Tour overview
Неа Врасна се наоѓа во Стримонскиот залив, карактеристична е по долгата песочна плажа, убавото море, многубројните таверни, ресторани и забавни паркови за најмалите. Мирниот одмор и долгите прошетки до Асправалта или Ставрос се главна карактеристика на ова место за луѓе што ја сакаат прошетката со долги разговори. На оддалеченост од 60 км од Солун, Неа Врасна е дестинација за фамилијарен опуштен одмор, каде што на само неколку стотици метри имате Lidl и Masoutis.
Вилата „Филоксенија“ е нова и солидно опремена вила, на оддалеченост од само 200 метри од море. Располага со двокреветни, трокреветни, четирикреветни и петкреветни студија и апартмани. Сите соби се убаво опремени со нови кујни, купатило со WC, ТВ, клима уред и многу големи тераси. Во дворот има скара која е достапна за туристите. Вилата има паркинг за 2 возила и функционира на принципот прво слободно место.
Координати на Вилата;
ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (14.05; 21.05; 28.05; 04.06; 27.08; 03.09; 10.09 и 17.09.2027) ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ. ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ.
Цените за пакет аранжманите (означени со *) се со веќе вкалкулиран попуст.
| Термин | 1/2 Студио | 1/3+1 Студио | 1/5 Апартман |
| 14.05.2027* | 67 € | 67 € | 67 € |
| 21.05.2027* | 69 € | 69 € | 79 € |
| 28.05.2027* | 99 € | 109 € | 129 € |
| 04.06.2027* | 129 € | 139 € | 159 € |
| 11.06.2027 | 289 € | 309 € | 369 € |
| 18.06.2027 | 339 € | 369 € | 419 € |
| 25.06.2027 | 359 € | 389 € | 429 € |
| 02.07.2027 | 369 € | 389 € | 449 € |
| 09.07.2027 | 389 € | 419 € | 499 € |
| 16.07.2027 | 389 € | 419 € | 499 € |
| 23.07.2027 | 389 € | 419 € | 499 € |
| 30.07.2027 | 389 € | 419 € | 499 € |
| 06.08.2027 | 389 € | 419 € | 499 € |
| 13.08.2027 | 379 € | 399 € | 439 € |
| 20.08.2027 | 349 € | 369 € | 399 € |
| 27.08.2027* | 169 € | 189 € | 209 € |
| 03.09.2027* | 139 € | 159 € | 169 € |
| 10.09.2027* | 129 € | 139 € | 149 € |
| 17.09.2027* | 109 € | 119 € | 129 € |
Плаќаат минимум 2 лица, трето, четврто и петто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 60 € за возрасен или 40 € за дете од 2 до 12 години.
Сите патници, вклучувајќи ги децата и бебињата, се бројат во максималниот капацитет на собата. Децата може да користат кревет за возрасни во рамките на тој капацитет.
| ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ |
КОРИСТЕЊЕ НА: КЛИМА УРЕД СЕ ДОПЛАЌА 6 € ОД НОЌ ЗА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН
КОРИСТЕЊЕТО НА: ПАРКИНГ (2 МЕСТА) (на принцип прво слободно место), WI-FI Е БЕСПЛАТНО
СТУДИЈАТА И АПАРТМАНИТЕ: НЕМААТ КРПИ, САПУН; ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА
Сместувачки капацитети:
Приземје:
Студио бр. Алфа 1/3+1 (4 лица) – Располага со еден дупол кревет (француски) и еден поединечен кревет на спуштање, кујна опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, аспиратор, плакар за алишта. Во собата има ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и WC. Студиото излегува на сопствено дворче со маса и столици.
Студио бр. 1 1/3+1 (4 лица) – Располага со три поединечни кревети, има простор за дополнителен кревет на расклопување (комотно е). Во склоп на собата има кујна опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, аспиратор, плакар за алишта. Во собата има ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и WC. Студиото излегува на сопствено дворче со маса и столици.
Апартман бр. 2 1/3+1/2 (5 лица) – Располага во кујната со еден поединечен и еден дупол кревет. Во склоп на собата има кујна опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, аспиратор, плакар за алишта, ТВ и клима уред. Во спалната соба има еден дупол кревет. Од двете соби се излегува на сопствено дворче со маса и столици. Има сопствено купатило и WC.
Прв кат:
Студио бр. 3 1/2 (2 лица) – Располага со еден дупол кревет. Во склоп на собата има кујна опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, аспиратор, плакар за алишта. Во собата има ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и WC. Студиото излегува на тераса со маса и столици.
Студио бр. 4 1/2 (2 лица) – Располага со два поединечни кревети. Во склоп на собата има кујна опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, аспиратор, плакар за алишта. Во собата има ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и WC. Студиото излегува на многу голема тераса 35 м2 со маса и столици.
Апартман бр. 5 1/3+1/2 (5 лица) – Апартманот располага со една спална, посебна кујна, купатило со WC и многу голема тераса 40 м2 со маса и столици. Во спалната соба има еден дупол кревет и мало креветче за дете до 4 год. Од спалната се излегува на тераса. Во спалната е клима уредот, ТВ и плакар за алишта. Во кујната има два поединечни кревети. Таа е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, аспиратор. И од кујната се излегува на тераса. Има сопствено купатило и WC.
Студио бр. 6 1/2 (2 лица) – Располага со два поединечни кревети. Во склоп на собата има кујна опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, аспиратор, плакар за алишта. Во собата има ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и WC. Студиото излегува на тераса со маса и столици.
Студио бр. 7 1/2 (2 лица) – Располага со еден дупол кревет. Во склоп на собата има кујна опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, аспиратор, плакар за алишта. Во собата има ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и WC. Студиото излегува на тераса со маса и столици.
Студио бр. 8 1/2 (2 лица) – Располага со два поединечни кревети. Во склоп на собата има кујна опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, аспиратор, плакар за алишта. Во собата има ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и WC. Студиото излегува на тераса со маса и столици.
Студио бр. 9 1/2 (2 лица) – Располага со два поединечни кревети. Во склоп на собата има кујна опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, аспиратор, плакар за алишта. Во собата има ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и WC. Студиото излегува на тераса со маса и столици.
Студио бр. 10 1/3 (3 лица) – Располага со спална со три поединечни кревети и посебна кујна. Во спалната има плакар за алишта, ТВ, клима уред и се излегува на тераса. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар во која има фрижидер, решо со две рингли, аспиратор. Има сопствено купатило и WC. Апартманот излегува на тераса со маса и столици.
| ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА |
- Пакет аранжман (термини со *): 7 ноќевања во студио или апартман и автобуски превоз;
- Наем (термини без *): 7 ноќевања во студио или апартман;
| ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА |
- Превоз за термините за наем;
- Користење на клима уред – 6 € од ноќ;
- Туристичка такса – 2 € од ноќ (се плаќа во агенција);
- Индивидуални и останати трошоци на патникот;
| УСЛОВИ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАНИТЕ |
– За пакет аранжманот во СТУДИО или АПАРТМАН потребни се минимум 2 лица;
– Трето, четврто, петто лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, доплаќаат само превоз доколку користат 60 € за возрасен или 40 € за дете до 12 години;
– За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10 € по лице;
– Сите патници, вклучувајќи ги децата и бебињата, се бројат во максималниот капацитет на собата. Децата може да користат кревет за возрасни во рамките на тој капацитет.
| НАПОМЕНИ |
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– Кога има акциски попуст, НЕ важи за смените со ѕвездичка;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Цените за пакет аранжманите се со вкалкулиран попуст;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2 € од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).
| ПРЕВОЗ |
- 60 € за возрасни – повратна карта;
- 40 € за деца до 12 години – повратна карта;
- 40 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
- 20 € (доплата за избор на прв ред седиште);
- 10 € (доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште);
- Деца до 2 години бесплатно – не користат седиште;
- Доплата за трансфер: БИТОЛА ДО НЕГОТИНО 30 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА; ПРИЛЕП ДО НЕГОТИНО 25 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА
| МЕСТО И ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ |
Деновите дадени во табелата се денови на поаѓање од:
| Град | Место на тргнување | Време |
| Куманово | Бензинска пумпа Макпетрол | 03:00 часот наутро |
| Скопје | Спортска сала Борис Трајковски | 04:00 часот наутро |
| Велес | Мотел Македонија бенз. Мак. Оил | 04:30 часот наутро |
| Кочани | Основен Суд | 03:15 часот наутро |
| Штип | Нова Пошта | 04:00 часот наутро |
| Неготино | Бензинска пумпа Макпетрол | 05:00 часот наутро |
| Гевгелија | Бензинска пумпа Окта-Шимов | 06:00 часот наутро |
| Прилеп | Бензинска пумпа Лукоил | 04:00 часот наутро |
| Битола | Спортска сала | 03:15 часот наутро |
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР 25 € ПО ЛИЦЕ ОД ПРИЛЕП И 30 € ПО ЛИЦЕ ОД БИТОЛА
ID031
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |
| ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ: |




