Tour overview

Најсеверниот остров на грчкиот архипелаг. На оддалеченост од 400 км и 30 минути возење со траект се пристигнува на островот Тасос. Зелен остров комбинација на море и планина со чисти песочни плажи и тиркизна сина боја на морето. Изобилува со борова шума и мирис на медовина, природни сенки и планински возвишенија. Ипсарион со 1204 м надморска височина е планината што гордо стои извишена над плажата Скала Потамија и Голден бич. Во должина од 3 км се простира плажата на Скала Потамија и Голден Бич споени во една плажа, означени со плаво знаменце за чистота и квалитет. Кога сонцето ќе го достигне зенитот на својот отсјај, плажата асоцира на злато.

Вила „Nama“ лоцирана во Скала Потамија на оддалеченост околу 50-тина метри од плажата Голден Бич. Извонредна местоположба на вилата која излегува на една од најубавите плажи на островот. На само неколку метри од вилата има супермаркети, ресторани, таверни.

Координати на Вилата;

Цените во табелата се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќевања без превоз.

Термин 1/2+1/2 Апартман
28.05.2027 149 €
04.06.2027 219 €
11.06.2027 399 €
18.06.2027 459 €
25.06.2027 579 €
02.07.2027 599 €
09.07.2027 639 €
16.07.2027 699 €
23.07.2027 699 €
30.07.2027 699 €
06.08.2027 699 €
13.08.2027 699 €
20.08.2027 639 €
27.08.2027 499 €
03.09.2027 399 €
10.09.2027 299 €
17.09.2027 199 €
ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА: ПАРКИНГ, КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI Е БЕСПЛАТНО
АПАРТМАНИТЕ: Имаат крпи; Имаат тоалетна хартија и сапун; ЧИСТЕЊЕ 2 ПАТИ ЗА ПРЕСТОЈ ОД 7 ДЕНА
Во студио/апартман дозволено е сместување согласно предвидениот капацитет; преку дозволениот број, со претходно одобрување и доплата од 10 € од ноќ, може да се смести максимум уште едно дете (6 години) во кревет со родител.

Сместувачки капацитети:
АПАРТМАН БР. 1 (1/2)+(1/2) – Апартманот се наоѓа на прв кат и располага со две простории. Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, мал фрижидер, шпорет со две рингли, аспиратор, микробранова печка, чајник и има кревет на извлекување наменет за спиење на 2 лица. Овде има плакар за алишта и клима уред. Од оваа просторија се излегува на тераса со поглед во двор полн со зеленило. Втората просторија е спалната соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, ТВ и сеф за лични работи. Апартманот располага со стандардно купатило и WC со фен за коса.
АПАРТМАН БР. 2 (1/2)+(1/2) – Апартманот се наоѓа на први кат и располага со две простории. Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, мал фрижидер, шпорет со две рингли, аспиратор, микробранова печка, чајник и има кревет на извлекување наменет за спиење на 2 лица. Овде има плакар за алишта и клима уред. Од кујната се излегува на тераса со поглед во убав двор полн со зеленило. Втората просторија е спалната соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, ТВ и сеф за лични работи. И од спалната соба се излегува на тераса со поглед во убав двор со зеленило. Апартманот располага со стандардно купатило и WC со фен за коса.
АПАРТМАН БР. 3 (1/2)+(1/2) – Апартманот се наоѓа на први кат и располага со две простории. Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, мал фрижидер, шпорет со две рингли, аспиратор, микробранова печка, чајник и има кревет на извлекување наменет за спиење на 2 лица. Овде има плакар за алишта и клима уред. Втората просторија е спалната соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, ТВ и сеф за лични работи. Од спалната се излегува на тераса со поглед во двор полн со зеленило и поглед кон море во далечина. Апартманот располага со стандардно купатило и WC со фен за коса.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Наем на апартман за 7 ноќевања;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз;
  • Туристичка такса – 2 € од ноќ (се плаќа во агенција);
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2 € од ноќ за студијата (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).

ПРЕВОЗ
  • 75 € за возрасни – повратна карта;
  • 60 € за деца до 12 години – повратна карта;
  • 60 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • Деца до 2 години бесплатно – не користат седиште;
  • Доплата за трансфер: БИТОЛА ДО НЕГОТИНО 30 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА; ПРИЛЕП ДО НЕГОТИНО 25 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА
  • Доплата за бродска карта: 20 € за возрасни – повратна карта;
  • Доплата за бродска карта: 15 € за дете од 2 до 12 години – повратна карта;
МЕСТО И ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ

Деновите дадени во табелата се денови на поаѓање од:

Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 00:15 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 01:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија бенз. Мак. Оил 01:45 часот наутро
Кочани Основен Суд 00:15 часот наутро
Штип Нова Пошта 01:00 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 02:15 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 03:00 часот наутро
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 00:45 часот наутро
Битола Спортска сала 00:00 часот наутро

ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР 25 € ПО ЛИЦЕ ОД ПРИЛЕП И 30 € ПО ЛИЦЕ ОД БИТОЛА

ID031

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ