Tour overview
Вилата „Sandy“ се наоѓа во централиниот дел на Неа Флогита на околу 180 метри од плажата. Поседува двокреветни, трокреветни и четирикреветни апартмани, на приземје-сутерен, први и втори спрат. Сите апартмани се исклучително удобни со комплетно опремена кујна, ТВ, купатило и клима која е вклучена во цената. Постелнината се менува на половина смена. За време на престојот, гостите сами ја одржуваат хигиената. Апартманите не поседуваат крпи. Интернет: Wi-Fi пристап бесплатен. Агенцијата не може да гарантира брзина на интернет и не е одговорна во случај на слаб сигнал или прекин на интернет поради технички проблеми. Апп бр. 2 и 4 ( дуплекс со две спални, едната со брачен кревет, а другата со 2 единечни и одвоена кујна). Апп бр. 3 ( 1/2+3 апартман со кујна во која има брачен и посебна соба со 3 единечни кревети).
Координати на Вилата „Sandy“
|
-20% ПОПУСТ ЗА 50% УПЛАТА ДО 31.12.2025 И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА ДО 01 АПРИЛ 2026 |
| ТЕРМИН | НОЌЕВАЊА |
1/4 Дуплекс |
1/2+3 Апартман |
| 17.05.2026 | 7 | 199 | 199 |
| 24.05.2026 | 7 | 249 | 249 |
| 31.05.2026 | 7 | 319 | 339 |
| 07.06.2026 | 7 | 389 | 409 |
| 14.06.2026 | 7 | 509 | 529 |
| 21.06.2026 | 7 | 519 | 539 |
| 28.06.2026 | 7 | 519 | 539 |
| 05.07.2026 | 7 | 569 | 599 |
| 12.07.2026 | 7 | 579 | 609 |
| 19.07.2026 | 7 | 619 | 655 |
| 26.07.2026 | 7 | 619 | 655 |
| 02.08.2026 | 7 | 659 | 699 |
| 09.08.2026 | 7 | 659 | 699 |
| 16.08.2026 | 7 | 619 | 655 |
| 23.08.2026 | 7 | 569 | 599 |
| 30.08.2026 | 7 | 479 | 499 |
| 06.09.2026 | 7 | 319 | 339 |
| 13.09.2026 | 7 | 249 | 249 |
| 20.09.2026 | 7 | 199 | 199 |
Цените во табелата се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
Цените се дадени за наем на соба без превоз за 7 ноќи/8 дена.
| ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: |
Сместување во апартман за 7 ноќи.
| ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО: |
- Превоз до избраниот објект во Грција;
- Задолжително патничко осигурување;
- Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци;
- Туристичка такса.
| НАПОМЕНИ |
- Доплата за туристичка такса;
- Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет;
- Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни;
- Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
- Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
- Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена;
- Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студија, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување;
- Кујните во сите студија се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења;
- Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори;
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот;
- Превоз од Скопје/ Велес/ Неготино/ Смоквице/ Гевгелија;
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување;
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.;
- Попустите за ран букинг НЕ се комбинираат со други попусти.
ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПОНУДА ПО РЕДОВНА ЦЕНА, 30% ОД ВРЕДНОСТА НА АРАНЖМАНОТ СЕ УПЛАТУВА ВО МОМЕНТОТ НА РЕЗЕРВАЦИЈА, А ОСТАТОКОТ 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ.
ПАТНИКОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ МОЖЕ ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД АРАНЖАМОТ. ТОА СЕ ПРАВИ ВО ПИСМЕНА ФОРМА И СОГЛАСНО СКАЛАТА КОЈА Е ОБЈАВЕНА ВО ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
Во случај на отказ на аранжман, кој е со попуст за рана уплата 50% од сумата е неповратна, а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата објавена во општите услови за патување.

