Tour overview

ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос. Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови, игралишта, забавни паркови, таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос. Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите, супермаркети – Лидл, парфимерии и автентични грчки музеи.

Вилата „Такис и Марија“ е убава, стандардно опремена вила и се наоѓа на 100 метри од плажа. Пред влезот на вилата има мало паркче со играчки за најмалите. Секоја соба има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар, купатило и WC, спална соба, тераса, ТВ, клима уред и wi-fi конекција.

Координати на Вилата;

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (14.05; 21.05; 28.05; 04.06; 27.08; 03.09; 10.09 и 17.09.2027) ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ. ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ.

Цените за пакет аранжманите (означени со *) се со веќе вкалкулиран попуст.

Термин Студио 1/3+1 (дете до 6 год.) бр. 3 Апартман 1/2+1/3 бр. 1 и бр. 2
14.05.2027* 69 € 69 €
21.05.2027* 89 € 99 €
28.05.2027* 139 € 149 €
04.06.2027* 159 € 169 €
11.06.2027 419 € 459 €
18.06.2027 439 € 519 €
25.06.2027 489 € 549 €
02.07.2027 509 € 579 €
09.07.2027 549 € 599 €
16.07.2027 559 € 629 €
23.07.2027 589 € 629 €
30.07.2027 589 € 629 €
06.08.2027 589 € 629 €
13.08.2027 559 € 629 €
20.08.2027 509 € 559 €
27.08.2027* 219 € 249 €
03.09.2027* 179 € 189 €
10.09.2027* 159 € 169 €
17.09.2027* 109 € 119 €

Плаќаат минимум 2 лица, трето, четврто, петто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 60 € за возрасен или 40 € за дете до 12 години.

Сите патници, вклучувајќи ги децата и бебињата, се бројат во максималниот капацитет на собата. Децата може да користат кревет за возрасни во рамките на тој капацитет.

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА ПАРКИНГ, КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI Е БЕСПЛАТНО
ВИЛАТА ИМА ПАРКИНГ (ГОЛЕМ) И ГОСТИТЕ ГО КОРИСТАТ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО
АПАРТМАНИТЕ и СТУДИОТО: ИМААТ КРПИ; ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН

Сместувачки капацитети:
I кат
АПАРТМАН БР. 1 (1/2+1/3) – 5 лица – Апартманот располага со една спална, кујна и купатило со WC. Во спалната соба има еден дупли кревет и еден поединечен кревет, плакар за алишта и се излегува на тераса. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо со две рингли, аспиратор, фрижидер и клима уред. Во кујната има два поединечни кревети на спрат на кој можат да спијат двајца возрасни или две деца. Овде има маса со столици и ТВ. Од кујната се излегува на тераса на која има маса со столици со поглед кон двор.
АПАРТМАН БР. 2 (1/2+1/3) – 5 лица – Апартманот располага со една спална, кујна и купатило со WC. Во спалната соба има еден дупли кревет и еден поединечен кревет, плакар за алишта и се излегува на тераса. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо со две рингли, аспиратор, фрижидер и клима уред. Во кујната има два поединечни кревети на спрат на кој можат да спијат двајца возрасни или две деца. Овде има маса со столици и ТВ. Од кујната се излегува на тераса на која има маса со столици со поглед кон двор.
СТУДИО БР. 3 (1/3+1) – 3 лица +1 бебе – Студиото располага со еден дупли кревет и еден поединечен кревет кои се на спрат. Овде има можност да се стави фотелја на спуштање за мало дете до 6 год. Во склоп на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо со 2 рингли, аспиратор, фрижидер и клима уред. Во склоп на истата соба има ТВ, плакар за алишта и мала масичка. Има сопствено купатило и WC. Студиото излегува на тераса со маса и столици.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Пакет аранжман (термини со *): 7 ноќевања во студио или апартман и автобуски превоз;
  • Наем (термини без *): 7 ноќевања во студио или апартман;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз за термините за наем;
  • Туристичка такса – 2 € од ноќ (се плаќа во агенција);
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
УСЛОВИ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАНИТЕ

– За пакет аранжманот во СТУДИО или АПАРТМАН потребни се минимум 2 лица;
– Дете до 2 години не плаќа (бесплатно), не користи седиште во автобус;
– Трето, четврто, петто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 60 € за возрасен или 40 € за дете до 12 години;
– За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10 € по лице;
– Сите патници, вклучувајќи ги децата и бебињата, се бројат во максималниот капацитет на собата. Децата може да користат кревет за возрасни во рамките на тој капацитет.

НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– Кога има акциски попуст, НЕ важи за смените со ѕвездичка;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Цените за пакет аранжманите се со вкалкулиран попуст;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2 € од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).

ПРЕВОЗ
  • 60 € за возрасни – повратна карта;
  • 40 € за деца до 12 години – повратна карта;
  • 40 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • 20 € (доплата за избор на прв ред седиште);
  • 10 € (доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште);
  • Деца до 2 години бесплатно – не користат седиште;
  • Доплата за трансфер: БИТОЛА ДО НЕГОТИНО 30 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА; ПРИЛЕП ДО НЕГОТИНО 25 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА
МЕСТО И ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ

Деновите дадени во табелата се денови на поаѓање од:

Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 03:00 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 04:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија бенз. Мак. Оил 04:30 часот наутро
Кочани Основен Суд 03:15 часот наутро
Штип Нова Пошта 04:00 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 05:00 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 06:00 часот наутро
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 04:00 часот наутро
Битола Спортска сала 03:15 часот наутро

ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР 25 € ПО ЛИЦЕ ОД ПРИЛЕП И 30 € БИТОЛА

ID 031

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:
Download pdf brochure