
7 |
935 € |
| 08.08.2027 |
7 |
935 € |
| 15.08.2027 |
7 |
935 € |
| 22.08.2027 |
7 |
935 € |
| 29.08.2027 |
7 |
855 € |
| 05.09.2027 |
7 |
785 € |
| 12.09.2027 |
7 |
715 € |
| 19.09.2027 |
7 |
625 € |
ЦЕНИ ЗА НАЕМ НА ЦЕЛ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, БЕЗ ПРЕВОЗ
КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ И WI-FI СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА
СМЕСТУВАЊЕ ПОСЛЕ 14:00, А НАПУШТАЊЕ ДО 09:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ)
НАЈМНОГУ 6 ЛИЦА, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ СЕ ВОЗРАСНИ ИЛИ ДЕЦА
Сместувачки капацитети:
1/6 Дуплекс апартман – 2 спални соби (во секоја по еден брачен и еден единечен кревет), посебна дневна соба, посебна кујна, купатило, ходник и 2 балкони.
- 7 ноќевања во дуплекс апартманот „МИА 1“;
- Користење на клима уредот и wi-fi;
- Превоз (со доплата – види ПРЕВОЗ);
- Меѓународно патничко здравствено осигурување;
- Туристичка такса – се плаќа во објектот;
- Оброци;
- Факултативни излети и влезници;
- Индивидуални и останати трошоци на патникот;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– Цената е за наем на цел апартман за 7 ноќевања. Датумот во ценовникот е денот на пристигнување;
– Туристичката такса се плаќа во објектот;
– Клима уредот е бесплатен ако се користи само кога гостите се во апартманот. Во спротивно, сопственикот има право да наплати 5 € од ден или да ја скрати таа услуга;
– Во апартманот е дозволено сместување на најмногу 6 лица, без разлика дали се возрасни или деца;
– Фотографиите се само дел од понудата и служат за општ впечаток за објектот;
– За хигиената во текот на престојот се грижат самите гости;
– Сопственикот на објектот го задржува правото евентуално причинетата штета да ја наплати од гостите што се сместени во моментот;
– Агенцијата го задржува правото дел од слободните (непродадени) капацитети да ги објави на Last Minute понуда. Претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат општите услови за патување на Т.А. „Балкан експрес травел“, кои се наоѓаат на задната страна од договорот за резервација;
– При промена на патници во резервацијата (по барање на патниците) се наплаќаат 15 € за манипулативни трошоци;
– За важечка резервација се смета само уплата од 50% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
- 55 € за возрасни – повратна карта;
- 45 € за возрасни – карта во еден правец;
- 45 € за деца до 12 години – повратна карта;
- Деца до 2 години бесплатно – не користат седиште;
- Агенцијата може опционално да организира превоз до место што е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот (минибусот);
- Секој патник има право на 1 парче багаж.
ID067
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |